Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.
Т

Триптико

Гостин
пред некој ден опозициониот жолт печат пласираше и теза дека има стотици случаи како Тамара ...
Ти намерно го правиш ова? Стотиците случаи како Тамара не се со иста дијагноза, туку со ист одговор од тој фонд. :facepalm: А господата и госпоѓите од лекарски комисии слободно можат да дојдат и да им објаснам јас со 2-3 преку очи. Истите глава давам дека имаат појма од медицина колку што имам јас од атомска физика. Барем тие што јас сум ги видел. Да знаеш какви мислења даваат, не коса...се ќе ти се дигне и притисок гарант 200! Сум против протестите само поради начинот на кој се прават. И не морална одговорност. Кривична и тоа дебело кривична. Стави доктори по 10-20 години во затвор, земи им го цел имот и забрана за работа како доктор до даље, па да видиме кој ќе лекува и како :mad:Џабе ги браниш, виновни се од прв до последен.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
...

И не морална одговорност. Кривична и тоа дебело кривична. Стави доктори по 10-20 години во затвор, земи им го цел имот и забрана за работа како доктор до даље, па да видиме кој ќе лекува и како :mad:Џабе ги браниш, виновни се од прв до последен.
А секоја година во одреден период бараат со закон да бидат заштитени како службени лица, за да можат кривично да го гонат секој кој ќе ги критикува отворено и јавно.
 
Т

Триптико

Гостин
А секоја година во одреден период бараат со закон да бидат заштитени како службени лица, за да можат кривично да го гонат секој кој ќе ги критикува отворено и јавно.
Службено лице не смее да биде критикувано јавно? Посебно оние од кои зависи здравјето на другите? Тогаш да се вратиме на "око за око....." и никој нема да ги критикува.
Мора да разберат сите. Се случуваат лекарски грешки. Една, две, три...а не секој втор ден по толку. И тоа кај еден! Имав "прилика" (не му го посакувам ова на никој) да ги прошетам сите клиники (може 1-2 останаа) и можам да ти кажам точно на која клиника кој каков доктор е. Исто имав "прилика" да ги "запознаам" дел од тие фамозни комисии и слободно кажувам дека за к*р не ги бива, а не за друго. Да не критикувам, ќе ме тужат? Море...

Тамара ја уби администрацијата, не докторите. Иако делумно во тие комисии истите доктори се проблемот. Цела таа банда треба да одговара за убиство со умисла. Самото однесување "давам - не давам" средства за лекување ја повлекува таа одговорност.
 
Последно уредено од модератор:

Секако дека службено лице може да биде критикувано јавно, но може да поднесе тужба за навреда и клевета, а неговиот/нејзиниот статус на службено лице може да додаде тежина на суд во негова/нејзина корист.

Но тоа и не е толку сериозно колку што е сериозна тужбата која можат да ти ја поднесат доколку се осмелиш да ги начекаш некаде надвор и им удриш ќотек. Како обични граѓани можат да те тужат за физичко насилство, но како службени лица можат да те тужат за напад на службено лице, а поради такво обвинение можеш да заработиш бајаги тешка и висока казна.
 
Т

Триптико

Гостин
@Dexter26 подобро некој во затвор, отколку тие да пратат некој во гроб!
Инаку на улица сите се физички лица. Напад на службено лице е напад во просториите каде што работат. Како и да е, фали тој ќотек во оваа држава. Прво за нас обичните граѓани што трпиме се и сешто, а после за нив.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
проблематиката на фондовите е обемна, а парите се ограничени. Лекувањата во странство се проблем бидејќи мора однапред да се плати, не е како тука на рабуш. А да погледнеме во окружението, има и апсење на луѓе од здравствената и фондовската фела, ама не за тоа некој ако починал чекајќи да оди во странство туку ако се направи набавка по повисока цена.
Сега имаме случај појаќи држави ( Србија, Хрватска) од нашата да имаат фундаментални проблеми, н.пр. недостаток на вакцини . А неодамно имавме кај нас мини епидемија на сипаници, пред многу години некој период не се вакцинирале децата. Незнам дали имаше смртни случаи, но и без тоа имаше многу голема матерјална штета ... Дали некој во медиумите сега воопшто покрена да се види кој бил тогаш одговорен за вакцините и да го изложи на јавноста, а можно истиот и уште да е на некоја позиција..?? А н.пр. , да умре човек или дете од каснување од змија, стршлен и друго поради немање на потребни средства во амбуланта тогаш ќе има медиумска галама, барем некое врема...
Значи да се вратам на случајот, потребна е секогаш истрага и барање одговорност ако некој не постапил по процедурата. Моралната одговорност е друга работа, но поднесување оставка од морална одговорност не е секогаш целисходно а има случаи државата и да не прифаќа такви оставки, посебно ако смета дека нема погодна замена. Одговорност на доктор е уште покомплексна работа бидејќи докторите од друга страна се обврзани да укажат помош во секое време, за нив нема ни гарантирано 8ч работно време. Незахвална е и работата на лекарски комисии бидејќи тие секогаш се ограничени со квоти и притисоци.
 
Т

Триптико

Гостин
Ма дај. Со самото тоа што "апсат поради набавка за повисока цена..." значи дека некој таму одговара за потрошена разлика која создава проблем во понатамошното работење. Пари се прават, изгубен живот не се враќа. Ограничени биле со средства...Аха нема проблем. Ако е така, од каде се опремени нивните канцеларии со кожа и слики подобро од познати хотели, од каде е тој возен парк што го гледаш на паркингот и си мислиш дека шеици дошле, од каде сите доаѓаат (повеќе или помалку) без денар, а си одат како тешки богаташи, зошто во лето клима врти максимално и прозорец е отворен "да влезе воздух"... Од каде пари за вакво однесување, нели беа ограничени? Морална одговорност е заебанција. Сите што се директори, министри и слично може да уништат се и на крај со морална одговорност да се извлечат? Тоа е исто како криминалец што преплашил и ограбил некој, кога ќе го фатат да помине со обично извини. До кога со вакво размислување?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
еве
ОД СКОЛИОЗА СЕ УМИРА
арно ама одма се гледа тенденциозност во насловот , само во 21 драва е евидентирана како причина на смртта.. не само што нема ни УСА ни Русија ни Кина, туку ни една од ех Ју државите
симптоматично е дека има многи смртни случаеви и во Англија и во Франција а и во Турција.. (кај што оперираат)... а зошто тогаш кај нив умираат од тоа, нема нивните фондови пари да ги оперират своите пациенти а оперираат од други држави ??
по ех ју медицината има само неколку причини на смртта, откажување на мозок, срце и бели дробови...
По мене правилен наслов би бил и од сколиозата се умира ако дојде во фаза кога веќе не може да се оперира ( никој не прифаќа да гарантитра успешна операција)

Одлучен си да глумиш лудило нели ?

Тие податоци се за одредена година, а не за период од 5 или 10 години за да се има подетална статистика, што значи дека во таа конкретна година имало толкав број на луѓе кои починале од сколиоза во таа конкретна држава.

Но дури и кога твоите глупости би држеле вода, повторно вината за смртта на 9 годишното девојче, Бог да ја прости, паѓа врз Фондот за Здравствено Осигурување, Министерството за Здравство и врз Никола Тодоров, бидејќи 3 години влечкање низ институциите и постојано добивање негативни одговори не се производ на компетентно и професионално работење, и за тоа треба да се сноси морална одговорност.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.664
Поени од реакции
12.060
не се дадени пари согласно правилникот и законот. А законските одредби велат дека ако кај нас не постои услов, на лицето му се плаќа во странство. Законската рамка беше испочитувана дури по смртта на детето што се коси со многу нешто.
Овие податоци г-динот Касапинов ги објавува во текстот од Телма.
Македонија во групата со Азербејџан, Ерменија, Босна, Киргистан немаат смртни случаи од сколиоза, а државите Британија, Шведска, Германија, Франција ...имаат. Поентата на авторот е-проблемот со известувањето и правилното утврдување на причините, посебно во посочените (очигледно нискоразвиени земји).
Може да забележиш една чудна работа. Во Македонија трета по ред причина за смрт е -симптоми и знаци некласифицирани на друго место.
стапките на смртност од Алцхајмерова болест кај нас (и во групата на земји каде не се умира од сколиоза) е повеќекратно помал од земјите во кои се умира од сколиоза?Тоа е така дека кај нас нема Алцхајмер? Итекако има, само ретко кој правилно ќе ја утврди и репортира основната причина за смрт. Непосредната причина за смрт не е таа која се репортира и која меѓународно се споредува. Ние сме земја во која на трето место по зачестеност како причина за смрт се „симптоми, знаци и ненормални клинички наоди, некласифицирани на друго место“ (во 2013 година 1 213 од вкупно 19 208 умрени, или 6.3%), односно кажано крајно банализирано, кај нас се умира заради смрт или заради престанок на срцево-белодробната функција (па да, обично кога ќе умреш, срцето и белите дробови баш и не функционираат, така?).
Касапинов добро го има ова објаснето дури и за лаици. Факт е дека детето било оперирано, било носено по доктори, но ги одбиле, премногу се искривило и починало.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
не се дадени пари согласно правилникот и законот. А законските одредби велат дека ако кај нас не постои услов, на лицето му се плаќа во странство. Законската рамка беше испочитувана дури по смртта на детето што се коси со многу нешто.
Овие податоци г-динот Касапинов ги објавува во текстот од Телма.
Македонија во групата со Азербејџан, Ерменија, Босна, Киргистан немаат смртни случаи од сколиоза, а државите Британија, Шведска, Германија, Франција ...имаат. Поентата на авторот е-проблемот со известувањето и правилното утврдување на причините, посебно во посочените (очигледно нискоразвиени земји).
Може да забележиш една чудна работа. Во Македонија трета по ред причина за смрт е -симптоми и знаци некласифицирани на друго место.
Касапинов добро го има ова објаснето дури и за лаици. Факт е дека детето било оперирано, било носено по доктори, но ги одбиле, премногу се искривило и починало.
a najgolemite državi (USA, Rusija, Kina...) ? ... a kako e vo regionot ( Ex Ju)?... ne se samo niskorazvienite državi koj priznavaat samo 3 pričini za smrt ( otkažuvanje na mozokot, belite drobovi, srceto) ... druga e rabotata koja bolest doveduva do tie 3 pričini za smrt, no može edna ista bolest kaj nekoj da predizvika a kaj nekoj ne, pa imame kolku % e smrtnosta od nekoja bolest..
Drugo, neli e relativno golema smrtnosta od skolioza vo edna Anglija a koja sigurno ima bolnici što ja operiraat a i nivoto na platite e najmalku 8x pogolemo od našeto ?
I jas sum za utvrduvanja na odgovornosta za sekoj slučaj, posebno za greški koj može da predizvikat masovni problem, kako neodamna što se pojavi mini epidemija na sipanica...(nekoj ostavil edna generacija bebinja bez vakcina)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Да живеат и да се размножуваат спомениците, оградите, фасадите, панорамските тркала, вртелешките и сите останати тотално непотребни глупости, а обичните смртници слободно нека си испоцркаат.

Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Денес, вторник, 9 февруари 2016, се навршуваат точно година дена од прераното заминување од овој свет на млад живот кој не ни дочека да ужива во сите благодети во кои уживаме сите ние кои сме здрави, а кои ги земаме здраво за готово.

Лесна му земја на 9 годишниот ангел Тамара Димовска, нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Отпочната е истрага и ќе се утврдат виновници за случајот. Полна шака осомничени има моментално.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Отпочната е истрага и ќе се утврдат виновници за случајот. Полна шака осомничени има моментално.
И ова како и се во Македонија ќе се заташка,ќе се намести некој или ќе се јави некое жртвено јагне
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom