Пред да има некаква забуна, цитираните линкови ја потврдуваат еволуцијата. Слободно прочитајте ги.
1) Каков
доказ сакаш? Да те однесам во моментот кога првото растение настанало?

Со помош на дедукција и знаењата од областа на биологијата и екологијата, да можам. Дали ќе ти биде доволно? Не верувам, веќе и самиот целиш кон нешто друго.
2)Можно е да постоел и може да го викаме и Миле. Е сеа дали е можно да постоел објект со растенија кој немал надворешен извор на енергија и одеднаш во непосредна близина му се јавила
ѕвезда? Малце потешко. Температурата на тоа тело би била константно под нулата, земи го за пример Плутон како објект кој скоро и да не добива зрак од сонцето. 44 келвини просечна температура, 55 келвини највисока .Со појавата на ѕвездата би се создал момент на нагло растење на истата животот каков и да е бил до тој момент драстично би се изменил. Растенијата и животинскиот свет, доколку претпоставиме дека биле слични на овие на Земјата, сигурно би изумреле. Одредени поедноставни форми на живот сепак би имале поголема веројатност за преживување.
3)Еве ти една аналогија. Дали ти без знаење и можност да направиш компјутер, можеш истиот да го користиш?
Еволуцијата не е телеологична, не е потребно познавање на истата за да се одвива,не е потребно да се знае , ниту постои термин како научно и правилно еволуирање на видовите.