Кражби по станови!

Член од
21 мај 2021
Мислења
662
Поени од реакции
1.406
Во 95 посто од случаите,кражбите се вршат на рандом домови најчесто.
Апашот ниту има време да прати толку долго,ниту пак повеќето би се замарале со такво нешто,а и со самото пратење би оставил еден куп сведоци и има големи шанси да биде фатен на камера.

Познавам ограбени куќи кои се невозможни за пратење.Апашот буквално треба да се намести на самата улица и со самото тоа веднаш би станал сомнителен.

Како би прател некој стан да речеме,освен ако не живее во зградата?

Многу често се случува апашите што ќе ги фатат да бидат од сосема друг град.
Во Велес пред неколку години имаат фатено двајца обивачи на станови од Кавадарци.
Колку пати се случило апашите да бидат од некое село 15-20 км.оддалечено од градот.

Гледано во пракса,да пратиш некого или некој објект без да оставиш трага е екстремно тешко.

Се знае како оди работата,одбира некој објект по мерка,ризикува,влегува и го ограбува.

Поретки се тие случаеви со пратење.
Он во неговата апашка кариера ако го прател секој стан што го ограбил,повеќе работен стаж ќе има и од работник во СФРЈ.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
Пратени станови и куќи се тие за кои што знаат дека има солиден плен внатре. Никој не прати објекти за 20-30 грама злато и 2 лаптопи. Повеќето големи кражби сепак мислам дека се дојави од блиски, особено во случаеви кога е претурано на точното место кај што се наоѓале вредните ствари.

Рандом кражби кога се ти е лом направено дома, 99% е дело на наркомани кои гледаат да земат шо најдат за да имаат пари за следна доза.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
@Forza Milan!!!
Да речеме дека не се замараат, а не дека стварно не можат да ги фатат. Ако е кражбата потешка, ќе ги најдат одма. Е сеа дали ќе има доволно докази или па арамииве ќе поткупат судии, тоа е др муабет. На поголеми кражби имаат луѓе и одвнатре, кои ги штитат.

Излезете од филмот дека сте пратени и сл. Нема теорија да ве пратат со денови/недели, за да влезат и да украдат 2 ланчина и 100е џепарлак. Ги преценувате ептен.
Такви планирани кражби може да има само ако имааат сигурен плен, тешки пари/злато да се во прашање.
Кај нас кражбите се најчесто на дојава/тип од некој познаник,или па онака стандардното вртење по улици и ако видиш дека куќава е празна, бувнуваш. Или па во згради, одат од горе до долу ѕвонат по ѕвончина и таму каде што нема даа излези никој, влегуваат тие.

Кај мене влегоа пред одреден период, уште во истата секунда знаев кој е тој што дал дојава дека немаа никој дома.
Како?
Куќата воопшто не изгледаше дека е празна. Двете коли беа паркирани во дворот, ламбите и тв пуштени. Нема теоретска шанса да влегол некој што му изгледало дека е празна куќата. Да додадам и дека во 30 години ниту еднаш не пробале ни кај нас ни кај комшиите да влезат на тој принцип, ѕвонче. Тежок е теренот и ептен можни негативни исходи има за арамијата да пробува со тие финти.
Втората опција, со професионални арамии се исфрла одма. Ни имаме пари/злато дома, ни пак кражбава изгледаше професионално, ни па украле се што може да украдат. Класични аматери. А и ако се професионалци кои не прателе, ќе влезеле 2 дена претходно, или 1 недела претходно (свадба). Барем 10 можности имаа да влезат изминатиов месец.
Е сеа, зошто влегоа сеа?
Бевме на свадба. Со нас на масатаа седеше мој 3 братучед, наркоман.
Низ муабет со мене и моите тој си потврди:
-на која улица седиме
-какваа кола возам
-дека дедо ми е умрен пред две год
Случајност?
Исто така, случајно ама арамиите што влегле се ннегова багра. Не украле ТВ, лап топ и сл, туку хилта (кога не нашле пари и злато).
Му се јавив уште истата вечер. Ако бев сигурен 99%, после муабетот бев 102%
Нели загрижен роднина, па сакаше да ми помогне. Што украдоа точно, ми вели. Или во превод, си прашува да не го заебале соработнициве.
Од полицијата не превзедоа ништо, пошто нема докази и НЕВИДЕН АРАМИЈА ПОГОЛЕМ ОД КАДИЈА.
НУЛА шанси има да не е вмешан во кражбава.
Приватно си го решив проблемот.
 
J

joli1

Гостин
Зависи за какви лопови се прави моабет.

Најголем дел од лоповиве за кои што правите моабет се обични наркоманчиња и дебили кои што ќе улетаат у куќа и ќе украдат роба од мала вредност за да си ги задоволат навиките и некои потреби, најголем дел од нив завршуваат лошо и превоспитани од страна на сопствениците на објектите од каде пробуваат да украдат.

Но, кога зборуваме за лопови на кои што тоа им е кариера и циљаат на поголемо, тогаш е нонсенс да се каже дека не ги следат сопствениците, не го нагледуваат теренот и слично.

Прво да расчистиме, можеби тука лошо малку ќе го фразирам, но лоповлукот е занает, не секој може да се бави со тоа. Зборувам за луѓе кои што тоа им е кариера, не за овие што правите моабет. Најчесто почнуваат како деца врбувани од постари лопови од маало и слично и така го печат занаетот. Пак ќе нагласам, со сериозен лоповлук не може секој да се бави и се стартува од млади години.

Не се прати објектот туку се пратат луѓето кои што живеат во објектот, кога ги напуштаат домовите, кога се на одмор, кога се враќаат, што возат, како се облечени и слично. Профи лопови го имаат тој осет да го намиришаат пленот и кај е истиот сокриен уште при првото влегување во објектот.

У најголем случај, без разлика дали се работа за куќа, стан, дуќан или нешто друго, скоро секогаш се е унапред типувано од познаник, комшија, другар, соработник, вработен или поради јавно курчење со пари.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
@joli1
Се преувеличува со ова "'мирисање на пленот''
Еден куп луѓе ми кажале дека им влегле арамии, и ниш не нашле.
Само што некој ќе бувне во 15 куќи и нема да го најде главното, и ќе опне добро во 16тата и се преувеличува декаа секогаш најдуваат се.
 
J

joli1

Гостин
@joli1
Се преувеличува со ова "'мирисање на пленот''
Еден куп луѓе ми кажале дека им влегле арамии, и ниш не нашле.
Само што некој ќе бувне во 15 куќи и нема да го најде главното, и ќе опне добро во 16тата и се преувеличува декаа секогаш најдуваат се.
Затоа и пишав дека постојат разни видови на лопови.

Сериозни лопови функционираат преку дојави како што пишав погоре, не гаѓаат на среќа.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.020
Професионални лопови нема да роварат овде, ќе одат во странство. Ретко кој од форумов би бил на пик на некој од професионаланите арамии.
 
J

joli1

Гостин
Професионални лопови нема да роварат овде, ќе одат во странство. Ретко кој од форумов би бил на пик на некој од професионаланите арамии.
Се сложувам, има куп наши и албанци со потекло од тука што прават хаос низ Европа.

Тука го печат занаетот, таму ги работаат големите.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.330
Поени од реакции
4.895
Што има во странство што нема овде? :)
Мислиш во странство постојат глупи луѓе што чуваат 50.000€ под перница дома?
 
J

joli1

Гостин
Што има во странство што нема овде? :)
Мислиш во странство постојат глупи луѓе што чуваат 50.000€ под перница дома?
Има повеќе народ, повеќе плен, подобар животен стандард и повеќе пари.

Не секој може да ги носи парите у банка Једах, некои пари се од сумљиво потекло. :)
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
241
Поени од реакции
131
Во кој филм живеете? Со полицијата биле врзани :pos:
Можеби, ама тие што читате дека опнале 50к+ евра.
Сигурно дека полицијата е врзана со рандом арамија што тресе по 3 куќи дневно. Едноставно се некадарни, а и законите ни се многу лоши.
95% од кражбите се дојава од некој близок, како што пиша некој претходно.
Не знаеш уште каде живееш. Види си на код емисии за крадење на идентитет и продавање на плацови позади водно, сопиште и соње. Само обиџуко министерот преку ноќ се стекна со имот од 60.000 м2 таму, па ти размисли си дали се или не се врзани. Да не биле врзани со полиција ќе биле во затвор.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.009
Интересна случка како локален џанак, заработува низ комшии (зборам ова за топаанско)

Продава прва лига радио за у кола за 500 денари низ комшии. После 2 дена му иде дома и му вика:
- брат, ми дојде мурија дома. Да не те мешам тебе дај ми го радиото, ќе ти ги вратам парите коа ќе имам.
Продадена финтата на 5 души минимум.



on topic: Иначе според мене, доколку можете да си дозволите, најарно е видео надзор на некоја од агенциите за обезбедување.

На пример:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom