Кресненско востание - 1878/79 година

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Ha годишнинaтa од cмpттa на Димитар Поп-Георгиев Беровски, гo чекамe Kasnakoski да каже која е буквата меѓи зборовите "Македонци" и "Бугари" на која што алудираше во почетокот на дискусијата. ;)





Димитар Попгеоргиев - Беровски (1840 - 19. XII. 1907) е Mакедонски национален деец-револуционер, идеен творец, организатор и водач на две македонски востанија: Разловечкото и Кресненското.

Димитар Попгеоргиев е роден во 1840 година во Берово, Малешевско во свештеничкo семејство. Основно образование завршил во Берово, а потоа татко му го испратил да учи во грчко училиште во Солун. Во периодот од 1858 до 1860 година учел во Духовната академија во Одеса, каде се запознава со Георги Раковски (Георги Македон). Под негово влијание ја напуштил Семинаријата и во 1860 година заминал за Белград. Од 1861 учел во Военото училиште во Белград, а по завршувањето во 1863 година станал подофицер во српската војска.

Во српското кнежевство Попгеоргиев - Беровски останува до есента 1865 година. Тогаш тој се вратил во Македонија и почнал да работи како учител. Во периодот од 1865 до 1868 година работел како учител во Берово, а подоцна и во други места во Малешевијата. Димитар како учител започнал со националната револуционерна дејност и ја предводи борбата против грчките фанариоти. Во борбата за отфрлање на црковната власт на грчката Цариградска патријаршија и за обновување на Охридската архиепископија, Димитар Попгеоргиев - Беровски се стекнал со голема популарност меѓу народот во Малешевијата.

Меѓутоа, по формирањето на одделна бугарска црква на 28 февруари 1870 година и нејзините отворени претензии за доминација со црковно-училишните општини се заострува отпорот на Mакедонскиот народ против бугарската Егзархија. На почетокот на јануари 1874 година шест македонски општини: Воден, Дојран, Кукуш, Струмица, Солун и Малешево, решиле да се издвојат од Егзархијата и да влезат во Унија со Римокатоличката црква како најсигурно средство за истакнување на својата независност. Во Малешевијата главен предводник на Унијатското движење бил Димитар Попгеоргиев - Беровски, кој уште во 1873 година бил избран од народот за претседател на црковно-училишната општина. Тој соработувал со Нил Изворов и Харитон водачи на Унијатското движење во Македонија.

Во 1874 година под раководство на Димитар Попгеоргиев - Беровски, населението од Берово го протерал Струмички владика, гркот Јеротеј. Наклеветен од грчките владици, турската полиција го затворила, но тој успеал да пребега во Истанбул, а потоа живеел илегално во Солун. По неуспешната мисија со Нил Изворов за прием на црковно-училишните општини во Унија со Римокатоличката црква, Беровски ја насочува својата активност кон политичката борба како единствен начин за разрешување на македонското прашање. Во 1875 година, тој во Солун основал Таен револуционерен комитет за кревање востание.

Во средината на април 1876 година, во селото Разловци било одржано советување на кое било донесено решение за кревање востание во Малешевско, а за главен војвода и водач на востанието бил избран Димитар Попгеоргиев - Беровски.

Востанието требало оттаму да се шири и да прерасне во општонародно Mакедонско ослободително востание. Според замислата, ова востание требало да се подигне на терените на Малеш, Струмичко, Петричко и Мелничко. Меѓутоа, поради непредвидени моменти, востаниците предводени од Димитар Попгеоргиев - Беровски и селскиот поп Стојан биле принудени својата вооружена акција да ја кренат предвреме.

Востанието било кренато на 7/20 мај 1876 година во селото Разловци, по кое и го добива свoето име – Разловечко востание. Востаничките акции биле продолжени во Кочанско, но обидот, востанието да се прошири и да прерасне во општонародно востание не успеал. Востанието останало локално, главно на просторот на Малешевско и бргу било задушено.

По првичната успешна акција, кога од селото Разловци биле протерани претставниците на османската власт, во обид со една од двете чети да го востани и другото население, Беровски наидува на брза и остра противакција на османската власт. Во еден судир со османската војска и турскиот башибозук тој бил ранет.

Беровски, за да го сочува востаничкото јадро со триесеттина четници се повлекува во планините. По неуспешната Цариградска конференција оддржана на 22 декември 1876 година, на која големите сили бараат од Турција воспоставување на административна автономија за Босна и Херцеговина, Бугарија и Македонија, Беровски продолжува повремено да извршува напади.

Во текот на Руско-турската војна (24 април 1877 – 3 март 1878 г.), Беровски со четата се движел меѓу Пијанечко, Малешевско и Горноџумајско, интензивирајќи го своето дејствување. На почетокот на 1878 година, Беровски се сретнал со Дедо Иљо Марков-Малешевски кој предводел чета од македонските доброволци во руската армија. Двајцата војводи го разоружале муслиманското население во Пијанечко и во дел од Малешевско, а потоа била отстранета османлиската и воспоставена македонска власт која се одржала полни два месеца.

Одлуките на Санстефанскиот договор (3 март 1878 г.) за вклучување на Македонија во Бугарија, како и решението на Берлинскиот конгрес (заседавал од 13 јуни до 13 јули 1878 г.) за враќање на Македонија под Султанот, не ги исполнил очекувањата на Македонскиот народ. По ваквата неправда разочараниот Македонскиот народ се одлучил за кревање на востание.

Во летото 1878 година во Малешевско и подструмјето се развило вистинско спонтано востание. Охридскиот митрополит Натанаил на кого му била дадена задача да го организира востанието во Македонија и под чија команда биле ставени голем број бивши доброволци, најпрво воспоставил контакти со дедо Иљо Малешевски и Димитар Попгеоргиев – Беровски. Во разговор со нив, а потоа и раководителите на локалните чети во Горна Џумаја, на состанокот во Рилскот манастир (8 октомври 1878 г.) било одлучено да се обединат четите под команда на војводата Стојан Карастоилов и акциите да почнат во реонот на Кресна.

Пред настапувањето на османлиските армиски единици, Димитар Попгеоргиев - Беровски со четата се повлекол кон Џумајско, во планинската област Каршијак и завзема активно учество во подготовките за кревање на востание. На почетокот на октомври тој отпатувал во Софија за да го информира рускиот губернатор Албин за подготовките за кревање востание во Македонија. Востанието започнало со нападот на османлискиот гарнизон во Кресна на 5 октомври 1878 година (стар стил), со крајна цел ослободување на Македонија и создавање Македонска држава.

На 7 октомври 1878 година, во ослободеното село Влахи бил формиран Штаб на Македонското востание, а Беровски бил избран за началник на Штабот. На слободната територија била создадена целосно структурирана македонска власт, нормативно уредена со Правила-Устав на Македонскиот востанички комитет. Основната цел на востанието според наведените „Правила“ е ослободување и конституирање на Македонска држава, изградба на власта на ослободена територија, народносна и верска толеранција, однос спрема непријателите на Македонскиот народ, како и основи на надворешната политика на Македонскиот народ, пред се` кон соседните народи и држави. Во правилата, Македонскиот востанички комитет посебно се осврнува на односот на бугарската Егзархија и благотворителниот комитет „Единство“.

За да го спречи самостојниот развој на Востанието и создавањето Македонска држава, бугарскиот фактор организирал ликвидирање на првиот војвода Стојан Карастоилов и отстранување на Димитар Попгеоргиев - Беровски од раководењето со Востанието. На почетокот на ноември, Беровски бил повикан во Џумаја и таму затворен. Тоа предизвикало криза во востаничките редови, а турската војска ја повратила ослободената територија.

Настаните го принудиле Натанаила да го врати на теренот уапсениот Беровски. Откако бил ослободен на 1 декември 1878 година, востанието бележи нов подем. Беровски за кусо време воспоставил единство во востаничките редови и на слободната востаничка територија организирал востаничка селска власт. Силата на Беровски се темелела врз народната селска војска. Населението способно за војска на секои дест дена се менувало, дел работеле, а дел ја чувале слободната територија.

Меѓутоа, Беровски не останал долго во востаничките редови. Пред крајот на јануари 1879 година, Беровски повторно бил тргнат од Востанието. Агенти на комитетот „Единство“ го уапсиле Беровски и го затвориле во затворот во Џумаја. Така Беровски засекогаш бил отстранет, а Кресненското востание наскоро било ликвидирано. На крајот на април 1879 година, османската војска ја завладеала целата слободна територија.

По задушувањето на Востанието, Беровски бил ослободен и со семејството се населил во Ќустендил, Бугарија. Во 1884 година се повлекува во селото Долна Грашница, Ќустендилско, каде купува чифлик и се занимава со земјоделство.

Во 1895 година, Димитар Попгеоргиев – Беровски е еден од оснивачите на Македонското добротворно друштво „Македонија“ во Ќустендил. По создавањето на Македонската Револуционерна Организација неговиот дом станува база на Организацијата. Тој соработувал со Гоце Делчев во организирањето тајни канали за пренесување оружје и во организирањето на изработката на бомби во Осоговската Планина.

Димитар Попгеоргиев – Беровски починал на 19 декември 1907 година во село Долна Грашница, Ќустендилско.

http://www.mn.mk/makedonski-legendi/6398


.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Меѓутоа, по формирањето на одделна бугарска црква на 28 февруари 1870 година и нејзините отворени претензии за доминација со црковно-училишните општини се заострува отпорот на Mакедонскиот народ против бугарската Егзархија. На почетокот на јануари 1874 година шест македонски општини: Воден, Дојран, Кукуш, Струмица, Солун и Малешево, решиле да се издвојат од Егзархијата и да влезат во Унија со Римокатоличката црква како најсигурно средство за истакнување на својата независност. Во Малешевијата главен предводник на Унијатското движење бил Димитар Попгеоргиев - Беровски, кој уште во 1873 година бил избран од народот за претседател на црковно-училишната општина. Тој соработувал со Нил Изворов и Харитон водачи на Унијатското движење во Македонија.

Во 1874 година под раководство на Димитар Попгеоргиев - Беровски, населението од Берово го протерал Струмички владика, гркот Јеротеј.
http://www.mn.mk/makedonski-legendi/6398
.
Многу лаже овој писач.

Пропагандата е наменета за неписмени луѓе.

Овие општини се бореле против Патриаршијата, кога станало јасно дека нема да бидат вклучени во Егзархијата како што се случило со Скопје и Охрид, примерно, тие се фатиле за унијатството.

Поставиле услов да се учи бугарски во училиштата.
 
Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
Glupata pticka se vrati. :pos:




Од дневникот на Леонида Булгарис, кој што е бугарски шпион:

„Војводата Иљо Малешевски беше одушевен поради нашето присуство и не жалеше труд да дојде во оваа селска куќа на Пирин.


Ја одобри спогодбата со Дијаминдииев, но забележително се муртеше околу покровителството на Бугарија и Грција.

Што ќе стане ако дотуриме и покровителство на Србија?


Оставете ги, рече тие што ни ја матат водата.
Кој ќе ни верува дека се бориме за слобода на Македонија, кога тие покровители сакаат да ја распарчаат.


Ние се согласивме со него и решивме да работиме тајно, и од Бугарите и Србите.“
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Многу лаже овој писач.

Пропагандата е наменета за неписмени луѓе.

Овие општини се бореле против Патриаршијата, кога станало јасно дека нема да бидат вклучени во Егзархијата како што се случило со Скопје и Охрид, примерно, тие се фатиле за унијатството.

Поставиле услов да се учи бугарски во училиштата.
Хммм, да.. Уствари не.

Второ писмо од П. Р. Славејков - Февруари 1874

Февруари 1874
Писмо од П. Р. Славејков,

До Бугарскиот Егзарх,

Ваше Преосвештенство,

Пред два дена Ви испратив писмо преку доверлив човек во кое накратко ви ја опишав состојбата во Солун и Македонија во врска со неразумното движење за обновување на Охридската Архиепископија во унија со Римокатоличката Црква. Откако се сретнав со неколку месни старешини, разбрав дека насекаде и нашироко се водат разговори имено да се создаде во Македонија Унијатска Црква.

Од доверливи извори дознав дека се чека само на хиротонијата на отец Харитон, за да се почне со акција. Додека да им пристигне благослов од Папата за објавување на Унијатска Охридска Архиепископија, епископите и нивните епархии ќе бидат составен дела на Унијатската црква во Едрене. Тогаш отец Натанаил ќе биде назначен за Охридски Архиепископ, а за епархиите ќе бидат назначени: отец Панарет за Пелагониската епархија, брат Козма Пречистенски за Дебарската епархија, отец Нил Изворов за Солунската епархија и отец Доротеј за Скопската епархија. Другите епархии, за кои нема предложено кандидати, привремено ќе бидат раководени од соседните епископи. Отец Нил ќе биде епископ Солунски, Кукушки и Воденски. Отец Харитон, после неговото хиротонисување ќе стане епископ на Сереската и Мелничката епархија. Отец Дионисиј, како архимандрит, привремено ќе раководи со Струмичката епархија.


Мојот личен впечаток, Ваше Преосвештенство, е дека никој тука не бара вистинска унија со Римокатоличката Црква. Тие само бараат начин да ја возобноват Охридската Архиепископија. Католиците исто го чувствуваат тоа, и затоа немаат голема доверба во луѓето со кои преговараат. Затоа не мислам дека е предоцна да се преземе акција и да се сузбие, а потоа и целосно уништи тоа движење.

Унијатското движење е поопасно во местата каде што порано имало Унија, од сличните причини. Кукуш доаѓа на прво место, по него е Дојран со симпатии од Струмица, Малешево и Воден. Солун, Серез, Мелник и Драмските села се зад нив. Нема голема унијатска пропаганда, ама каде што има чад, мора да има и оган. Назначувањето на отец Нил се чека за да избувне пламенот. Полјанската епархија веднаш ќе влезе во Унија, а Струмичката и Воденската епархија ќе и’ се придружат, како и голем број села од Солунско, Драмско и Сереско, и од други епархии. Другите Македонски епархии исто ќе се приклучат, прво Велешката, а потоа и Скопската епархија. Велешката епархија е исто незадоволна од нивниот епископ Дамаскин, а во исто време граѓаните на Велес, гладни за власт, веруваат дека тие треба да ја владеат Македонија во верските работи.


Причините за ваквата состојба во цела Македонија се многу очигледни. Македонските епархии и градови што веќе ги спомнав се многу огорчени од сериозната состојба во Црквата и од луѓето што им се назначени за свештеници. За ширењето на идејата за возобновување на Охридската Архиепископија врз основа на Унија исто е потпомогната од француските и австриските конзули, кои им ветуваат целосна заштита пред турските власти и од прогонот на Цариградската Патријаршија.

Грците индиректно му помагаат на ширењето на Унијата во Македонија, очекувајќи Егзархијата да ослабне од Унијата, и така да си најдат сојузници во ликвидирањето на Католичката пропаганда во Македонија. Тоа го заклучив од разговорите со грчкиот конзул во Солун. Тој ни најмалку не беше загрижен од ширењето на Унијата во Македонија. Напротив, Грција бара подршка за нивните економски и национални активности во Македонија. Според мислењето на грчкиот конзул, делот од луѓето што нема да ја прифатат Унијата, разочарани од Егзархијата, ќе си останат под јурисдикција на Патријаршијата. Во разговорите што ги водев, не случајно приврзаниците и следбениците на Унијата спомнаа дека „Македонското прашање“ може да се реши само преку Унија. За целосно да го искористат незадоволството и огорченоста на народот против Егзархијата, тие ги засилуваат нивните напади против Егзархијата. Зборуваат за Македонското прашање врз основа на верското прашање, но во исто време ги разгоруваат старите сепаратистички огнови меѓу Македонците – да создадат нов етнички регион преку Унијата – во духот на реформите на Мидхат-Паша.

Како што Римокатоличките агенти ја изработија културната и национална програма за унијата во 1860 година за ослободување на Бугарите од Патријаршијата, тие сега излегуваат со дефинирана програма за духовно и национално ослободување на Македонските епархии преку Унијата.

Македонските активисти веќе нашироко го користат изразот: Македонско национално движење во нивниот јазик, под што подразбираат независност, национално и црковно ослободување. На ова мора силно да му се обрне внимание, Ваше Преосвештенство, ова е многу важна работа од политички карактер, сепаратизмот се шири од верска накај поширока национална основа.

После разговорите што ги имав со отец Петар Димов, добив впечаток дека тој полека се откажа од намерата да се приклучи на Унијата. Денеска тој официјално ја одби Унијата и Ви испрати писмо, за да ви ја искаже лојалноста на Егзархијата. Исто разговарав и со отец Аврекиј. Тој ми рече дека и тој ќе се откаже од движењето ако назаначувањата на Егзархиски епископи се завршат до есента. Мојот однос кон овие двајца црковни достоинсвтеници беше умерен и пријателски, зашто каква било репресивна мерка само ќе ги разбунтува духовите.

Ваше духовно чедо,
П. Р. Славејков
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Автор - Славко Димевски.

Дај сега за глупоста дека некој се борел против Егзархијата од пропагандата на „Македонска нација“.

Зошто лаже?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Кога не и одговара на бугарската "историографија" обично тоа е "лага" и "фалсификат" и треба да се отстрани од учебниците. (n)
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Тоа што писмото е фалсификувано од Славко Димевски го признаа и македонските историчари. Прашај го Афион.

Тука е текстот на оригиналното писмо.

http://www.promacedonia.org/statii/biljarski_paskov.htm

И Правилата - Уставот се дело на Славко Димевски.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Кога фрлате обвинувања и сомнежи треба да имате некоја основа, утврдени факти, докази и сл.

Вие само шпекулирате и се’ што не ви оди во прилог прогласувате за фалсификати - тоа е тактика на слабаци.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Тоа што писмото е фалсификувано од Славко Димевски го признаа и македонските историчари. Прашај го Афион.

Тука е текстот на оригиналното писмо.

http://www.promacedonia.org/statii/biljarski_paskov.htm

И Правилата - Уставот се дело на Славко Димевски.
Незнам кој ти е тој "македонски историчар Афион". Вашето фалсификаторското мајсторство и манипулации се неспорни. Не еднаш ви "снемувало" документи од архивите. Сепак еве нешто останало и во вашата верзија.:)

"Лукавите и безсовестни проповеди на монсиньора Нила, глупавите упорствованија на тукашнијт православнејшиј человек, схизмата, некалесаните речениј (проповедници) са лостовете на движението; но нај-опаснијт враг е този: На малкото онези дребни честолјубци б'лгари от Македонија, които от тјасна лјубов к'м родината си и по неразбрано предпочитание к'м родното си слово, што ги в'зблазнило да работјат за неговото пресбладание прибавили са се напослед'к ср'бската пропаганда [35] и гр'цката, които без да показват на населението задните си мисли, внушават им идеи много гибелни: напр[имер] че те не са б'лгари, но са македонци, т.е. нешто по-горни от другите б'лгари (Александрови потомци!) [36], че те могат и треба да б'дат водители и п'рвенствујушти на б'лгарскијт народ, заштото и јерархијата б'лгарска е била и е тјахна, с таквизи проповеди на чужденците подкрепени и от наши неразумници, раздразневајки населението пристигнали са да разпространјат доволно тези мисли и да ги настројат на гибелнинт п'т за отделение, а пр'в плод на тези проповеди са: недоверието к'м Екзархијата и тајното противодејствие на нејните домогванија да ги обедини в черковно отношение."
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Сите овие тврдења погоре што ти се, дека Славко Димковски ги пишувал тие писма ти паѓаат во вода. Цанков во неговата книга "Македонското прашање и Балканскиот сојуз" која е од 1906 година, и самиот потврдува дека тоа востание е кренато од страна на македонскиот народ.
Ја кријат таа книга и изопачуваат се што не им оди во прилог на "словенобугарската" фантазмагорија измислена во 19 век.

" Македонското прашање е стара тема за која многу се пишувало и говорело, не само кај нас во Бугарија, но и насекаде во туѓина… Но стремежите на дел од бугарската и српската млада интелегенција, незадоволна од трезвено согледување на тоа многу спорно прашање меѓу нас балканските народи – македонското, ме принудува јавно да се произнесам за пламтежот во возбудените души на младиот Бугарин и Србин. …

Јас тргнувам од принципот дека во политиката има многу малку идеализам. Никаде на друго место освен во политиката грубиот материјален интерес нема таква значајна улога. … ќе се обидам да докажам дека единствениот благопријатен услов за натамошниот напредок на балканските државички, за нивната самостојнот, се темели единствено врз нивниот сојуз заснован на: автономна Македонија. Македонија, таа страдална земја, гробница на многу маченици и јунаци, може да стане гробница и на слободата на Балканскиот Полуостров, ако продолжи да биде јаболко на раздорот. Ако Македоннија меѓу нас раѓа национална омраза, антагонизам, ако на неа ние гледаме, не како на земја измачена, онеправдена, натопена со крв и плач која од нас бара помош, и тоа високо доблесна помош, а не како на плен, подготвени во првиот поволен момент да го поделиме. …

За почетокот на македонското движење не може да се определи хронолошки точен датум. Тој се совпаѓа со почетоците на слободарските стремежи кај сите јужни Словени поробени од турскиот режим… Ете зошто, кога се обидуваме да го окарактеризираме движењето и да ги откриеме првичните моменти на настанокот, ние треба да ги разоткриеме заедничките фактори кои дејствувале и кои имале решавачко значење во развојот не само на македонското прашање туку и за сите поробени балкански народи под турска власт, а најмногу за нас Бугарите кои сме многу блиски со Македонците. (…) Покрај другите несреќи на Македонците, сè уште под ропство, им тежат и неподносливите даноци. Даноците стануваат уште потешки и неправедливи поради нивното нередовно и неправилно собирање. …

Под влијание на изненадувањето дека Македонија, според решенијата на Берлинскиот конгрес, одново Ќе остане турска провинција, поинтелегентните Македонци во Бугарија, Источна Румелија и Македонија, уште кон крајот на 1878 година, го организираа веќе познатото „Кресненско востание“. ...

Генералот Ив. Цончев застанува на чело на Комитетот и целото македонско движење, не во Македонија туку во Кнежевството. Тој ја презеде зацртаната завојувачка политика и ја продолжи неуморната и непрестајна борба со внатрешните македонски дејци. Нешто повеќе, тој се потврдува како најнемилосрден прогонувач на внатрешните дејци чиј единствен грев за таа бедотија е дека тие остваруваат поинакви национални идеали.

Внатрешните борци за слобода на Македонија добро ги знаат општествените односи на народностите кои ја населуваат Македонија, и ним им се туѓи погрешните и погубни завојувачки стремежи на бугарските, српските или, ако сакате, на грчките влади, кои наоѓаат добар реализатор за своите интереси во Организацијата, како комитетите на Цончев и нему сличните во Бугарија, на оној на Атанацковиќ или на Шовинистичкото друштво „Св. Сава“ во Србија и севкупната организирана пропаганда во Кралството и во Македонија. Внатрешните дејци инспирирани од вистинскиот дух на слободата на својата татковина сакаат независна или најмалку автономна Македонија… Спознавајќи ја лошата судбина која може да ја зграпчи нивната татковина Македонија…тие борци водат непрестајна и крвава борба, како со тиранот Турчин, така и со сите дрзници што посегнуваат кон нивниот идеал „Македонија на Македонците“.

Балканските држави Бугарија и Србија (и останатите балкански држави, особено Грција) не водат разумна политика спрема Македонија. Тоа е јасно како бел ден и нема потреба да докажувам дека тие се стремат целосно да ја присоединат Македонија или да ја разделат помеѓу себе. Како што секому му е јасно дека во 1897 година со одобрување на Русија се водеа преговори меѓу бугарската и српската влада за таканаречените „сфери на влијание“ во Македонија. …

… Друг фактор што неоспорно ја зајакнува завојувачката политика на балканските држави е македонската емиграција. Во Бугарија нејзиното влијание е посебно силно. Многу од државничките места се заземени од македонски емигранти. Како што се одвиваат работите во Бугарија, Македонецот станува полноправен граѓанин. Има можност да учествува во управувањето и во општествениот живот на државата. Може да врши не само морално влијание над бугарското општество, како несреќен бегалец предопределен да го помине животот далеку од татковината, но и директно да влијае врз политиката на бугарската држава.

Од друга страна, емигрантот Македонец што ја загубил живеачката во својата татковина, доаѓајЌи кај нас ги преценува сите предности на нашиот политички режим… верува дека неговата егзистенција ќе се подобри, ако наместо Турција, негов господар биде Бугарија, која, како што размислува тој, Ќе му ги врати сите нешта: имотот, домот, заедно со сите граѓански права и друго. Тие чувства на несреќниот Македонец умеат бескрајно да ги експлоатираат бугарските влади. Така тој, совршено чист во своите чувства, но затоа пак лесноумен, несетно станува оружје на злокобната политика, која веЌе долги години ја водат бугарските државници кон Македонија и кон бугарскиот народ. …

Најнапред нашите, и бугарски и српски стремежи, немаат морално чиста основа. И ние, и Србите, и Грците со своите и најмали аргументи за претензии кон Македонија ниту сме способни, ниту пак доброволно ќе одиме да војуваме со Турција, од една братска желба да му дадеме слобода на еден страдалнички народ, зашто нашите погрешно разбрани стопански и политички интереси нè наведуваат да имаме поинакво однесување. Да криеме ли, и зошто се мачиме да го лажеме светот, оти не ќе спроведуваме една освојувачка политика кон Македонија? ...

Тврдам дека сето тоа добро го знаат некои македонски дејци и јасно согледуваат, дека на Македонија не и останува ништо друго освен самата да војува за својата слобода. Тие со години го подготвуваат и го подигаат умственото и морално ниво на масите, за да станат способни и достојни сами да си ја извојуваат својата слобода, а не од некого да им биде подарена, како незаслужена мислост. Тие го подготвуваат Македонецот да војува и неколкупати веЌе беше потпален слободарскиот оган зад Родопите и Рила. …

… А, поделбата на Македонија, поради нејзините специфични етнографски и стратешки услови никогаш нема да ги задоволи трите држави, Бугарија, Србија и Грција. Со тоа националните непријателства Ќе се заострат уште повеќе, ќе се засилат борбите и на Балканскиот Полуостров одново нема да има мир. …

Очигледно е колку погрешни и погубни се нашите, бугарски, српски и грчки претензии спрема Македонија. (…)

Четирите балкански држави, Бугарија, Србија, Македонија и Грција се подеднакво економски развиени, па, тврдам, дека прелагите меѓу нив самите не влијаат значително за да имаме реална основа за некакви економски и политички противречности на нашите интереси. …

Со еден разумен царински сојуз, со поволен договор за нашиот транспорт, со еден збор, со добри трговски договори постигнати меѓу нас Бугарија, Србија, Грција, Романија и слободна Македонија, ние ќе имаме многу подобри и загарантирани резултати, отколку со бескорисно зголемување на нашите територии, било со делби или со целосно присоединување на Македонија, коешто и без тоа нема да го дозволат европските сили. …

Откако го изнесов и гледиштето дека поделбата на Македонија или нејзиното целосно присоединување кон една од балканските државички, освен што нема да биде дозволено од европските сили, кои имаат поинакви намери спрема Балканскиот Полуостров, погубни за нив, не останува никаков сомнеж дека разрешувањето на тој современ проблем, македонскиот, лежи само во закрепнувањето на Македонија во една самостојна државна единица, заедно со другите балкански држави. Само самостојна и слободна Македонија е влогот за опстојба на Балканскиот Полуостров. …

… Но тоа, повторувам, ќе биде кога од Македонија ќе направиме не бугарско, српско или грчко прашање туку една општа културна кауза, за слободата на една поробена нација, најпосле и за нашата сопствена самостојност и слобода. "

ИЗВОР: Александар Цанков, Македонското прашање и Балканскиот сојуз, Скопје, 2008, стр. 40-42, 49, 58, 61-62, 68, 87-93.

http://www.scribd.com/doc/37200967/M...andar-C-Cankov
 
Член од
9 март 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
219
Ја кријат таа книга и изопачуваат се што не им оди во прилог на "словенобугарската" фантазмагорија измислена во 19 век.

Македонското прашање е стара тема за која многу се пишувало и говорело, не само кај нас во Бугарија, но и насекаде во туѓина…

ИЗВОР: Александар Цанков, Македонското прашање и Балканскиот сојуз, Скопје, 2008, стр. 40-42, 49, 58, 61-62, 68, 87-93.

http://www.scribd.com/doc/37200967/M...andar-C-Cankov
От истата книга:
Polojbata na makedonskite selani ushte poveke se vloshuva po
osloboduvaweto na Bugarija i Srbija. Po osloboduvaweto na ovie zemji
vladeeweto na Turcija prodolji samo vo Makedonija. Togash site
mohamedanci i ostanatite od oslobodenite zemji i provincii, poradi
razvojot na nastanite, pobegnaa, se rasprskaa, emigriraa i se naseluvaa i
vo Makedonija. Preselbite se sluchuvaa za smetka na imotite na
hristijanskoto bugarsko naselenie - im se odzemaa i se podaruvaat na
“muhaxirite”. Taka se razgrabani golem broj bugarski sela i na nivno
mesto se naselile Turci ili Cherkezi i Tatari poznati po svoite yverstva
nad mirnite Bugari. . .
. . . Vo 1878 godina se proklamira San - Stefanska Bugarija,
shto na pochetokot na 1879 godina, na Berlinskiot kongres, ne bila prifatena,
a teritorijata na Makedonija odnovo e dadena na Turcija. Koga ednash
na takov nachin se sozdade slobodata na Makedonija, iako taa beshe kratkotrajana
ili poveke fiktivna, makedonskiot narod ne mojeshe odnovo taka lesno da se pomiri
so poraneshnata sostojba. Toj odnovo poveduva borba. . . . .
Знаеш биографиjата на Александар Цанков?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom