Стар ама добар текст, што се однесува на насловот, за жал има вистина во дел од текстот кој е во контекст со насловот.
Српската и албанската мафија се први во Европа, Македонците остануваат обични курири и потрчковци!
од
Фокус12.04.2014 17:00
Текстот е објавен на 19-ти август 2011-та во неделникот „Фокус“ во бројот 842
Пишувал
Саше
ДИМОВСКИ
"Секоја мафија има своја држава или секоја држава има своја мафија? Но, што да прават Македонците, ако не ги бидува да направат ниту мафија, ниту држава? Тогаш тие се вклучуваат во некоја од мафиите и најчесто се потрчковци, мулиња, курири или логистика!
Тоа е сликата за македонскиот „мафијаш” во 21 век, кој како член на српската или на бугарската, а понекогаш и на албанската мафија, заглавува по европските или во американските затвори, а нивните имиња ги пополнуваат полициските статистики и во регионов.
Обично летниот период изобилува со полициски акции, во кои балканските мафијаши, користејќи го метежот за време на одморите, се обидуваат да прошверцуваат дрога, оружје или луѓе. Неколку акции во последниве десетина дена, во различни делови од Европа, па и во САД, покажаа дека нашите комшиски мафии, во кои има и Македонци, едноставно – не мируваат! Во топ листата на 10 најголеми мафии во светот, што ја составија полициите и медиумите, има дури две мафии, наши непосредни соседи. Српската мафија се најде на осмото, а албанската на деветтото место на листата.
МАФИЈАШКА ТАБЕЛА
Лондонски Дејли њуз и шпански Диарио, со помош на полициска статистика, ја составија листата на десетте нај-мафии во светот, според која руската мафија е прва по контрола на територии, подрачја на криминал што ги покрива, но и по бројот на своите членови, 500.000. Главен критериум за влез на оваа мафијашка листата е оперирање на територија на повеќе земји и борба за монопол над илегални активности, како трговија со дрога, оружје, луѓе.
Русите се први, бидејќи влијанието на нивната мафија расте со огромна брзина и се шири во речиси сите земји во светот. Мафијата контролира и 70 отсто од руското стопанство, но управува и со синџирот проституција во Макао и во Гуангху во Кина, со трговијата со наркотици во Узбекистан и во Таџикистан, со перењето пари на Кипар и во Израел.
Зад руската е италијанската мафија, која оперира во САД и во повеќе западноевропски земји. На третата позиција се најдоа колумбиските картели на дрога, четврти се кинеските Тријади, петти се јапонските јакузи, шеста е мексиканската мафија а седми се Израелците. Србите се осми поради нивната се поголема присутност во Германија, САД, Италија, Британија, Франција и во земјите на Скандинавија. Тие се интелигентните крадци, кои крадат според филмски сценарија и не оставаат траги зад себе.
При крајот на листата се најде и албанската мафија, која е многу активна во САД, во западноевропските земји, а многу брзо се шири на меѓународно ниво. И на крајот на опасната десетка, се најде криминалната група од Јамајка, на која главна активност и е трговијата со оружје, марихуана и кокаин. Топ листата ќе може да ја видите во прилог на овој текст, но сега да потсетиме накратко на неколкуте полициски акции што беа реализирани во периодов на летните одмори и каде што се гледа кој со кого соработува и кое подрачје го покрива
Еден Македонец и тројца Бугари беа уапсени во Благоевград, во акција на македонската и на бугарската полиција. Тие се дел од група која тргувала со дрога на територијата на Бугарија, Македонија, Турција, Грција и Западна Европа. Во акцијата бил уапсен и водачот на групата,
Стојан Г., викан
Кравата, човек кој се споменуваше како испорачувач на пратка од 6,5 килограми хероин, кои беа запленети во 2010 година кај струмичко Ново Село. Италијанската полиција, пак, во една од најголемите акции против трговијата со дрога во изминатите неколку години, уапси тројца Албанци и заплени 170 килограми хероин".
Македонци - потрчковци во соседните мафии
fokus.mk