@kano ,
@Skylake , ме интересира кога ќе ставивите ваков смајли, се чуствуватеш дека сте објасниле нешто, сте дале некој аргумент, сте учествувале во дискусија?
...кој најде да праша и да го интересира

...па одговори кога ти го правиш истото на коментари на други членови!
... немам против некој што се занимава со криптовалути или со тоа ,,копање,, и трошење енормно електрична енергија, ама да се казнат сите граѓани кои си трошат за обични домаќински работи за животен опстанок со воведување на блокови со различна цена на потрошувачка на електрична енергија со што иста струја за некои ќе биде поскапа поради овие 17 познати ,,копачи,, за бизнис намена, поголема дискриминација и јавна наметлива кражба на обичниот граѓанин, здравје.
цитирам :
,,,...Речиси 330 милиони киловат часови годишно, или околу 28 милиони киловат-часови месечно струја трошат 17 домаќинства во земјава. За што се се троши 10 проценти од вкупната потрошувачка за домаќинствата или приближно 30 % од домашното производство од хидроелектраните на ЕСМ, никој од надлежните не открива.
Единствено што е познато од досегашните информации е дека овие домаќинства потрошената струја ја плаќале редовно.
Од ЕВН за ТВ24 велат надлежни се за делот на мрежата само до броилото.
„Електродистрибуција располага само со податоци за потрошувачка за секој корисник поединечно и е надлежна за делот на мрежата до броилото, но не за потрошувачките уреди внатре во објектот.“ - велат од ЕВН.
Регулаторна го крои новиот тарифник, оние семејства кои трошат енормно многу струја ќе ја плаќаат по цена близу пазарната. Засега не се прецизираа која ќе биде границата на потрошена струја над која цената потоа би била поскапа. Евтината тарифа навечер и во неделите нема да се чепка кај високата тарифа се размислува за поделба во 3 или 4 блокови.
Од Алијанса за Албанците вчера обвинија за „копање“ криптовалути во училишта кои се, како што велат раководени од ДУИ. Ја повикаа полциијата да преземе соодветни чекори. ТВ24 денеска
побара став и од МВР, и од ДУИ, и од ЕВН, но и од Министерството за образование и наука, а одговор добивме само од ЕВН.
Оттаму за ТВ24 велат како најголеми причинители за неовластено користење на струја, а истото важи и за загубите е копањето крипто валути, кражбите на електрична енергија од страна на домаќинствата, малите комерцијални објекти коишто имаат голема потрошувачка како и приватната потрошувачка, но појаснуваат струјата што се губи во суштина не се мери и не се знае кој е крајниот потрошувач, па оттука не се знае колкав е уделот на загуби предизвикан од копање криптовалути во вкупните загуби.
Во моментов за потрошувачка во ниската тарифа граѓаните плаќаат по 3,67 денари за киловат, додека во висока тарифа цената чини 7,32 денари за киловат час потрошена електрична енергија. Според анализите на Регулаторна, во земјава има 660.000 домаќинства, просечната потрошувачка е 400 киловат-часови, а најголем е процентот на домаќинства кои трошат од 0 до 100 киловат-часови струја. Новиот тарифен модел треба да стартува од 1ви јули...,,