После Скопје, Крушево е местото кај што буквално имам израснато особено зимно време и сум поминал најубав период од детството. Поради тоа што има роднини таму секогаш го посетувам градот 4-5 пати во годината. Лиснатите ѓевреци кај Ѓоко, топеното сирење кај Скар, локумот, шетањетто до Гумење, терените, до Св. Преображение, чистиот воздух, свежите лета се ова ми е рај за душа. Да не ја заборавам и Панорама. Во Панорама толку Нови години имам прославено, коријата околу Панорама па се до терените е местото каде што секогаш се враќам, кој прошетал по таа патека таму знае како е.
Штета што градот измура и едиснтвено се спомнува само на 2-ри Август и толку. А градот е преубав има многу потенцијал, но ете ќе стане град на пензионери.