Заебана работа е да аргументираш која страна е во право во овој конфликт. Мадуро е диктаторско гомно, но победил на избори, наместени до даска без сомнеж, ама од друга страна имаме класична америчка пуч интервенција, а нормално со цел амерички нафтени компании да се закотвант наредните 100 години во Венецуела.
Понекогаш е подобро да си небитна држава без никакви природни ресурси, по раат ќе ти биде животот.[DOUBLEPOST=1548372719][/DOUBLEPOST]
А кога ќе ми текне какви муабети се правеа од истите луѓе кои сега им се свиѓа Болсанаро, Трамп и оваа америчка ексурзија во Венецуела, како левичарските влади на Чавез, Лула, Кихнер, Моралес се новата моќна коалиција на новиот светски поредок која ќе ги протера империјалистичките амери од нивиот континет и ќе им го врати суверенитетот.
Вистината е многу покомплексна од социјализам/капитализам.
Само уште ќе го споменам Салвадор Аљенде во случајов, постарите се сеќаваат, ние помладите сме читале, има многу забегани либертаријанци и конзервативци кои пучот на Пиноче го гледаат како позитивен настан.