Кривична постапка (работи што е пожелно да се знаат)

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување
Член од
16 април 2008
Мислења
60
Поени од реакции
1
ABE KOJ ZAKON E TOA DA TE OSUDAT KRIVICNO A DA NE BIDIS VIKNAT NA SUDENJE ODNOSNO DA NEMA SUDENJE A VO SPROTIVNO NE SUM ZA NISTO KRIV OD TAA SOOBRAKAJKA SE E VO REDI ADVOKAT MI KAZA DEKA NE SUM KRIV ZA NISTO I PAK SUM OSUDEN AJ NEKA KAZI NEKOJ SO DA NAPRAM


FALA

CUKNAV 5 GOD DETE NA GLAVNA ULICA SO BRZINA OD 40 KM NA SAT (ZA SREKA NEMASE NIKAKVI POVREDI) A PESACKIOD PREMIN BESE NA 10 METRA OD MESTOTO NA NASTANOT NE BEV POD NIKAKVI OPOJNI SREDSTVA I ALHOHOL SO SVEDOCI I NIKOJ ZA NISTO NE ME VIKNA SAMO MI STIGNA PRESUDATA DOMA
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Значи дека ти пресудиле во отсуство, и имаш во таа пресуда правна поука во која имаш рок во кој можеш да се жалиш, и жали се!
 
S

Sagan

Гостин
ABE KOJ ZAKON E TOA DA TE OSUDAT KRIVICNO A DA NE BIDIS VIKNAT NA SUDENJE ODNOSNO DA NEMA SUDENJE A VO SPROTIVNO NE SUM ZA NISTO KRIV OD TAA SOOBRAKAJKA SE E VO REDI ADVOKAT MI KAZA DEKA NE SUM KRIV ZA NISTO I PAK SUM OSUDEN AJ NEKA KAZI NEKOJ SO DA NAPRAM
Основен елемент при подготовката на главниот претрес е повикувањето на обвинетиот, бранителот, тужителот, оштетениот и неговиот застапник и сведоците, односно вештаците.

Законот за кривична постапкаво чл. 176 вели дека обвинетиот се поканува со писмена постапка. Притоа, му се остава доволно време за да ја спреми одбраната. Ако не дојде на судењето, може присилно да биде доведен.

Е сега, тебе морале писмено да те повикаат. Да не можеби не си ја примил поканата? Ако не си сејавил на уредно доставена покана, судот има право, во присуство на сите останати лица, да пресуди во отсуство на обвинетиот.

Како и да е, пази каков адвокат имаш, сакаат само парите да ти ги земат, а ништо не ти помагаат. Ако пресудата е од скоро, под итно поднеси жалба. Имаш законско право на тоа, и не заборавај да нведеш дека воопшто не си бил присутен на главниот претрес.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
ABE KOJ ZAKON E TOA DA TE OSUDAT KRIVICNO A DA NE BIDIS VIKNAT NA SUDENJE ODNOSNO DA NEMA SUDENJE A VO SPROTIVNO NE SUM ZA NISTO KRIV OD TAA SOOBRAKAJKA SE E VO REDI ADVOKAT MI KAZA DEKA NE SUM KRIV ZA NISTO I PAK SUM OSUDEN AJ NEKA KAZI NEKOJ SO DA NAPRAM


FALA

CUKNAV 5 GOD DETE NA GLAVNA ULICA SO BRZINA OD 40 KM NA SAT (ZA SREKA NEMASE NIKAKVI POVREDI) A PESACKIOD PREMIN BESE NA 10 METRA OD MESTOTO NA NASTANOT NE BEV POD NIKAKVI OPOJNI SREDSTVA I ALHOHOL SO SVEDOCI I NIKOJ ZA NISTO NE ME VIKNA SAMO MI STIGNA PRESUDATA DOMA
Судијата кажува кој е крив а кој не.Адвокатот кај кој си бил требало веќе да ти каже дека треба да правиш жалба и да се понуди тој да ти ја направи.Подобро адвокат, отколку сам, затоа што тој знае на што да се повика, и како да те извлече.А за тоа што не ти ги објаснил овие работи веднаш, запрашај се каков адвокат е, и дали кај него треба да одиш.Побрзај имаш рок до кога ке ја пуштиш жалбата.
 
S

Sagan

Гостин
ИСТРАГА

Истрагата не е дел од судскиот процес, но сепак водењето може да им се додели и на судски органи. По правило, неа ја врши полицијата. Сепак, бидејќи влијанието што истрагата го врши врз натамошниот процес е големо, независноста на судот често е гарант дека истрагата ќе се спроведе објективно.

Истрагата, според чл. 150, е претходна постапка која се спроведува против конкретно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело. Рековме дека сомневањето е основано само ако се заснова на докази.

