Не најдов тема па тука ќе пишам-
Фашистите и војската извршија пуч во Боливија и го сменија легално избраниот претседател Ево Моралес. Реприза на Чиле и Пиноче, исто како што фашистите го затворија Лула во Бразил и го донесоа Болсанаро на власт, нормално се со амин на прикриените фашисти во Вашингтон.
Класична америчка интервенција во Латинска америка како и небројани други во последниве 100 и кусур години.
Па отвори тема со наслов Боливија, мислам дека таму работите допрва ќе се разигруваат.
Инаку како што гледам работите не се баш толку едноставни (фашисти и сл.). Боливија има богати наоѓалишта со Литиум, ... имаше два договора за стратешко опартнерство еден со Џерманија друг со Кина, ...Боливија нема технологија со која би го финиширала тој производ и постигнување на повисоки цена за самата себе, а кој со воведувањето на електричните автомобили станува баран како злато (добро сеа не баш како злато ама ...).
Нормално за ова се заинтересирани и САД-истите, па најверојатно се разигрува теренот, секако на штета на Боливијците.
Што се однесува до Моралес, тој според Устав немаше право да се кандидира за уште еден мандат, па се распишуваше референдум кој не беше успешен, па преку судото и други механизми тој доби право да се кандидира уште еднаш (и во една Боливија се почитува референдумот само кај нас во северџистан тоа е инструмент за вовед во тиранија)...
Како и да е имаше избори на кои победи Моралес (инаку беше на удар затоа што ме девојакта осудена на 10год за...), незадоволните страни предизвикаа хаос и протести повикувајќи се на .... но останува фактот дека тој, Моралес победи на изборите со разлика од 10,5% повеќе гласови.
Повеќе околу изборите
овде. (има убаи графици каде се гледа целата игра)
Како и да е, Боливија е ставена пред избор ќе стане Сирија (војна до уништување на земајата) или Украина (насадување на квислинзи како нашиве кои ќе крадуцкат еден период и... на крајот повторно добиваш девастирана земја и економија) и тука се вклучува војската кој ја избира варијанатата со Украинско-Македонско- сценарио.
За сега е ова познато, во која насока ќе се одвива е тешко да се предвиди, но демократите цврсто одлучиле да ја демонкратизираат, мислам дека таму работите се на почеток.
------
уште една мала пикантерија.
договорот со Џерманиците е ставен под лед (одбиени се како ...) и сосема случајно во исто време имаме воен удар, што е инаку демократско средство кое во последно време се повеќе се користи!