Здраво на сите!
Отворив нова тема ако има иста или слична нека корегираат модераторите.
Како и да е сакам да го споделам моето искуство со криптовалути и да помогнам да расчистиме некои дилеми а и да ви дадам совет како да заработите. Веке подолго време живејам во Шведска така да начинот на купување и продавање криптовалути е многу полесен и поедноставен тука него во Македонија но тоа не значи дека и кај нас неможи да се тргува со криптовалути.
Кога ке се кажи криптовалута сите помислуваат на Bitcoin нормално најатрактивна валута и со најголема вредност.
Прво ке почнам со мојата најголема грешка што не вложив во Bitcoin кога прв пат слушнав и беше отприлика 10$ и се осеќам како идиот пошто ги имав сите информации на располагање а сепак поверував на шпекулациите од банките дека Bitcoin е премногу ризична влута и дека се користи за креминал залудно е да инвестирате во биткоинти и можи да изгубите многу пари итн... После тоа мој колега швеѓанец ме убедуваше да купам кога беше околу 100$ не послушав и сега пред некој ден стигна до максимално ниво преку 7700$.
Нема многу да се задржам на Bitcoin само сакам да објаснам некој работи. Пред се криптовалутата е иднината на човештвото тие што се повозрасни како мене
се сеќаваат кога се зборуваше дека кешот ке се укини и како платежно средство ке се користат кредитни и дебитни картички, интернет трансакции плаќање со мобилни телефон итн... Знам сето тоа звучеше како научна фантастика но тоа денес е реалност барем во поголем број земји низ светот. Како што кажав живејам во Шведска и многу ретко се користи кеш и за брзо време највероватно ке се укини кешот барем во поразвиените земји. Е сега истото е и со криптовалутите иако звучи како научна фантастика но тоа е иднината во наредните 50 или 100 години додека не се измисли нешто ново и највероватно криптовалутата ке биди замена за кеш.
Никој нека не ве лажи дека ке изгубите пари само треба паметно да се вложи и има шанса да станете милионери за неколку години нормално има шанса и да изгубите ако непромислено вложувате во све и сешто и ако не сте стрпливи и продавате во погрешно време.
Затоа сакам да отвориме нова тема и да го споделам со вас моето искуство и знаење нормално и јас можи да научам нешто од вас. Јас не сум експерт и ова што го кажувам не мора да значи дека е 100% точно само јас ке бидам искрен и ке ви кажам и докажам во што вложувам јас и моите пријатели кои се пшодолго време во ова и можам да кажам дека се експерти спрема нивните заработки а тие се со цифри од 100000$.......
Да не замарам со вовед и да преминам на главното. Значи како што кажав ако слушните криптовалута тоа не е само Bitcoin има многу други валути кои што се вредни за инвестирање.
За мене Bitcoin е завршена работа и е касно за инвестирање. Моментално имам околу 1000$ во биткоинти на мојот Bitcoint Wallet и околу 800$ Ethereum но тие ги користам како средство за купување на други валути и секој месец вложувам од 300$ до 500$ и не продавам само купувам.
Да појаснам зошто:
Bitcoint пред да излези во употреба беше 0.3$ одприлика сега е достигна максимално ниво преку 7700$ и можам да кажам дека до крајот на годината и почетокот на 2018 ке биди преку 10000$ арно ама можи и да падни или да се раздели на Bitcoint x2 како што во моментот може да се случи Bitcoint fork и кој прати може да види дека Bitcoint паѓа а Bitcoint Cash достигна цена од 1900 $ за во овие два три дена. Што ке биди ке видиме после 16 ноември и не би сакал да губам време во детали за Bitcoint.
Ethereum е доста стабилен и добар конкурент на Bitcoint и има можност да го замини во наредните неколку години пошто има постабилна мрежа (blockchain) и побрзи трансакции. Кога излезе во употреба се движеше од 0,5$ до 1$ и достигна максимум од околу 400$ а сега се движи на стабилно ниво од 300@ до 320$
Можам да гарантирам дека Ethereum ке достигни 1000$ за брзо време можда и почетокот на 2018 година.
Како што кажав касно е за Bitcoint па и за Ethereum освен за тие што имаат многу пари и сакат да вложат во стабилна валута како Ethereum.
Зошто? Сето ова ке го објаснам со лично искуство.
Почнав да купувам биткоинти кога цената беше 4000$ заработив нешто малку но за кратко се префрлив на трејдиг со биткоинт и заработувам дневно од 50$ до 200$ зошто биткоинтот е нестабилен како што крева така и паѓа (по некогаш и губам) али за трејдинг ву друга прилика сега не ми е поентата на тоа.
Да појаснам како се движи маркетот на криптовалути (Cryptocurrency Market Capitalizations)
Моментално:
Market Cap: $202,296,824,755 24h Vol: $14,624,942,973
Bitcoint Dominance: 52.4% $106,062,539,924 $6360
Ethereum Dominance: 15% $30,328,791,291 $317
Да видиме како се движеше годините уназад:
Total Market Capitalization
2013 Мај 1,200,000,000 $
2015 Мај 3,800,000,000 $
2017 Мај 40,000,000,000 $
2017 Септември 163,000,000,000 $
2017 Ноември 202,000,000,000 $
2018 повеке од 300,000,000,000 $
Ова се страшни цифри ако знаеме дека буџетот на Македонија на годишно ниво за 2016 е одприлика околу 217,000,000,000 ден или 4,000,000,000 $ а исто и толку имаме и расходи J (не ми замерувајте ако грешам во цифрите само сакам да ја доловам реалноста)
http://www.mkbudget.org
Моментално популацијата во светот е 7,6 милијарди жители а во криптовалута имаат инвестирано само 0,5% од кои голем дел се фирми, брокери, бизнисмени кои располагаат со милијарди итн... а многу мал дел обични граѓани како што сме ние.
Заборавете на сите шпекулации и дезинформации кои доаѓаат од банките (нормално нив му жежи под нозе и губат многу пари и немаат контрола на капиталот) арно ама реалноста кажува нешто друго.
Да напрабиме проста математика:
Моментално Market Cap: $202,296,824,755 со 0.5% популација кои имаат инвестирано (да не заборавиме многу мал дел обични граѓани) како што реков иднината е во криптовалутата и нема бегање од тоа барем во наредните 50 години.
Што ке биди кога 30% од популацијата ке користат криптовалути а тогаш ке бидат многу повеќе од 7,6 милијарди зители на планетата
Најмалку 12,000,000,000,000 $ до 100,000,000,000,000 $ не знам како се изговараат овие цифри J али ако биткоинот ја задржи атрактивноста како сега тоа е реално да достигни еден биткоин 500,000 $ !!!!!!!!
Годините уназад до 2017 биткоинтот држеше 80% сега е 52,4% и е во тренд на паѓање иако цената му се зголемува пошто сепак капацитетот на маркетот расти а биткоинтон е застапен со 52,4% моментално.
Како што наведов погоре ако гледате на интернет ке слушните дека биткоинтот ке достигни до 500,000 $ да тоа е можно ама и можда не е. Пошто засега Bitcoint и Ethereum држат монопол и ако сакате да купите други криптовалути морате да ги купите со нив. Занчи ако се остани како што е тоа ке биди реалност Bitcoint да достигни 500,000 $ а Ethereum да биди приближно или да го замини.
А што ако некоја друга криптовалута го замини! Моментално има 1276 криптовалути и секој ден излегва нова со подобра перспектива и атрактивност (нормално со мал капацитет ама немојте да заборавите дека биткоинот беше 0,3 $)
Затоа заборавете на Bitcoint и Ethereum тие се атрактивни и можи да заработите само со многу пари а со многу пари сте изложени на ризик да изгубите.
Немој некој да ми замери знам дека кај нас во Македонија не е све сјајно но ке земам пример со некој како мене што живее во ЕУ со повисок стандард, само сакам да појаснам како стојат работите.
Ако вложам во биткоинти за 10,000 $ по моментална цена која е на пазарот еве ке земиме пример отприлика 6300$ како што е сега. Значи ке имам 1,58 BTC (Bitcoint) Ако биткоинтот во иднина пример 2019 година стигни цена од 20,000$ јас ке имам 31,600$ или заработка од 25,300 $. Во ред и за Шведска не се малку 25,000$ али треба да волжам и ризикувам многу пари а не сум сигурен дека тоа ке биди така и можам да изгубам голем дел од парите што сум ги вложил.
Да се вратиме назад во 2003 година кога биткоинот уште не беше излезен на пазар а можеше да се купи за цена од 0,3$
Пример да купев биткоинти за 100$ по цена од 0,3$ тоа се 333 BTC и да ги продадев пред некој ден кога биткоинтот достигна максимална цена одприлика 7700$
333 BTC х 7700$ = 2,564,100$ и животот среден
Затоа заборавете на Bitcoint и Ethereum има многу други крипто валути со голем потенцијал на кои можете да заработите милиони и тоа со мали инвестиции кој можи секој да си ги дозволи па дури и во Македонија.
Да појасниме една работа најпаметно е да се вложи во крипто валути пред да излезат на пазар или Live on Cryptocurrency Market!!!!!
Како што реков ке споделам секоја информација што ја имам и ке ви кажам во што инвестирам и ке ви образложам со примери зошто инвестирам. Како што реков никој неможи да биди 100% сигурен секогаш има ризик и затоа се инвестира на повеке криптовалути со малку пари или кој колку што можи да си дозволи.
Само ве молам немојте со нереални мислења и солење на памет без да имате валидни информации. Не сум економски експерт, се уште не сум милионер по моја грешка али неколку мои другари и пријатели веќе се милионери. Ке се потрудам да најдам време да одговорам на секое ваше прашање (само за тие кои што се примерни без глупости и рекла казала)