Кромберг и Шуберт

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Гледам нема тема за па ај викам да видиме како е овде, колкави се платите условите за работа и слично. Од подолниот текст ми се допадна грижата за семејните вредности и тоа е многу добро. Самото тоа ми кажува дека на некој начин се води грижа за работникот . Но најдобро е ако има некој вработено да ни каже од прва рака што и како е.

Зоната „Жабени“ го размрда пазарот на трудот во Битола

Во наредните неколку дена бројот на вработените во германската фабрика „Кромберг и Шуберт“, која се наоѓа во индустриската зона „Жабени“, ќе достигне 2.000 работници. Според информациите од компанијата за изминатите 8 месеци од крајот на минатата 2013 година, во оваа фабрика се вработени околу 1.200 нови работници.

- Досега во фабриката се вработени вкупно над 1.950 работници и ако се знае дека неделно во фабриката се вработуваат по најмалку триесетина нови работници, постојат реални услови во текот на идната недела да ја достигнеме бројката од вкупно 2.000 работници - велат од „Кромберг и Шуберт“.
Се вработуваат работници од разни профили, но најголемиот број од нив се со средна стручна подготовка. „Кромберг и Шуберт“ секојдневно во Агенцијата за вработување и на огласната табла објавува огласи за нови вработувања, а речиси секој ден се спроведуваат интервјуа со кандидатите за вработување.

Во компанијата не кријат дека во завршна фаза се подготовките за организирање голем музички хепенинг во Градскиот парк, со што и официјално ќе биде означено вработувањето на двеилјадитиот работник.

Школски прибор за децата на вработените

Строго држејќи се до германската прецизност и темелност, во „Кромберг и Шуберт“ ништо не се препушта на случајот, па така и реализацијата на амбициозниот проект за 2.000 вработувања ќе биде одбележан на специфичен германски начин, во природа, со музички хепенинг во кој ќе земат учество дечињата на сите вработени. На тој начин, како и со организирањето на заедничкиот ручек што во изминатите три дена оваа компанија го организира во кантината на фабриката за над 800 деца на вработените, како и доделувањето на школски прибор за сите нив пред почетокот на новата учебна година, „Кромберг и Шуберт“ на најдобар начин покажува дека покрај тоа што се грижи на вработените да им овозможи добри услови за работа, многу води сметка и за семејната традиција и за фамилијарните врски на сите вработени.

Во компанијата се водат од филозофијата дека само среќен работник, кој има хармонизрана семејна врска, може да го даде својот максимум во процесот на производство. Таму се свесни дека работник што има семејни проблеми никогаш не може да се внесе доволно во работата и да го даде својот придонес во производството.

- При прошетката на одредени клучни места во погонот, претставници од раководството на фабриката на конкретни оддели им го објаснуваа процесот на производство, а посетите завршуваа со заедничко дружење и со забава во кантината на фабриката, каде што децата цртаа, се дружеа и меѓусебно подобро се запознаваа - нагласуваат во „Кромберг и Шуберт“, каде што не кријат дека постојаното подобрување на работната атмосфера, зајакнувањето на тимскиот дух и колегијалноста, како и грижата за вработените остануваат врвен приоритет за менаџментот на фабриката.

Ќе се произведуваат кабли за „Ауди“

Инаку, во фабриката моментно се произведуваат кабли за автомобилската индустрија за возилата „мини морис“, „бмв“ и „мерцедес“. Додека порано каблите што се произведуваа во „Кромберг и Шуберт“ одеа на доработка во Романија, сега комплетно е заокружен процесот на производство и сите кабли што се произведуваат се пласираат на странските пазари. Наскоро во „Кромберг и Шуберт“ ќе почне производството на кабли за возилата на „Ауди“, со што уште повеќе ќе се зголеми производството, а тоа ќе придонесе до ново зголемување на бројот на вработените.

Во „Кромберг и Шуберт“ не кријат дека доколку продолжи ваквиот пораст на производство наскоро бројот на вработените ќе достигне до 3.500 работници, по што оваа фабрика ќе биде компанија со најголем број вработени во земјава, многу повеќе отколку што во моментот вработува РЕК „Битола“.
Имено, „Кромберг и Шуберт“ е германска семејна фабрика со над 110-годишна традиција, која моментно вработува над 27.000 работници во 22 држави во светот.

Автор: Менде Младеновски Фотографија: С. Ристевски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=82614192716&id=9&prilog=0&setIzdanie=23260#.VAAfrLUSbHM.facebook
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Аиwлија нека е.
Осетија дека нешто не штима во државава, па почнаа да клечат на коленици по Германија и Кина за инвестиции.
 
Член од
6 мај 2014
Мислења
647
Поени од реакции
1.184
Гледам нема тема за па ај викам да видиме како е овде, колкави се платите условите за работа и слично. Од подолниот текст ми се допадна грижата за семејните вредности и тоа е многу добро. Самото тоа ми кажува дека на некој начин се води грижа за работникот .
:pos::pos:

Тоа се робови кои работат за плати од 150 до 200 евра. Нормално е дека ќе се грижат за нив, не смеат да се расипат. Да имаа вработено роботи наместо робовите, поскапо ќе ги чинеше нивното одржување.

Семејни вредности бе??? :D Од кој Марс си ти паднат?
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Кога има работници со квалификации за роботи, најчесто биваат заменети порано или подоцна, а до тогаш земаат плати колку за одржување на ... ај да погодуваме, роботи? That's right. :D
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Колку се платите на економисти во Кромберг И шуберт.. со факултет..?

Знам дека почнуваат од ниско но до колку стигаат?
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
ТЕРОР ВО КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ : Вработените се шпиунарат за да не говорат за теророт во фабриката ?!?!
До редакцијата на Народен Глас стигна писмо на вработен во фабриката за авто делови ,,Кромберт и Шуберт” која инаку треба да претставува инвестиција во зоната Жабени – Битола. Но пред неколку дена откако пристигна писмо од вработен на ,,Кромберт и Шуберт” кој сака да остане анонимен се говори за терор врз вработените и стравување на фабриката вработените да не говорат за своите стравови и работнички права а со тоа и дополнително да се влоши рејтингот на градоначалникот од Битола Владимир Талески.

Еве за што станува збор во писмото испратено до нашата редакција :

Здраво,
Пред неколку месеци фабриката Кромберг и Шуберт од Битола го прослави 2000тиот вработен со голема спектакуларна забава и со најава за двојно зголемување на вработените и отварање на уште една фабрика. Сега од таму предпразнично доаѓа една и не така убава честитка.
Би ве замолиле вас со вашиот професионализам да ни излезете во пресрет и јавно да обелоденете за нештата што се случуваат внатре. За теророт кој го трпат вработените за мизерна плата од 8000 денари кој никоја јавно не ја споменува, туку напротив градоначалникот Талески секојдневно по локалните медиуми сакајќи да го зголеми својот рејтинг се фали со таа фабрика.
Имено во таа фабрика последните месеци се вршат големи притисоци врз нас вработените. Заканите и уцените одат до таму што го следат секој вработен на социјалните мрежи и секоја негова акција на социјалните мрежи (лајк или статус) кој е против интересите фабриката, доведува до негов отказ. Наглото одпуштање на вработени е без некоја очигледна причина или како што знаат да се оправдаат од фабриката “заради негативна евалуација” на работникот или со јавување и бркање преку телефон со изговор “вишок на вработени има во фабриката”, а некои од вработените таа чест да дознаат дека се избркани од работа ја имаат на самата капија пред влезот во фабриката.
Се прашуваме дали му требавме на фабријата кога требаше да работиме по 12 часови и по неколку денови континуирано, а притоа присилно потпишувајќи изјави дека самите сакаме да работиме така се со цел да не ни биде платено ништо. Се сомневаме дека сето тоа е се со цел да се избегне регрес за годишен одмор или таканаречениот К-15 на сите вработени кои работат најмалку 6 месеци.
Па би се запрашале дали оваа е вистинската слика која царува во слободните индустриски зони во Македонија или некој сака да добие само глас повеќе на избори и се злоупотребуваат луѓето како бројќите за политички цели? http://narodenglas.com/терор-во-кромберт-и-шуберт-вработенит/
 
C

cige

Гостин
Во фабриката постојано има отворени огласи за прием на нови работници, а обуките и интервјуата на тие што аплицираат за работа веќе станаа секојдневие.
Доколку се изгради новата фабрика во индустриската зона Жабени, ќе се вработат уште над 2.000 работници, со што вкупниот број на работници што ќе работат во фабриките на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ќе се заокружи на 4.500 работници.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
753
Поени од реакции
356
Дали некој знае колкави се инженерските плати во Кромберг и Шуберт?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom