Крахот на западната цивилизација

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.971
Постов е добар и треба да се постираат вакви постови, без разлика што не се на Македонски.

Е сега друга работа е што овој е обоен до даска т.е. е поддржувач на Обама.


Сега мое мислење.

Ова што се случува во моментов е кулминација на односите во глобалниот свет. Светот стана премногу глобален, но функционираше со закони и односи од 19 и почетокот на 20 век.

Сега е дојдедно време да се балансира работата. Страшно е што 'балансирањето' може да биде и крваво.

Падот на комунизмот како да означи почеток на безкропулозен капитализам, кој проба да се врати на своите корени од 19 век.
Се занемарија основните правила на секое модерно капиталистичко општество, за силна регулација и недозволување на монополи.
Ситуацијата дојде до таа точка што дојде до дерегулација во многу сектори, а посебно во финансиските институции под мотото на 'отворени' пазари, ниски камати и поголем 'развој' на економијата. Под тој превез се стаса до опасно делување во банкарскиот сектор, до стварање на гиганти т.е. монополи и од друга страна доведе до милијарди сомнителни трансакции на кои што бевме сведоци во последните години.

Дури и монополи како ATT и Bell кои беа раздвоени поради монополистичко дејствување, беа повторно споени.

Последиците беа очекувани и најавувани од повеќе страни.

Сега најпосле дојде крајот како што велат повеќето аналитичари и од сето ова во најмала рака ќе излезат нови закони кои ќе го регулираат капитализмот да функцинира како што треба во услови на глобална економија. Најверојатно и односите на политички план ќе се променат во наредните 10 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom