Кривична постапка (работи што е пожелно да се знаат)

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Aма и јас му го спомнав случајот со Красниќи, најдобро така ќе му биде јасно,ама не сфака човекот.:toe:
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Темава треба да се префрли во образование. Повеќете форумџии кои одговараат на прашањата поставени во подфорумот право се токму правници и овие работи им се и тоа како познати, а доколку некој сака да се едуцира (независно дали е тоа правно едуцирање, економско или пак од областа на гастрономијата) тоа ќе го стори во подфорумот образование.
Право

Дискусии околу правни проблеми, правна помош, јавни расправи околу предлог закони. Да живее правната држава!

Образование

Образовните и научните институции во Македонија, закони, проблеми, новости, стипендии и можности.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
има некој аспекти што ме интересират:
Досега мислев дека полицијата поднесува тужба за кражба или нанесување штета над некоја вредност, н.пр. некој спомна до 100 евра не се гони по службена должност... сега тука гледам се спомнува само дела за кој е предвидено 3 години затвор ?; по мене тоа многу е, малтене некој ќе те утепа а треба приватно да го тужиш ?... а има и друго, полицијата знае и да ги прикрива и штити починителите, т.е. често не дава податоци иако осомничениот е фатен и признал...некој велат се работи за заштита на наркомани ?
Од друга страна читаме во медиумите, имам и пастирано, полиција апси а и гони за дела што не се типични, н.пр. лице земало 1000 евра да прави некоја градежна операција на оштетениот, не се јавил одредено време, овој се пожалил на полиција, го привеле измамникот и му поднеле кривична... Од друга страна на времето, пред 8-10 години, имаше случај во н.Аеродром, земал пари да увезе возило на некоја жена, ни возило донел ни пари и враќа. Таа ангажирала рекетари, го заробиле измамникот, но полиција го ослободува, ним кривична, со подука тој земал пари ама ќе ги врати некогаш, кога ќе има, ( не свети никогаш)... демек само приватна тужба ала обеси канту мачку о реп. Исто така строго се гонат тие што нешто продаваат а немаат фирма, а и други примери... значи контрадикции колку сакаш... Има и друг пример, за малтретирање животно се добива кривична од полицијата, а за малтретирање човек спрема ова нема, бидејќи сигурно не е над 3години, кога двојно убиство имаше во Куманово со 6 години а го пуштија по 5, ( случајот од лани, оној што го утепаа по излегување од затвор за двојно убиство)...
 
Ај конкретни прашања :)
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Ќе мозе нешто повише за обвинителен акт :D
За есеј ли ти треба? :)
Него, со новиот ЗКП е предвидено да се води скратена казнена постапка за кд за кои е пропишана парична казна или казна затвор до 5 години, за разлика од стариот кај што беше до 3 години. Колку што ми е мене познато, досегашната практика на судиите при скратени постапки е да гледаат шо побргу да откачат и како казни обично даваат условни осуди. Ако така постапуваат и за кд Тешка телесна повреда, стварно ќе биде срање.
 
Член од
24 февруари 2014
Мислења
20
Поени од реакции
5
која е праралелата меѓу новиот ЗКП и стариот ЗКП ??
што има новиот ЗКП
а што имаше стариот ЗКП ??
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
http://www.24sata.hr/crna-kronika-news/nije-platio-racune-pet-dana-jeo-i-pio-u-hotelu-a-onda-pobjegao-360339
интересно е, дали е ова за граѓанска или кривична тужба?? 5 дена престојувал во хотел па напуштил без да плати, штета по наводите на хотелот 200-300 евра ...
од друга страна знам за случајот на девојка од Аеродром пред 15-на години еден и земал мислам 7-8000 марки, ако не беше и повеќе, ќе и увезол кола, па ништо од тоа, па полицијата ја отфрли пријавата, ја упати на граѓанска тужба, бидејќи тој се правдал дека ги потрошил парите а кога ќе има ќе и врател :)
 
Член од
4 април 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на форумците,
Поздрав за интересната тема
Темата лично ме интересира. Некои поими не ми се јасни и би сакала да го чујам вашето мислење. Ќе ги поставам одделно, за да не се испомешаат.
Како прво има ли разлика помеѓу „кривична пријава“ и „предлог за гонење“.
Во Законот за кривична постапка се споменуваат и двете, но не се прецизно дефинирани.
На пр.во ЗКП во чл.288, 273, 274, 275, 288 и др. се споменува кривична пријава, додека во чл.57, 58 и др. се спомнува „предлог за гонење„.
Во кои случаи се поднесува предлог, а во кои кривична пријава? И дали има разлика во процедурата во кривичната постапка по двете? Дали одредбите кои важат за кривична постапка, важат и кога се поднесува предлог?
На пр. во чл.288 е определена постапката при отфрлање на кривична пријава од страна на јавното обвинителство. Дали истата се однесува и кога се поднесува предлог за гонење, поточно ако биде отфрлен предлогот дали може да се поднесе жалба до непосредно повисокиот јавен обвинител или мора да се поднесе приватна тужба?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
се крена на некој интернет портали голема галама, демек требало обвинителство да поведе постапка против новинарот Милојко бидејќи на Фејсбук профилот напишал навредлов збор за холандската амбасадорка а со тоа навредил странска држава, член 181 опд кривичниот закон.... Од друга страна имаме декриминализација на клеветата. Дојде од некоја агенција за медиуми дека амбасадорката има право да бара обештетување. Званично амбасадата не бара ништо, но наводно е повикана амбасадорката на консултации . Но тука има и други работи, амбасадата на Холандија донирала 170000 евра на ЛГБТ припадници во Македонија, на што па некој наш медиум откри дека има многу повеќе случаи на напади на ЛГБТ лица во Холандија одколку во Македонија. Но мислам дека и тоа не е причина за оваој мал дипломатски пингпонг, туку ситуацијата околу опозицијата. Како и да е, мислам дека и ако има таков член 181 не верувам дека се применува за вербален деликт на ФБ и слично, туку на палење знаме и слични поголеми . Освен тоа, имавме во минатото низа напади на наши медиуми на грчките амбасадорки, па и ги повикуваа во Атина, а посебно имаше цели цртани филмчиња на Еднооки, па Обвинителство ништо не покрена по член 181... ??
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
6
Поени од реакции
2
Здраво на форумците,
Поздрав за интересната тема
Темата лично ме интересира. Некои поими не ми се јасни и би сакала да го чујам вашето мислење. Ќе ги поставам одделно, за да не се испомешаат.
Како прво има ли разлика помеѓу „кривична пријава“ и „предлог за гонење“.
Во Законот за кривична постапка се споменуваат и двете, но не се прецизно дефинирани.
На пр.во ЗКП во чл.288, 273, 274, 275, 288 и др. се споменува кривична пријава, додека во чл.57, 58 и др. се спомнува „предлог за гонење„.
Во кои случаи се поднесува предлог, а во кои кривична пријава? И дали има разлика во процедурата во кривичната постапка по двете? Дали одредбите кои важат за кривична постапка, важат и кога се поднесува предлог?
На пр. во чл.288 е определена постапката при отфрлање на кривична пријава од страна на јавното обвинителство. Дали истата се однесува и кога се поднесува предлог за гонење, поточно ако биде отфрлен предлогот дали може да се поднесе жалба до непосредно повисокиот јавен обвинител или мора да се поднесе приватна тужба?
Кривичната пријава е еден од поводите од кои јавниот обвинител дознава за сторено кривично дело кое се гони по службена должност, тоа е писмена пријава составена најчесто од оштетениот, или од полицијата, и таму се изложува фактичката состојба од која проилегува дека некаков настан ги содржи елементите од законското битие на одредено кривично дело кое се гони по службена должност, може да содржи податоци за сторителот, или пак може и да се поднесе против непознат сторител, во кој случај јавниот обвинител дава барање до полицијата да превземе прибирање на претходни известувања, со цел да пробере доволно факти и докази со цел откривање на сторителот....кривичната пријава е најчест повод од кој ОЈО дознава за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, но не секогаш и одлучува да го превземе гонењето доколку нема цврста основа, и доколку се сомнева дека случајот ќе го добие доколку излезе на судење, во такви случаи ќе ја отфрли пријавата, со што сега со новите измени де напушти супсидијарната тужба каде можеше оштетениот да го превземе гонењето....(голема грешка но што е тука е...)
Значи постојат кривични дела кои се гонат по службена должност и мал број на дела кои се гонат по приватна тужба. За првите овластен тужител е ОЈО, за вторите оштетениот како приватен тужител...НО за некои од кривичните дела кои се гонат по службена должност (мал број) , каде гони ОЈО неопходно е да постои и ПРЕДЛОГ ЗА ГОНЕЊЕ од оштетениот!! Инаку постои процесна пречка која ќе доведе до одбивателна пресуда!!
Ако ОЈО превзел гонење по предлог, а во текот на постапката оштетениот го повлеков предлогот, и ОЈО мора да се откаже од гонењето!!! За сите други дела по службена должност ОЈО гони по пронцип на легалитет НЕЗАВИСНО од тоа дали со тоа се сложува оштетениот или не!!
 
