Краткорочни Интернет Пакети

Член од
16 ноември 2017
Мислења
15
Поени од реакции
5
Здраво,
Потребно ми е да седам во Скопје Кисела Вода за 3 месеци. Како што гледам голем дел од услугите на интернет се базират на пакет од 2 години.
Дали има опција да се склучи договор за интернет (оптички) од само 3 месеци или да се плаќа месечно, за секој месец посебно без договор?
Ако да, кај кои провајдери ја имат та опција, и според ваше искуство кој провајдер е "подобар" и нуди постабилен интернет во регион Кисела Вода?
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
8.921
Поени од реакции
21.382
Телекабел. Колку што знам немаат договори ниту услови за вклучување - исклучување и ги има на цела територија на град Скопје.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.357
Поени од реакции
11.265
Здраво,
Потребно ми е да седам во Скопје Кисела Вода за 3 месеци. Како што гледам голем дел од услугите на интернет се базират на пакет од 2 години.
Дали има опција да се склучи договор за интернет (оптички) од само 3 месеци или да се плаќа месечно, за секој месец посебно без договор?
Ако да, кај кои провајдери ја имат та опција, и според ваше искуство кој провајдер е "подобар" и нуди постабилен интернет во регион Кисела Вода?
Македонски Телеком ги нуди своите Интернет пакети со договор на неопределено, но затоа за истите наплаќа поскапо и плус наплаќаат 2000 денари еднократен надомест за монтажата на оптичкиот кабел и на опремата.

Само немаат објавено колку изнесуваат месечните претплати со договор на неопределено.

https://www.telekom.mk/content/pdf/Internet дополнителни информации - 13.10.2023.pdf

Неотел го нудат својот најевтин пакет за оптички Интернет 50/50 по цена од 1390 денари месечно со договор на неопределено и плус наплаќаат 1490 денари еднократен надомест за монтажата на оптичкиот кабел и на опремата.

https://neotel.mk/fiber-50-opticki-internet/

Неотел го нуди својот оптички Интернет преку сопствената оптичка телекомуникациска мрежа таму каде што истата е достапна, а таму каде што нивната оптичка мрежа не е достапна изнајмуваат оптички приклучок и опрема од Македонски Телеком. Конкретно во Кисела Вода над 90% од корисниците на Неотел се поврзани преку оптичката мрежа на Македонски Телеком, што значи дека најверојатно ќе дојде технички тим од Македонски Телеком или некој од нивните надворешни приватни подизведувачи за да ти ја направи монтажата во станот/куќата.

За А1 не знам, немам најдено на нивниот веб сајт дали нудат опција за Интернет претплата со договор на неопределено, а дури и да нудат, бидејќи сакаш да користиш оптички Интернет, веројатноста е над 95% дека најверојатно ќе изнајмат оптички приклучок и опрема од Македонски Телеком, што значи дека најверојатно ќе дојде технички тим од Македонски Телеком или од некој од нивните надворешни приватни подизведувачи за да ти ја направи монтажата во станот/куќата.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom