Здраво на сите.
Пеед 6 месеци поднњсов пријава до МВР - СВР Скопје против едно лице кое ми се закануваше со дизичка ликвидација по телефон и со вулгарни навреди. Седум месеци немаше одговор ма мојата пријава. Се обратив до внатрешна контрола при МВР. Добив одговор : ПРЕСТАВКАТА Е ОСНОВАНА , АМА ЗА ЗАКАНИТЕ КЕ ТУЖИТЕ ПРИВАТНО. СЕ РАБОТИ ЗА ЛИЦЕ КОЕ ВРШИ ЈАВНИ ОВЛАСТУВАЊА И ВРШИ ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНА ПОЛОЖБА.. ШТО ДА ПРАВАМ ????
Изминат ти е рокот за поднесување на приватна кривична тужба.
Во рок од 3 ( месеци ) од денот на настанот имаш законски рок да поднесеш кривична тужба против друго лице за кривично дело Загрозување на сигурноста.
Овие рокови се преклузивни и не можат да се пробијат.
Требало да те поучи некој за ова, пред се адвокат.
Без разлика што не ти дале официјална информација од СВР Скопје во разумен рок, доколку си сакал институционално да го решаваш случајот си бил должен да поднесеш тужба.
Во прилог кон тужбата ќе се ставеше твоето писмено барање до СВР Скопје, нивниот одговор доколку бил даден до моментот на поднесување на тужбата, во спротивно во тужбата ќе побараше од Судот да се обрати службено до СВР Скопје за да дадат официјална потврда дали имало таков настан, дали бил пријавен, за кои лица се работи итн.
Исто така во вакви случаи потребно е да се изготви вешт наод од лекар-специјалист- судска медицина, овластен судски вештак .
Во вештиот наод и мислење е потребно да е даден стручен опис за тоа од каков вид и степен се твоите повреди- во случајот од емоционална природа- предизвикан страв, несигурност, раздразнетост.
За потоа доколку го огласи судот за виновен да те упати на граѓански спор каде би истакнал имотно правно побарување од обвинетиот.[DOUBLEPOST=1545224138][/DOUBLEPOST]
Здраво правници
Ве молам за помош !!!Значи вака :се работи за кривично дело кражба од 9000 ден артиклите се одземени од обвинетиот и е приведен во полиција каде што ја признал вината за стореното и е пуштен .Од полиција му рекле дека ова ке оди веке по судски пат .Е сега прашањето ми е што понатака му следува на обвинетиот, бидејки е лесно кривично дело.Дали ке му следува парична казна , условна , затворска казна ?И за колку време ке стигни покана за на суд бидејки сега во февруари треба да оди за Ирска.И дали тоа ке му влијае кога ке треба да вади документ за неосудуваност !!!Ве МОЛАМ ЗА МИСЛЕЊЕ , ОДГОВОР !!!
Предметот е пред Основно јавно обвинителство.
Штом ви рекле дека предметот ќе се решава по судски пат значи од МВР поднеле пријава, а врз основ на таа пријава од страна на ОЈО ќе биде поднесен обвинителен предлог, па врз основа на тој обвинителен предлог предмерот ќе биде даден на одлучување пред надлежен Основен Суд.
За временски рок, сигурно до февруари нема да биде предаден од ОЈО до Судот, па да биде закажано рочиштето.