Криминалци и криминални групи во МК

Член од
20 декември 2017
Мислења
376
Поени од реакции
202
Политика полиција и мафија идело од 70ти па наваму. Во Куманово соработуваат со истите само ако се од одредена маaла. Пред некоја година имаше Карап Маалски дилер беше уапсен и се знаеше дека е поврзан со полиција само не се знаеше со кои. Пееше и кажа 3 имиња и беа локалци од Карап Маало.
 

Falanga.!!

puls.podzemlja
Член од
29 април 2014
Мислења
103
Поени од реакции
103
Кажете нешто повеќе за Ромео Живиќ,некои интересни случки од неговиот живот?
 

OMG!!

Пилот
Член од
27 февруари 2017
Мислења
2.723
Поени од реакции
2.479
Кажете нешто повеќе за Ромео Живиќ,некои интересни случки од неговиот живот?
На некој шипо му ја исекол главата и ја возел низ Куманово на хауба на Ферарито :pos:
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Кажете нешто повеќе за Ромео Живиќ,некои интересни случки од неговиот живот?
Имаше камиони и возеше дрва од Карадаг;), обично селско силно детиште, чија сила некои ја искористија за свои цели. Не дека он лошо живееше ама то ти е:нинџ:
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
Кажете нешто повеќе за Ромео Живиќ,некои интересни случки од неговиот живот?
Барем за него има на темава пишувано материјал два дена да читаш и да не стасаш да го дочиташ, срчнујте малку бре :D
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
IMG_20181113_163930.png

Од оаза на мирот до Мека за криминалот

Криминализацијата на Македонија почна со Б.Ц. (2) И дополнението на исказот на контроверзниот Петрит Аме е полно со имиња кои ги посочува како главни протагонисти во спрегата на организираниот криминал, политичарите и тајните служби. Оттаму, воопшто не зачудува што подоцна бевме сведоци на ликвидации и атентати со цел да се прикријат криминалите. Луѓето како Аме очигледно многу добро го познавале и користеле менталитетот на македонските политичарите и нивната несопирлива алчност која подоцна ги прави всушност марионети на криминалот кои само глумат мафијашки босови

Исповедта, или попрво пораката на Петрит Аме, би биле забавно четиво, но за жал, записникот од разговорот направен со него во просториите на Државна безбедност и контраразузнавање ја докажува вмешаноста на македонските транзициски политичари во криминалните активности. Тие, како што сведочи Аме, не само што овозможувале одвивање на прекуграничниот криминал, туку и најдиректно биле инволвирани во него и имале материјална полза. Петрит кажува и за перењето пари од илегалната продажба на цигари што наводно се вршело преку братот на тогашниот министер за внатрешни работи на Македонија, Љубомир Фрчкоски. Тоа се вршело преку фри-шопот “Челебија”, при што цигарите се истоварале, а камионите оделе празни за Србија, со тоа што за пазарот на Косово морало да одат оригинални цигари (во тоа време јавна тајна во Скопје беше дека при купување оригинал цигари марлборо се бараше т.н. “петка”), производство на Филип Морис, а на пазарите во Македонија одела и “четворката” која е фалсификат и се произведувала во Бугарија и во Југотутун, односно во Стококомерц од Прилеп со знаење на македонската влада. Шверцуваните цигари бос и ЛМ кои потекнувале од Македонија-табак се носеле до Албанија, каде што се истоварале во околните села до границата и уште истата вечер по споредни патишта со магариња и коњи преку преминот “Блато”, преку селото Спас се враќале назад. Во јули 1997 г., така требало да бидат префрлени дури пет шлепери!

КРИМИНАЛЦИ, ПОЛИТИЧАРИ, АДВОКАТИ И СУДИИ “НА ИСТО ОРО”

Во оваа илегална трговија од времето за кое сведочи Петрит Аме, бил вмешан и член на партијата ПДП којашто тогаш беше коалициски партнер на СДСМ на Бранко Црвенковски, а него го помагале Ванчо Лазаровски и Илија Илоски, тогаш директор на Царинската управа на Македонија. Притоа, Аме ги споменува и партискиот лидер на ПДП Абдурахман Алити и фирмата Фати компани на некој министер од ПДП и тогашниот министер Насер Зибери. Петрит раскажува и дека основал фирма Еуро Шипад, порано позната како Шипад граѓа, чиј директор бил извесен Владо Шарвалинов, која се занимавала со увоз на дрвен градежен материјал од Србија, а која соработувала со Акики од Белград, сопственост на Ирфан Акики. Ирфан, пак, имал мешовита фирма со синот тогашниот директор на Заводот за платен промет во Скопје. Всушност, фирмата била формирана за “покривање” на другите дејности, а плаќањата секогаш се вршеле во готово. Натаму, на видеолентата Петрит Аме споменува повеќе лица од албанското, македонското (како ликвидираните Орце Коруновски и Марјан Тушевски) и српското подземје кои биле поврзани со бизнисмени во двете држави, но биле блиски и со политичари. Во тој контекст го споменува примерот со извесен Нагип Тоска, кој требало со помош на политичари да земе некој еколошки британски грант во вредност од сегашни два милиона евра со кои, всушност, било планирано да се отвори акредитив во Филип Морис за купување оригинал цигари марлборо коишто требало да се шверцуваат… Исказот на Аме го разоткрива и криминалниот систем по кој функционира македонското правосудство. Имено, тој лично споменува имиња на скопски адвокати, при што на едниот му дал 30.000, а на другиот му дал 40.000 германски марки за да биде ослободен од притвор и за да подоцна против него никогаш да не бидат подигнати обвиненија. Овие пари, и не само во неговиот случај, оделе во системот на адвокатите, судиите и оние што имале особено политичко влијание врз правосудството и врз полицијата.

СРПСКИ РЕЗИДЕНТИ ПЕРЕЛЕ ПАРИ, МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ ДРУГАРУВАЛЕ СО НИВ

Покрај, во најмала рака, збунувачката леснотија со која ги споменува имињата на политичарите од регионот во поврзаност со организираниот криминал, интересно е и како без двоумење зборува и за неговите врски, контакти и активности со странските разузнавачи служби. Петрит Аме признава, а своевремено и јавно признаваше во скопските локали, дека одржувал врски и извршувал задачи за повеќе странски разузнавачки служби. Особено ја потенцира својата поврзаност со поранешната КОС во времето на Слободан Милошевиќ од која добил задача да заведува Албанци од Косово да се зачленат во партијата “Јул” на Мирјана Марковиќ (сопругата на Милошевиќ). Неговиот псевдоним по сопствено признание бил “Птица”. За успешно извршените задачи добивал соодветен паричен надомест како и непречено да ги извршува неговите криминални дејности во шверцот на оружје, дрога и цигари. Петрит, како што им соопштува на инспекторите на македонската државна безбедност, таа задача ја извршил по наредба на извесен Маријан Рене, кој “го држел на врска” и Жан Пјер Мишел. Петрит одржувал контакти и со албанската служба, при што преку вујко му Башким контактирал со амбасадорот на Албанија во Македонија, Шабан Мурати. Петрит одржувал контакти и со поранешниот премиер на Албанија, Александар Мекси, со Генс Рули, тогашен албански министер за надворешни работи, како и со други лица од врвот на политичкиот живот во Албанија. Петрит признава дека пред две години одлучил да влезе со 20 отсто од вкупната добивка во казината Шери во Скопје и Аполонија во Гевгелија, чиј директор бил Швеѓанецот Ларс Клинк, а главен финансиер белграѓанецот Драган Стошиќ. Бидејќи бил одбиен, Петрит одлучил до процентот да дојде на друг начин и по кратко време, откако претходно побарал и добил дозвола од Жељко Ражњатовиќ - Аркан, го киднапирал Стошиќ од пред белградскиот хотел Метропол. Петрит го извршил киднапирањето со помош на извесни Чуме и Вуке, прекари кои подоцна се споменуваат како на едни од главните луѓе во процесите против т.н. Земунски клан. Киднапираниот Стошиќ, откако бил ставен во комбе и го однесле кај белградската населба Сурчин во подрумот на Чуме, по два часа го пуштиле бидејќи им го ветил бараниот процент. Но, по два дена Петрит бил повикан на разговор во српската државна безбедност кај Зоран Недељковиќ, кој му дал до знаење дека Драган е нивни човек и му се обратил со зборовите дека тоа може многу да го налути потсекретарот на службата Јовица Станишиќ. Според сведоштвото на Аме, Стошиќ другарувал и со македонски политичари и членови од тогашниот владин кабинет на Бранко Црвенковски, при што го споменува Димитар Бузлевски, но не кажува дали тие знаеле која е неговата вистинска задача. Всушност, на страниците од Форум цитираниот службен запис од архивата на ДБК е сведоштво за начинот и за лицата што ја криминализираа македонската држава. Притоа, наметнувајќи ì хипотека од која тешко закрепнува.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=240004863052252&id=226011684451570
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
@ Crnorizec Hrabar

