Кромберг и Шуберт (Индустриска зона Жабени)

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.007
Поени од реакции
572
На еден другар мој другар негов Работи Жабени кај германциве ама во 3 смени значи и ноќе оди за 12 000, така него му рекол така ви кажвам, ама чим за 3 смени е 12 000 , само една смена да одиш сигурно е помала платата
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155

оди 3 смени ама на пр. денес оди прва , па утре втора ,другиден трета итн...
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.007
Поени од реакции
572
оди 3 смени ама на пр. денес оди прва , па утре втора ,другиден трета итн...
Tака де така, ама сепак мислам дека се малце, обично тие што одат на смени земаат околу 20 % повеќе плата од тие што одат само прва смена. Така е во РЕК барем
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
Tака де така, ама сепак мислам дека се малце, обично тие што одат на смени земаат околу 20 % повеќе плата од тие што одат само прва смена. Така е во РЕК барем
Па поќе ти е платена само третата смена :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.877
Поени од реакции
1.089
Во “Кромберг и Шуберт“ вработени нови 200 работници
Бројот на новите вработени битолчани, кои најдоа работа во германскиот гигант за автомобилската индустрија “ Кромберг и Шуберт” постојано се зголемува

Со вработувањето на новите над 200 вработени во изминатите два месеци бројот на вкупно вработените битолчани во “ Кромберг и Шуберт” се искачи над 750.
Според зборовите на првиот човек на индустриската зона “Жабени“ Сашо Илковски, најголемиот број од новопримените работници се главно оператори, со средна стручна подготовка, кои веднаш ќе бидат директно вклучени во процесот на производство на фабриката.
-Во “ Кромберг и Шуберт “ постојано има отворен конкурс за прием на нови работници со средна стручна подготовка. На огласната табла пред капијата на фабриката нон стоп се објавуваат огласи за прием на оператори. Со последните вработувања моментно вкупниот број на вработени лица во “ Кромебрг и Шуберт “ сега изнесува над 750 работници, со тенденција нивниот број постојано да се зголемува, вели директорот на индустриската зона “ Жабени “ Сашо Илковски.
Според зборовите на првиот човек на индустриската зона “ Жабени “ Сашо Илковски најголемиот дел од производството на автомобилски кабли се пласира на пазарот во Романија, каде “ Кромберг и Шуберт “ има уште една фабрика, за конфекционирање на кабли, наменети за потребите на автомобилите “БМВ Х 1” и “ мини морис”, а наскоро покрај за потребите на “БМВ Х 1” и “ Мини Морис” наскоро во “ Кромберг и Шуберт” ќе започне производството на кабли за потребите на возилата од марките “ мерцедес” и “ ауди”
Инаку се очекува во фабриката на “ Кромберг и Шуберт “ во наредните месеци бројот на ново вработените лица да достигне над 1000 работници.
http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=21106
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ги заболе па нив таквото дали македонецот земал плата или не... На нив земјата им е промовирана со ефтина работна сила и тоа си го користат... Во германија за истата работа плаќаат 5 пати повеќе тука можат фино лепо со 150-200 евра работна сила да имаат... Се дур невработеноста ни е 30 % не очекувајте убави плати од странските инвеститори... Секој си го гледа својот џеб...
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Точен е муабетов дека во Битола на Широк Сокак кутии за CV-ија се ставени зашто неможе да најдат работници?

Иначе толку е, од што разбрав и од повеќе вработени 90% од работнициве се од 8 - 10 илјади платени. Нешто боље од шивална, ох јеа(y) греота
 
T

Tamora

Гостин

Имаше поставено кутии на почетокот не знам дали некој од апликантите бил повикан на интервју , сега колку што разбрав моментално има и 6000 апликации . Платата па и не е баш висока со оглед на денешниве давачки , се работи во смена , а поплаки има од луѓе кои работат на лента многу им било напорно во цела хала немало ни еден стол каде да седниш , велат аплицирај тука веќе ептен ако не можиш да се снајдиш .Нормално има и позитивни искуства тие што ракуваат со машините веројатно се и подобро платени . Во почетокот ги носат на обука не знам ми се чини Австрија некаде не сум баш сигурна . Јас аплицирам редовно кога и да излези оглас , уште ми немаат вратено .А некаде низ градов постоела и канцеларија во која се поднесуваат документи , не знам точно кај се наоѓа ако некој знае нека пиши :) Боље ишта него ништа
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705

На меил аплицирај, досега сите шо пуштиле шо ги знам викнати се.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Ми вратија дека ќе ме имаат во предвид некој нареден пат.Нече среча поштеног човека :pos:
Ако ти вратиле ќе те викнат, автоматски му е ми се чини системот да враќа.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Експлоатација пар екселанс. Како колонии од 19 век сме станале. Затоа не рипајте од радости кога ќе видите Х луѓе како ќе отворале фирма тука со толку и толку вработувања.
 
T

Tamora

Гостин
Не знам луѓе од јануари наваму следам огласи секој ден до сега само за кај грците има работни места и за државни службеници, чат -пат вака нешто шо ќе испадни така да ако се јават јас сум ол - ин :unsure:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Експлоатација пар екселанс. Како колонии од 19 век сме станале. Затоа не рипајте од радости кога ќе видите Х луѓе како ќе отворале фирма тука со толку и толку вработувања.
Во 95% од случаите е така. Колку е поголема фирмата толку помалку платени се работниците и се однесува експлоататорски. Најдобри фирми за вработување се до 50 души. Тие фирми бараат високо образовани луѓе и најчесто работат во сектор на услуги (интернет, софтвер консалтинг, ПР и разни други), таквите фирми имаат многу предности.. флексибилни, ефективни, напредни итн... Отвори на листа на 10 најголеми работодавачи во светот... све робовладетели се. Мене не ми е за радување со такви големи фирми со многу вработувања баш поради тие причини.

Германската економија е типичен пример... основната база на таа држава се мали и средни фирми кои работат со високо технолошки продукти и услуги, тие праат 85% од економијата на Германија
 
Kajgana Shop

На врв Bottom