Во текот на истрагата се собираат сите релевантни докази кои го товарат обвинетиот, иако нови докази можат да се изведуваат се до пресудата. Законот вели дека целта на истрагата е да се соберат докази и податоци врз основа на кои јавниот обвинител ќе одлучи дали ќе покрене судско гонење, како и да се обезбеди присуството на обвинетиот.
 
S

Sagan

Гостин
Кој може да бара да се спроведе истрага?

Барање за спроведување на истрага може да спроведе само овластениот тужител- јавниот обвинител. Според собраните докази, тој треба да заклучи дали наводите упатуваат на постоење на кривично дело кое се гони по службена должност (ако не, тогаш тужба може да поднесе само оштетениот-„приватан тужба“), како и да се најде врска меѓу делото и обвинетиот. Притоа, ЈО мора да увиди делото да не е застарено, да не е веќе пресудено по истото, да не имало амнестија за такви дела и сл.

Од неодамна, кај нас е воведено усно рочиште, што подразбира дека се одредува ден кога обвинителот и обвинетиот во определен ден доаѓаат во судот и се изјаснуваат за своите ставови пред да се започне со главниот претрес, што подразбира дополнување на документите во интерес на одбраната или обвинението. Кај приватната тужба, на усното рочиште странките се повикуваат да се помират и вонсудски да ја компензираат штетата, а на позитивен исход, процесот се прекинува.

Она што секој од вас мора да го знае е дека: ако некогаш се најдете во ситуација на обвинет, никогаш на усното рочиште не давајте изјави или предлози ако претходно за истото не сте зборувале со истражниот судија и својот адвокат. Со оглед дека во Македонија функцијата истражен судија е во процес на укинување, сите негови надлежности ги превзема јавниот обвинител.

Сепак, и по одликата на јавниот обвинител да се спроведе истрага против обвинетиот, последниот има право на жалба заради испитување на законитоста и основаноста.
 
S

Sagan

Гостин
Положба на странките за време на истрагата

За време на истрагата, и оштетениот и обвинетиот имаат право, преку своите застапници да собираат докази во своја корист и да даваат предлози на јавниот обвинител (спроведување реконструкција, вештачење и сл).

И на оштетениот, и на обвинетиот, за време на целата истрага и целиот кривичен процес, им е дозволено да присуствуваат и активно да учествуваат во извршувањето на правните активности на ЈО и Судот.

Оштетениот може да присуствува на сослушувањето на сведок, само доколку истиот сведок нема да дава изјава и на главниот претрес.

Двете страни имаат право да бараат објаснувања од вешто лице, кое ги проучило настаните и може да даде стручен исказ и мислење.

Истрагата може да завржи со запирање и со довршување. Истрагата се запира ако се престанати основите за натамошно гонење (делото не е к.д., има дело од мало значење, имало крајна нужда, се утврди постоење на околности кои ја исклучуваат кривичната одговорност (непресметливост, стварна заблуда), делото било застарено или нема докази.

При довржувањето на истрагата, се собираат сите потребни податоци за обвинетиот, доказите, се обезбедуваат сведоци, а судијата има право да побара податоци за поранешниот живот на обвинетиот и за условите во кои живее. Притоа, истрагата може да се дополни со нови докази, дасе покрене обвинителен акт или да се даде изјава за откажување од гонење.
 
S

Sagan

Гостин
Приватен тужител

Во својство на овластен тужител, освен ЈО, може да се појави и оштетениот, како приватен тужител

Приватниот тужител може да ја има таа улога само доколку истиот покрене тужба за дело кое државните органи не го гонат по службена должност (како на пр. настаната штета под износ од 6.000 денари, нанесени телесни повреди и сл.) или ако ЈО го извести дека се откажува од гонење за кривично дело каде лицето се јавува како оштетен.

Тоа значи дека кога ЈО ќе ги собере сите докази и ќе заклучи дека нема основа за гонење по службена должност, тој мора да го извести оштетениот дека треба да поднесат обвинителен акт, односно приватна тужба во рок од 8 дена, инаку ќе се смета дека оштетениот се откажал од гонење.

Инаку, кај делата кои се гонат приватно, рокот за поднесување на приватна тужба е ограничен на 3 месеци од датумот на случување.
 
S

Sagan

Гостин
Обвинување

Обвинувањето може да биде:
1. Обвинителен акт;
2. Обвинителен предлог и
3. Приватна тужба.

Обвинителниот акт е акт на овластен тужител, со кој од надлежен суд се бара против одредено лице да се одреди главен претрес, зарадо одредено кривично дело.

Актот мора да содржи:
1. име и презиме на обвинетиот со лични податоци;
2. опис на делото;
3. законска квалификација (правна, со одредување на членот што е прекршен);
4. предлог на докази (имиња на сведоци, докази, документи, вештаци и сл.).

Обвинителниот предлог е нешто поедноставно составен од обвинителниот акт, со тоа што може да се предложи обвинетиот да биде ставен во притвор до одржувањето на главниот претрес.

Разликата меѓу овиер два вида се состои во тоа што актот се поднесува при редовна, а предлогот при скратена постапка (скратена е постапката каде обвинетиот се гони за кривично дело за кое може да добие парична казна или максимум 3 години затвор). Предлогот не мора да содржи правна квалификација на делото, ниту пак образложение.

Приватната тужба ги содржи сите елементи од обвинителниот предлог, со тоа што приватниот тужител не може во неа да бара сторителот да биде ставен во притвор до судењето :)
 
S

Sagan

Гостин
истрага > обвинување > претрес?

Досега видовме дека на обвинувањето и претходи истрага.
Но, кај нас постои и т.н. посредно обвинување, кога актот се подига без спроведување на истрага. Вака се постапува само кога кривичното дело се казнува со казна затвор над 5 години, а собраните докази се доволна основа за покренување на обвинението.

Откако обвинението ќе биде доставено до судот во некоај од погоре наведените форми, претседателот на судскиот совет треба да провери дали актот е прописно составен, дали е навремено поднесен, дали за делото не е судено порано, дали судот е надлежен, кои дејствија треба да се спроведат, дали постои основа за отфрлање на обвинението и дали има доволно докази.
 
S

Sagan

Гостин
Приговор против обвинението

Ваквиот приговор подразбира можност обвинетиот да бата судот да ја испита законитоста и основаноста на обвинението, што овозможува судска контрола на непотребното и штетно за обвинетиот- излегување пред кривичен суд :)

Во приговорот, кој нема стандардна содржина, може да се оспорува секој дел од обвинението, како и стварната, односно месна надлежност на судот. Во актот може да се бара разјаснување за приќините за обвинување, запирање на постапката, наведување на формални грешки и недостатоци, како и ненадлежноста на судот.

Обвинетиот има право да поднесе ваков приговор до судот, најдоцна 8 дена од приемот на тужбата. Судот го наведува ова при врачувањето на обвинителниот акт. Ваков акт може да поднесе и бранителот (адвокатот) на обвинетиот, и тоа без одобрение на својот клиент:salut:

Претседателот на судскиот совет, постапувајќи по приговорот, може да одлучи истиот да го прифати или да го одбие, да го врати на обвинителот заради грешки и недостатоци во актот или постапката (процедурата), да побара од обвинителот истиот да го надополни и разјасни, а ако судот оцени дека е ненадлежен, обвинението се препраќа до надлежниот суд :)

Судот може да одлучи дека заради материјална, формална и суштинска неоснованост, постапката по обвинението да се запре. Тоа се прави ако наведеното дело не е кривично дело, ако постојат основи за исклучување на кривичната одговорност, ако барањето за гонење не е поднесено од овластен тужител, ако нема предлог од приватен тужител-таму каде е тоа потребно, како и заради околности кои го исклучуваат гонењето или немање доволно докази.

Приговорот се одбива ако се оцени дека обвинението е основано.

Ако обвинението поминало низ судска контрола, судот одлучил дека е надлежен и дека има дело, како и доволно докази поднесени на време, обвинителниот акт станува ПРАВОСИЛЕН. Тоа значи дека се исполнети сите предуслови за одржување на главниот претрес.
 
S

Sagan

Гостин
Дополнување и проширување на обвинението

Обвинителниот акт станува правосилен откако ќе се даде можност за измена или дополнување на обвинението. Измена се прави ако се изменила фактичката состојба изнесена во обвинителниот акт, односно, основните обележја на кривичното дело се промениле.

Проширување на обвинителниот акт имаме кога за време на главниот претрес, ќе се утврди дека обвинетиот во меѓувреме сторил уште некое кривично дело или или се открие дека порано извршил друго кривично дело. Ако за делото се знаело додека се собирале доказите за она за што му се суди, обвинението не може да се прошири, туку по завршувањето на процесот за првото, може да се покрене обвинение и за второто.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Bravo za The real highlander за трудов
одлична мошност пошироката јавност да се запознае со за нашево поднебје битната кривична постапка
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
55
Поени од реакции
3
Ispravka: Obvinetiot ima pravo da podnese prigovor protiv obvinitelniot akt vo rok od 8 ( osum ) dena od priemot na aktot a ne od priemot na TUZBA( najverojatno e greska nenamerna) Pozdrav
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Ispravka: Obvinetiot ima pravo da podnese prigovor protiv obvinitelniot akt vo rok od 8 ( osum ) dena od priemot na aktot a ne od priemot na TUZBA( najverojatno e greska nenamerna) Pozdrav
8 дена од денот на доставување на актот, не од приемот. Не мора секогаш да значи дека тие две работи мора секогаш да се поклопуваат. п.с правничко око, се мора да забележи па и ситница....:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom