Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
22 февруари 2022
Мислења
22
Поени од реакции
45
Микроеволуција*
За макроеволуција доказите се сеуште слаби ( скоро непостоечки ).
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.131
Пошто живееме во демократија и секој има право на мислење и ако верува дека предците негови настанале од мајмуни ја немам проблем со тоа,моите не се и секој нека се идентификува со своите за кое мислам дека е фер инаф онака демократски гледано...:coffee:
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
184
Поени од реакции
742

По твоите сопствени убедувања и логика твоите предци испаѓаат инцестоидни па сеа ти пресуди шо е полошо
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.131
По твоите сопствени убедувања и логика твоите предци испаѓаат инцестоидни па сеа ти пресуди шо е полошо
Хмм во право си...го замислувам парот мајмуни као предци на Његош (го земам као пример) и неговите врвни мисли од кои и небото "прави" реакции од типот-Woowww п.с."Блиска" ми делува конекцијата од неговите предци мајмуни до него...:coffee:
п.п.с.Мајмунот и пред 500 години барал само банана а и во денешно време не е нешто поразлично,толку му е црпката и тогаш и сега...:coffee:
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.655
Поени од реакции
11.685
Пошто живееме во демократија и секој има право на мислење и ако верува дека предците негови настанале од мајмуни ја немам проблем со тоа,моите не се и секој нека се идентификува со своите за кое мислам дека е фер инаф онака демократски гледано...:coffee:
Требало со bold да биде и верува зборот.

Што ако не верува некој дека предците негови еволуирале од мајмуни, ниту пак верува дека еврејскиот бог ги создал како готова креација со сите грешки кои ги носиме како луѓе? Зошто постојано Дарвин и црквата се повикуваат во овие дискусии?

Што ако едноставно не знае човек за своите предци (и се обидува да разбере за настанувањето на светот, не да верува), а не може никако да верува во еврејските догми кои се пренесоа како рак во христијанството и исламот? Страшно е да не се знае, полесно е да се верува и да се повикува некој на „свети книги“ кои даваат „историски и научни факти“ за универзумот?

Премногу се води војна околу зборот „верување“.

Кои се тоа твоите? Твоите се евреи?
Бидејќи Берашит или Битие е дел од еврејската религија, од која корени влечат христијанството и исламот, со големи модификации и надополнувања :coffee:

P.S. И човекот пред 500 години ширел омраза заради религија, и сега шири омраза заради верување. Толку им е црпката.

500 years are as Nothing for Nuit, continuous one of Heaven.. . :love:
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...се додека не научиме да ги почитуваме туѓите верувања нема да научиме да ги сакаме своите :)
...не секој човек му е потребен лајт мотив,религија,философија,научно мислење или нешто што ќе го води во животот
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.655
Поени од реакции
11.685
...се додека не научиме да ги почитуваме туѓите верувања нема да научиме да ги сакаме своите :)
...не секој човек му е потребен лајт мотив,религија,философија,научно мислење или нешто што ќе го води во животот
Се додека не научиме дека не може да се повикуваме на религите за да дадат одговор зошто човекот не може да скокне доволно силно со своите нозе за да ја прескокне оградата од 3 метра, се додека не научиме дека не може една религија да е добра, а другата зло, се додека не научиме дека променливоста во знаењето и искуството на човештвото Е во крвта на човекот - ништо не правиме...

Ќе скокнат сега дека и науката не може да се повика да го дефинира божественото... но може да се повика. Штом е нешто напишано, дел од историјата на човештвото, може да се анализира, да се најдат врските со старите учења, да се откријат тајни патеки од едно до друго време, зошто, како, кога и кому...
Се што е поврзано со човекот и човештвото - може да се проучува!

Чии ритуали се избришани и чии се видоизменети? Кои книги се забранети или запалени, кои се оставени и зошто? Кој е тој „свет дух“ што одлучил мажи да се договорат ко убијци кои книги да бидат уништени, чии знаења да се прогласат за зло во името на новиот „добар бог“?

Како што велат креационистите, поточно верниците и припадниците на старо-еонските религии: ништо не е променето кај човекот.

А реално, не е ништо променето во нивната крв, во нивното искуство - едно та исто, една та иста догма, воопшто неизменета во сржта!
И во таа догма сакаат сите да веруваат и да се „крстат“ дека тоа е реалноста...

Не може така, не дозволуваме да е така повеќе... :coffee:
Може да се верува и да се има надеж во куп религии и чудни волшептсва - но ако тоа е само за да депресивниот не си го одземе животот или наркоманот да не си ја зеде дозата, или убиецот да има страв од „божја казна“ - тоа верување е само проклество, не дава промена, туку само држи во пранги еден ѕвер скриен во човекот!

Мора да се знае дека променливоста е во сржта на универзумот! Не постои постојаност, освен постојаноста да се менуваат нештата, заради искуството... заради промената...

„500 години мајмунот сеуште бил мајмун... “ или „секој со своите, креационистите со нивната идеја за бог и како тие се ете, скоро чекор до ангели (а тие реално се подли безрбетници кои за секунда може да се наполнат со омраза заради едно верување), оние кои повеќе се за еволуција и промена и дека нештата се менуваат, со мајмуните (која проклета ниска навреда скриена зад некакво си учтиво глаголање на форумов)“ ...

Глупости. Ограниченост и глупости. Неразбирање на различноста во светот им дава „света сила“ на оние кои сите сакаат да ги турнат во нивните религии, како највистинити, реални, учења кои даваат најмногу за човекот - и не сакаат да слушнат за друго, другоста е зло, сатанистичка збирштина која сака да ја турне „старата добра религија на добриот бог кој казнува ако не се прифати како единствен, со едно име, со едни ритуали, за сите!“
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.131
Што ако едноставно не знае човек за своите предци (и се обидува да разбере за настанувањето на светот, не да верува), а не може никако да верува во еврејските догми...
Ако за некои работи не знам со сигурност за една работа знам-човекот не настанал од мајмун и може да дроби кој што сака и да дипломира и гради кариера на такви глупости...
Кои се тоа твоите? Твоите се евреи?
Не знам не сум идел толку "длабоко" а и не ми е битно тоа...Мене ми е битна живата вера на која припаѓам сто пати докажана и која функционира беспрекорно... :coffee:
P.S. И човекот пред 500 години ширел омраза заради религија, и сега шири омраза заради верување. Толку им е црпката.

500 years are as Nothing for...
Еве ај не 500 нека бидат 1000 години на генерации и генерации мајмуни кои до сега ако ништо друго барем ќе ја научеа-брзај брзај прваче до толку ќе еволуираа,што ги спречува да еволуираат пред "наши очи"?
 
TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.288
Неверојатно е како функционира човечката перцепција, на пр. гледаш ролекс саат на Марс и бактерија. Ролексот е милијарди пати попрост механизам но сепак никогаш нема да се посомневаш дека некој го направил, додека за бактеријата ќе тврдиме дека настанала по пат на еволуција а е нешто за што ни треба милијарда години за да сфатиме како функционира.
Креационизмот е евидентен, ама како и што е веќе прашањето од милијарда долари.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.655
Поени од реакции
11.685
Кога нешто не ти е битно, и само ти е битна религијата - не може да зборуваш вака површно за нештата и за еволуцијата бидејќи се коси со твоето верување. И потајно да навредуваш во стилот „секој со своите“ - глупо е и некако живата вера ти замина во умрено...

Ти за живата вера би умрел, маченик. :coffee: Твое право, таков си и тоа е тоа... ништо страшно, сепак си човек.
Дури и самиот да согледаш дека еволуцијата и промената се во „генот“ на универзумот - заради еврејските школи, добро средени во христијанските догми (видоизменети) ти сешто би зборувал за да има смисла „живата вера“ и не би одстапил од верувањето во христијанската догма, дури и сето тоа ќе го гледаш како искушение, нели?

Зошто да нема еволуција (борба за живот на најспособните и оние кои најдобро се менуваат и себе и околината) и што толку најдовте вие кои сте верници во христијанството да наоѓате чудна омраза кон тоа?
Не се мајмуните целата причина за тоа... :coffee:

Омраза кон тоа дека религиите се само за едно нешто, а науката со своите истражувања е за се што е поврзано со човекот и човештвото?
 
TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.288
A koj go sozdal kreacionistot, e toa e prasanje od mnogu milijardi dolari :cautious: .
Имаш еден атом на водород, и он лутал низ универзумот и се нашол со уште еден. Они создале дружина од два водородни атоми, и така лутале и сретнале уште еден и т.н. После милијарда години и создаден облак од водород настанало сонце.
Дали е битно како настанал водородниот атом у приказнава?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.769
Поени од реакции
21.179
Имаш еден атом на водород, и он лутал низ универзумот и се нашол со уште еден. Они создале дружина од два водородни атоми, и така лутале и сретнале уште еден и т.н. После милијарда години и создаден облак од водород настанало сонце.
Дали е битно како настанал водородниот атом у приказнава?
Mene mi e bitno, za tebe neznam.
Baska za da bides kreator moras da bides kade kade poslozen od atom na vodorod.
Taka da prasanjeto stoi. Koj go sozdal kreacionistot?
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.131
Кога нешто не ти е битно, и само ти е битна религијата - не може да зборуваш вака површно за нештата и за еволуцијата бидејќи се коси со твоето верување. И потајно да навредуваш во стилот „секој со своите“ - глупо е и некако живата вера ти замина во умрено...

Ти за живата вера би умрел, маченик. :coffee: Твое право, таков си и тоа е тоа... ништо страшно, сепак си човек.
Дури и самиот да согледаш дека еволуцијата и промената се во „генот“ на универзумот - заради еврејските школи, добро средени во христијанските догми (видоизменети) ти сешто би зборувал за да има смисла „живата вера“ и не би одстапил од верувањето во христијанската догма, дури и сето тоа ќе го гледаш како искушение, нели?

Зошто да нема еволуција (борба за живот на најспособните и оние кои најдобро се менуваат и себе и околината) и што толку најдовте вие кои сте верници во христијанството да наоѓате чудна омраза кон тоа?
Не се мајмуните целата причина за тоа... :coffee:

Омраза кон тоа дека религиите се само за едно нешто, а науката со своите истражувања е за се што е поврзано со човекот и човештвото?
Дефинирај го зборот-омраза затоа што не знам што значи,во мојот пост никаде го нема тој збор а обично избегнувам да пишувам нешто за кое не сум сигурен кој му е наративот и што значење "вади"...:coffee:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom