bobi2008
_
- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 2.681
- Поени од реакции
- 182
Сигурно е дека животот на земјата ќе го снема со "умирањето" на Сонцето за околу 5 милијарди години.
Што мислите, дали Земјата ќе издржи до тогаш? Дали ќе падне некое небеско тело, дали човекот со војните и многубројните оружја за масовно уништување ќе придонесе во уништувањето на поголемиот дел од животот, дали ќе придонесат некакви болести, климатски промени, и слично, или човекот толку ќе напредне во технологијата што ќе може да го спречи уништувањето?
Или додадете некои ваши мислења.
Додаток цитат од темата која ќе ја спојам со оваа - со цел да ја прошири и насочи кон нашата технолошка деградација (Апокалипто)

Горан напиша:Одамна сретнав една страна со колекција на End-of-World сценарија.
http://exitmundi.nl/
Ги има голем број сценарија поделени во 4 категори: Вселена, Земја, Наука и Религија.
Ај да претставам и едно од поинтересните:
THE BORG
Како почетна идеа е земена расата Борг од Star Trek. Според сценариото со напредокот на технологијата самите ние ке станиме киборзи. Се би почнало со некои видови на мозочни импланти кој треба да ни го напрат учењето а воедно и животот полесен. Со текот на времето сите ќе бидиме поврзани на една мрежа (нешто како интернетот) од која ќе црпиме информации ко ќе ни бидат потребни.
Бидејќи ќе имаме hardware во нас и ние ќе бидиме во опасност од вируси или некој вид на spyware , шо значи еден добар вирус и некој ќе можи да ни ги чита мислите па дури и да не контолира.
Програмите веќе се развиват до тој степен шо и денес има некои кои се "самоуки", поточно самите еволуираат и станват попаменти. Шо ако вирусот кој шо не нападнал е баш таква програма? И бидејќи сите сме поврзани на една иста мрежа ако една личност е заразена најверојатно ќе се заразат и многу поќе.
Еден момент е се ОК , а веќе следниот парче технологија ни ги контролира телата.....
Resistance is futile
Сега шо мислите вие, каков крај ќе не снајди?
ПС. Знам дека веќе има тема кај шо се дискутира крај на светот, ама е фокусирана на едно сценарио па зато отворив нова.