Се разбирам јас тоа ама работата е следната што сите тие јутјуб пејачи кои си зимаат за замав дека ако они имаат 300,000+ прегледаност на јутјуб тоа значи дека тие можеле да направат концерт итн. Како на пример еве што е излажа Тамара која на крај испадна во Борис трајковски да можеш и фудбал да изиграш од што имаше место значи не само тоа туку и другите пејачи еден клуб кај што може еве да речеме некои 200 луѓе да собере тие не можат и еден клуб да наполнат а џабе ги имаат големите гледаност затоа јас ги нареков јутјуб пејачи.
За нашата македонска музика т.е народната - фолк таму како што кажа царуваат спозорушите кои ја однесоа македонската народна музика во место каде што во гроб се превртуваат нашите легендарни пејачи/ки. Но интересно е тоа што нив најмногу ги слушаат овие што се во канада,австралија,германија итн.
Заклучокот е дека нема квалитет се, се односи на тоа што повеќе да понудиш со тело отколку со квалитетна песна, најбитно е пејачката да излезе што е можно по провокативно и тоа е најбитното а дали пее убаво кој го слуша тоа битно да се има што да се види.
Нормално е да се огледуваат на тоа колку се гледани/слушани според Јутуб. Едноставно во денешно време така се гледа кој пејач колку е популарен. Колку повеќе прегледи на Јутуб, колку повеќе хитови, толку повеќе и цената од настап им расте. И тоа не е да речеш само кај нас, туку на тој начин функционира цел свет.
Е сега зошто имале толку прегледи, а толку мала посетеност на концерти. Ти можеш да имаш добра песна која ќе се слуша, но ако не си интересен како појава, кој би дошол да те слуша во живо......., никој. Во денешно време не е најбитно добро да пееш, туку битно е и како изгледаш, како се однесуваш, какви настапи правиш......., треба малку и шоу бизнис. Луѓето сакаат и забава, не само добар глас и песна.
Потоа зошто народњаците биле послушани од забавњаците. За народот да те слуша треба да направиш песна, спот и да се однесуваш онака како што треба за да привлечеш доволно внимание кај луѓето и да станеш интересен и запамтен. Народњаците не се срамат да направат нешто со кое би привлекле внимание и со кое би биле интересни и запамтени.................., затоа и полнат кафани/клубови, имаат многу прегледи на песните на Јутуб, постојано ги има во некој од весниците или сајтовите и што е најважно оставаат некој хит. Некој ќе рече тоа не е песна, но таа песна останува и во идните години се пее. Како пример ќе ја земеме песната Кеш, кеш од Адријана Ацевска, која поттикна да се создаваат вакви песни кај нас.
Спротивно од народњаците се забавњаците. Тие незнаат да направат нешто такво и да привлечат внимание. Снимаат песна, спот и прават атмосфера на настап која би можела да се искористи како дел од некоја театарска претстава. Нешто пасивно кое ќе се заборави после еден месец, ако воопшто успее да стане познато во периодот од тој еден месец. Кај нас само Тамара Тодевска, Тајзи и Слаткар знаат да направат нешто кое ќе привлече внимание, но и тоа не е тоа. Тоа е резултат на правењето едно исто. Истите композитори, истите елементи во песните, истите продукции......, се едно исто што веќе е здосадено. Главно е тоа што не го создаваат она нешто кое што го бара народот, туку нешто кое на нив им е интересно или на композиторот.
Освен сите овие работи кои ја создаваат кризата на нашата музичка сцена е и телевизијата. Телевизијата е главен медиум за промоција на пејачите и песните, а ние немаме наша музичка емисија, а камоли телевизија. Ако дадат нешто на Алфа, добро, и тоа би било тоа.