Natan 3.0
Bitch Божји
- Член од
- 17 февруари 2019
- Мислења
- 1.598
- Поени од реакции
- 5.064
Каверот на Кеш е постиран на првата страна, само испуштив да го постирам и оригиналот. Не звучи вулгарно, напротив, реално да доживееш преработка на песна да ти направи "Човекот во црно" е ствар за голема почит и некакво ултимативно достигнување во кариерата. Лично и двете ми се допаѓаат. Да, таа четворка беше можеби и последната харизматична во поновата историја на рок-музиката. Има Корнел уште некој аплифтинг текст:Американските, а бога ми и други светски музичари штом Johnny Cash им преработи песна, се спремни за да одат у гроб, со мисла дека „си ја завршиле работата овде“....колку и да звучи ова вулгарно што го напишав.
Еве го муабетот за преработката.... да бидам искрен, и мене ме изненади каков квалитетен текст извадиле, а ја знам песнава уше од 90ти кога ја вртеа MTV, a после и верзијата на Кеш. Една од нај-uplifting песни што сум ги чул у животот.
Сакав да пишам дека Крис Корнел и Soundgarden не ми биле у врв на интерес, ама сум ги ценел многу. Посебно Корнел, мислам дека е невидено харизматичен лик. Со Кобејн, Ведер и Стали од Алис беа опасна комбинација своевремено. Тогаш си ги земавме здраво за готово, ама ете, времето покажа дека и тоа си еба мајката и сега музиката од тој калибар е недостижна, барем за мене.
Поздрав!