ti si tvorec na ova,
bas se kazano.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.860
@ Crnorizec Hrabar

ti si tvorec na ova,
bas se kazano.
Не сум творецот, да бев тука ќе беше објавено, иначе одамна избегнувам јас да креирам текстово ради икс причини, па вака нешто кога ќе најдам ретко добро и квалитетно го споделувам тука.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.899
Поени од реакции
1.732
OUBLEPOST=1539114462][/DOUBLEPOST]

Наголем итрец и местач на балкан, човек за кој и Тито рекол: "Njega nemojte da dirate, on čini tak simpatične stvari". Човек познат како најголем местач на светот. Најпознат можеби по тоа што средил да се заврши утакмица со 134:0. Никој не може со Џаро, тоа е очигледно. Бев читал у некое италијанско списание дека некој италијанец кој местел утакмици се угледувал на Џаро, па му нашле и слика со автограм у новчаникот.

http://www.prevara.info/index.php?option=com_content&task=view&id=1162

http://www.telegraf.rs/sport/535584-kralj-namestaljki-menadzer-velibor-dzarovski-otkriva-sve-o-fudbalskom-i-estradnom-kriminalu-video
Не е точно дека Џаро ја намести Велгошти-Сирула 134;0 полувреме 11: 0,другата утакмица се играше во Лакочереј и играа Лакочереј -Белчишта 0;88 полувреме 0;14.
Јас бев во Велгошти и ја гледав утакмицата така да ниту зеде некој пари ниту Џаро е вмешан ,,,наместена беше само заради омразата и инајџилакот на Велгоштани и Белчиштани.Белчиштани го имаа пуштено Кољо шо работеше на базен и со токи -воки ги известуваше само прво полувреме па го фатија во едно полско вц до стадионот ,доби малку ќотек и таткоми го спаси од линч.И ден денес пијам кафе со Џими -Шапкар шо даде најмногу голови и со еден шо играше за Сирула и стоеше до голот во случај Џими да промашит од центар и си даваше автогол.Таа е вистината ништо друго.
 
Член од
20 декември 2017
Мислења
376
Поени од реакции
202
Не е точно дека Џаро ја намести Велгошти-Сирула 134;0 полувреме 11: 0,другата утакмица се играше во Лакочереј и играа Лакочереј -Белчишта 0;88 полувреме 0;14.
Јас бев во Велгошти и ја гледав утакмицата така да ниту зеде некој пари ниту Џаро е вмешан ,,,наместена беше само заради омразата и инајџилакот на Велгоштани и Белчиштани.Белчиштани го имаа пуштено Кољо шо работеше на базен и со токи -воки ги известуваше само прво полувреме па го фатија во едно полско вц до стадионот ,доби малку ќотек и таткоми го спаси од линч.И ден денес пијам кафе со Џими -Шапкар шо даде најмногу голови и со еден шо играше за Сирула и стоеше до голот во случај Џими да промашит од центар и си даваше автогол.Таа е вистината ништо друго.
Samo pisuvam po net sho citam. Sepak blagodaram za popravuvanjeto
 

Kajgana Shop

На врв Bottom