G

Gjoksi

Гостин

Ааа, одма се гледа кој убаво го читал новиот ЗКП!!!:D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.580
КИДНАПИРАЛЕ ШТИПЈАНЕЦ И ГО МАЛТРЕТИРАЛЕ МИСЛЕЈЌИ ДЕКА Е КРАДЕЦ
http://www.vest.mk/?ItemID=6840F0D912F16C4ABED92D25F8AE6DBB
овие тројца завршија во бајбокана, тие си мислеле ако сега во ова безвластие може зајко по аудио снимки да обвинува кого сака дека можат тие по снимка од надзорна камера... па има доста луѓе што се многу слични, мене еден стално ми кажа те гледам секој ден во Прилеп а јас никогаш не сум бил таму:D
 
baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
Добравечер на сите.

Не сум правник, немам многу познавање на правото ама читам неклку закони кој ми се потребни за решавање на неколку проблеми.

Поднесов кривична пријава против едно лице за УПАТУВАЊЕ НАВРЕДИ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ И ТЕЛО КОН МЕНЕ ЛИЧНО ... Поднесов до МВР на РМ и до ОЈО, па седо ден денес немам информација што е со мојата кривична пријава а поминати се веке 5 месеци ???? Сега сакам да знам : ДАЛИ ПОСТОИ РОК ЗА ПОСТАПУВАЊЕ НА ОРГАНОТ ДО КОГО Е ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДРУГО ЛИЦЕ ?? Извинете ако погрешив со пишување на погрешните термини во врска со моето прашање. Сепак имам статус на НЕУКА СТРАНКА ама имам и голем проблем...
Благодарам ......[DOUBLEPOST=1541366457][/DOUBLEPOST]Добравечер на сите.

Не сум правник, немам многу познавање на правото ама читам неклку закони кој ми се потребни за решавање на неколку проблеми.

Поднесов кривична пријава против едно лице за УПАТУВАЊЕ НАВРЕДИ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ И ТЕЛО КОН МЕНЕ ЛИЧНО ... Поднесов до МВР на РМ и до ОЈО, па седо ден денес немам информација што е со мојата кривична пријава а поминати се веке 5 месеци ???? Сега сакам да знам : ДАЛИ ПОСТОИ РОК ЗА ПОСТАПУВАЊЕ НА ОРГАНОТ ДО КОГО Е ПОДНЕСЕНА КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДРУГО ЛИЦЕ ?? Извинете ако погрешив со пишување на погрешните термини во врска со моето прашање. Сепак имам статус на НЕУКА СТРАНКА ама имам и голем проблем...
Благодарам ......
 
Kajgana Shop

На врв Bottom