Ај конкретни прашањаима некој аспекти што ме интересират:
Досега мислев дека полицијата поднесува тужба за кражба или нанесување штета над некоја вредност, н.пр. некој спомна до 100 евра не се гони по службена должност... сега тука гледам се спомнува само дела за кој е предвидено 3 години затвор ?; по мене тоа многу е, малтене некој ќе те утепа а треба приватно да го тужиш ?... а има и друго, полицијата знае и да ги прикрива и штити починителите, т.е. често не дава податоци иако осомничениот е фатен и признал...некој велат се работи за заштита на наркомани ?
Од друга страна читаме во медиумите, имам и пастирано, полиција апси а и гони за дела што не се типични, н.пр. лице земало 1000 евра да прави некоја градежна операција на оштетениот, не се јавил одредено време, овој се пожалил на полиција, го привеле измамникот и му поднеле кривична... Од друга страна на времето, пред 8-10 години, имаше случај во н.Аеродром, земал пари да увезе возило на некоја жена, ни возило донел ни пари и враќа. Таа ангажирала рекетари, го заробиле измамникот, но полиција го ослободува, ним кривична, со подука тој земал пари ама ќе ги врати некогаш, кога ќе има, ( не свети никогаш)... демек само приватна тужба ала обеси канту мачку о реп. Исто така строго се гонат тие што нешто продаваат а немаат фирма, а и други примери... значи контрадикции колку сакаш... Има и друг пример, за малтретирање животно се добива кривична од полицијата, а за малтретирање човек спрема ова нема, бидејќи сигурно не е над 3години, кога двојно убиство имаше во Куманово со 6 години а го пуштија по 5, ( случајот од лани, оној што го утепаа по излегување од затвор за двојно убиство)...
За есеј ли ти треба?Ќе мозе нешто повише за обвинителен акт
Кривичната пријава е еден од поводите од кои јавниот обвинител дознава за сторено кривично дело кое се гони по службена должност, тоа е писмена пријава составена најчесто од оштетениот, или од полицијата, и таму се изложува фактичката состојба од која проилегува дека некаков настан ги содржи елементите од законското битие на одредено кривично дело кое се гони по службена должност, може да содржи податоци за сторителот, или пак може и да се поднесе против непознат сторител, во кој случај јавниот обвинител дава барање до полицијата да превземе прибирање на претходни известувања, со цел да пробере доволно факти и докази со цел откривање на сторителот....кривичната пријава е најчест повод од кој ОЈО дознава за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, но не секогаш и одлучува да го превземе гонењето доколку нема цврста основа, и доколку се сомнева дека случајот ќе го добие доколку излезе на судење, во такви случаи ќе ја отфрли пријавата, со што сега со новите измени де напушти супсидијарната тужба каде можеше оштетениот да го превземе гонењето....(голема грешка но што е тука е...)Здраво на форумците,
Поздрав за интересната тема
Темата лично ме интересира. Некои поими не ми се јасни и би сакала да го чујам вашето мислење. Ќе ги поставам одделно, за да не се испомешаат.
Како прво има ли разлика помеѓу „кривична пријава“ и „предлог за гонење“.
Во Законот за кривична постапка се споменуваат и двете, но не се прецизно дефинирани.
На пр.во ЗКП во чл.288, 273, 274, 275, 288 и др. се споменува кривична пријава, додека во чл.57, 58 и др. се спомнува „предлог за гонење„.
Во кои случаи се поднесува предлог, а во кои кривична пријава? И дали има разлика во процедурата во кривичната постапка по двете? Дали одредбите кои важат за кривична постапка, важат и кога се поднесува предлог?
На пр. во чл.288 е определена постапката при отфрлање на кривична пријава од страна на јавното обвинителство. Дали истата се однесува и кога се поднесува предлог за гонење, поточно ако биде отфрлен предлогот дали може да се поднесе жалба до непосредно повисокиот јавен обвинител или мора да се поднесе приватна тужба?
Ааа, одма се гледа кој убаво го читал новиот ЗКП!!!Кривичната пријава е еден од поводите од кои јавниот обвинител дознава за сторено кривично дело кое се гони по службена должност, тоа е писмена пријава составена најчесто од оштетениот, или од полицијата, и таму се изложува фактичката состојба од која проилегува дека некаков настан ги содржи елементите од законското битие на одредено кривично дело кое се гони по службена должност, може да содржи податоци за сторителот, или пак може и да се поднесе против непознат сторител, во кој случај јавниот обвинител дава барање до полицијата да превземе прибирање на претходни известувања, со цел да пробере доволно факти и докази со цел откривање на сторителот....кривичната пријава е најчест повод од кој ОЈО дознава за сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, но не секогаш и одлучува да го превземе гонењето доколку нема цврста основа, и доколку се сомнева дека случајот ќе го добие доколку излезе на судење, во такви случаи ќе ја отфрли пријавата, со што сега со новите измени де напушти супсидијарната тужба каде можеше оштетениот да го превземе гонењето....(голема грешка но што е тука е...)
Значи постојат кривични дела кои се гонат по службена должност и мал број на дела кои се гонат по приватна тужба. За првите овластен тужител е ОЈО, за вторите оштетениот како приватен тужител...НО за некои од кривичните дела кои се гонат по службена должност (мал број) , каде гони ОЈО неопходно е да постои и ПРЕДЛОГ ЗА ГОНЕЊЕ од оштетениот!! Инаку постои процесна пречка која ќе доведе до одбивателна пресуда!!
Ако ОЈО превзел гонење по предлог, а во текот на постапката оштетениот го повлеков предлогот, и ОЈО мора да се откаже од гонењето!!! За сите други дела по службена должност ОЈО гони по пронцип на легалитет НЕЗАВИСНО од тоа дали со тоа се сложува оштетениот или не!!