Кражба на квадрати во станови

Член од
4 декември 2014
Мислења
302
Поени од реакции
238
И во новите згради во Парк Резиденз на Имер Селмани исто се случува, на станари им фалат по 2 квадрати
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.488
Поени од реакции
19.977
Многу веројатно е дека многу инвеститори оваа незаконска добивка ја калкулираат однапред во математиката за објектите и не е само Адора. Клучната улога ја играат приватните катастри кои или користат некоја недореченост во некој правилник или свесно прават манипулација. Дека луѓе се оштетени и уште ќе бидат оштетувани, јасно е. Не само цената на станот и евентуалните камати на кредитот (кои често се од КБ, а голем акционер е погодете кој), туку и данок на имот, некои од давачките (парно, ѓубре, на пример) и понатаму ќе бидат повисоки.
Грубо, по 1200 евра квадрат, во просек украдени 3 квадрати, плус каматите за кредитот е некаде 4000 евра што не се малку пари. Мултиплицирајте ја сумава во 100 станови во онаа населба (а ми личи дека се многу повеќе) и ете ја "филантропијата" на транзиционерски директор на рудник за злато и бакар.
За него само, може мини серија да се сними, како сите негови згради се 5 ката повисоки од околните или како успева да купи локации за градба за кои друг не може да помисли да припари до нив. Гледам дека и во самава емисија, а и во други прилики си дава на значење дека објектите му биле безбедни и одобрени од ИЗИИС - па тоа е со закон обврзано, секој објект на територија на Македонија мора да помине процедура во ИЗИИС, а не само неговите....и тоа му е калкулирано во основната цена, а не значи дека треба сам себе да си се части 3 квадрати од секој стан, па ако ти му побараш, ок, ќе ти ги врати....види мајката.
Човек што украл 100, а поклонил 1, не е филантроп, туку крадец. И 99 да поклонил, пак украл. Како го гради "имиџот", тоа сите го знаеме. Како го има стекнато примарниот, почетен капитал, очигледно малку луѓе знаат. Самиот податок дека или началникот на урбанизам или градоначалникот на Аеродром не почекале ни секунда да ги истастеришаат новинариве кажува за каков спрег се работи.
И морам да дополнам со едно непопуларно мислење, ама суштината на постоењето на вакви појави како ВЧ и сите од неговиот ков, лежи во необразуваноста и немањето однос кон животот на тие што му се клиенти. Примарно им е да живеат во Скопје или во Центар, или на некоја конкретна локација и тоа е единствениот критериум за купување стан, ништо друго.
И во земји со вековен традиционален капитализам, станбената политика не ја кројат поединци, туку јавни претпријатија, затоа што е јавен интерес, а не приватен. Ние дозволуваме градот да го обликуваат тие што им треба стан и тие што имаат пари и затоа е овој канибалистички однос воспоставен, а градовите се уништени, пред се' Скопје, Охрид и Тетово со преизграденост, а другите се опустошени.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
11.290
Поени од реакции
23.316
Легендата вели некој некогаш имал 2,3 квадрати повеќе. :D
Има многу често кај тие што купуваат во градба.
Ако не направат измена во тек на градба после за имотен ќе има циркузи. Инаку си ги доплаќаш откако ќе излезе имотниот со реалната квадратура.
Автоматски споено мислење:

Исто како да си нашол туѓ новчаник и си ќутиш! Ако инвеститорот не ти бара доплата, најверојатно и тој не знае.Може некому на катот му фалат тие 2-3 м2, ама човекот верува на документација и не си проверил.
Чекај сега масовно премерување на становите, кога ќе се дигне ука бука.
Јако ќе биде ако некој спроведе детална истрага, ќе летаат лиценци кај геодетите, уште ако проверат и по кој ставка од ценовникот им ги мерат на инвеститорите...
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.488
Поени од реакции
19.977
Има многу често кај тие што купуваат во градба.
Ако не направат измена во тек на градба после за имотен ќе има циркузи.
Инаку си ги доплаќаш откако ќе излезе имотниот со реалната квадратура.
Автоматски споено мислење:

Јако ќе биде ако некој спроведе детална истрага, ќе летаат лиценци кај геодетите, уште ако проверат и по кој ставка од ценовникот им ги мерат на инвеститорите...
Он проба да се извади со ова. Во градба или во фаза на проект е исто, затоа што ѕидовите не се со малтер, ама затоа геодетот има обврска да влезе откако ќе се заврши градбата.
Затоа ликов од Катастар неќел да потпише за зградата за која збореа, но сигурно претходно има потпишувано, според начинот на кој се изразуваше.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.609
Поени од реакции
8.187
Има многу често кај тие што купуваат во градба.
Ако не направат измена во тек на градба после за имотен ќе има циркузи. Инаку си ги доплаќаш откако ќе излезе имотниот со реалната квадратура.
Автоматски споено мислење:

Јако ќе биде ако некој спроведе детална истрага, ќе летаат лиценци кај геодетите, уште ако проверат и по кој ставка од ценовникот им ги мерат на инвеститорите...
Геодетите ионака се онадената страна, не е чудо на крај они да го кркаат стапот.
Не знам точно по која цена прават премер за упис, ама имам наслушнато бедни суми.
Плус само одредени фирми со одредени геодети си работат изгледа.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
11.290
Поени од реакции
23.316
Он проба да се извади со ова. Во градба или во фаза на проект е исто, затоа што ѕидовите не се со малтер, ама затоа геодетот има обврска да влезе откако ќе се заврши градбата.
Затоа ликов од Катастар неќел да потпише за зградата за која збореа, но сигурно претходно има потпишувано, според начинот на кој се изразуваше.
Не сум ја гледал сеуште емисијата, планирав денес да ја ислушам.
Инаку одат и по изградба да прават премер и ако видат дека е повеќе 2-3 квадрати си доплаќаш. Ако е помалку веројатно си молчат, пријатели ме викнаа да им го премерам и исцртам за нивна душа баш кај филантропов, фалеше 1.5 квадрат и парите за истиот им ги врати за 2 мин, а геодетите беа поминати со недели претходно :D
Геодетите ионака се онадената страна, не е чудо на крај они да го кркаат стапот.
Не знам точно по која цена прават премер за упис, ама имам наслушнато бедни суми.
Плус само одредени фирми со одредени геодети си работат изгледа.
За жал тие го јадат најдебелиот стап за најмала сума на сите проекти.
Жал ми е ако некој се има нафатено поради што е очаен за да фати работа, а ќе ми биде мило ако им ги скратат крилјата на тие неколкумина што станаа чорбаџии исклучиво со правење дубари, ги знаеш сигурно и подобро од мене, таков капитал не се прави од таа струка за толку кратко време со поштена работа.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.400
Поени од реакции
2.773
Имав случај со клиент кој се жалеше дека му мањкаат 2-3 квадрати корисна површина во станот кој го имаше купено во изградба. На крај излезе следново: Клиентот станот го има купено во изградба и квадратурата во договорот е по планот. Во текот на градбата клиентот побарал поинаково преградување и распоред на собите и просторот и истото му било удоволено што резултирало со тоа да има плус ѕидови од тоа што било во планот- скицата по која станот му се продал, односно квадратурата која му ,,мањкаше,, отишла во ѕидовите кои тој самиот ги побарал....
 
Член од
12 март 2009
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.862

Прво по скица не се продава стан, треба да има план, па банката страва ХИПОТЕКА на стан во градба !!!
Ова се прикаски хохштаплерски, како што имаше скоро дека земал КАПАР од 8 купувачи а за исти стан...
Ако купуваш карабина може да е така, од надворешен ѕид до друг надворешен ѕид ( на станот).. ама друга е цена за карабина
..кај готов стан се мери од ѕид до ѕид, важи и за внатрешни ѕидови...измени во проект се друга работа, мислам дека НЕМА измени на преградни ѕидови, само подни облоги и слично, секако НЕ е 2-3м2 ако малку смениле распоред на преградно ѕидови..
а има други измени што ги прават самите изведувачи, на пример по проект ѕидот спрема скалиштето е со цигли и изолација, а го изведуваат од бетон и никаква изолација не ставаат, веројатно поради стабилност на земјотреси; е па поради тоа додека не се пушти парно во зградата РОСИ од внатре на ѕидот спрема скалиште. Со бетонски ѕид, а без изолација, добива и повеќе квадратура, а купувачот само проблеми.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.302
Поени од реакции
14.669
Јас му го спомнав овој муабет на пријател што купи ново изграден стан и тој како ми вика: "Нормално е ова, во договорот стои дека може да има +- 3 % од иницијалната квадратура што си ја платил".
Дали стварно постои ваква ставка во договорите??
Како е можно со таков договор да се избавиш од непочитување на законот.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
405
Поени од реакции
353

Таков договор не смеат да заверат нотарите, точно мора да се наведе колку м2 и колку е цена по м2 т.е. вкупна цена, ама во преддоговорите се' се наведува затоа што само се заверуваат потписи и нотарот не го интересира содржината, тоа вообичаено се преддоговори кои не се составени и заверени од адвокат, но доколку сакаат да го солемнизираат тој преддоговор, тогаш ниту адвокатот кој го составува нема да стави таква одредба ниту нотарот ќе солемнизира договор со таква одредба. :)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.851
Поени од реакции
5.292
И во колкав рок важи ова со премерите, на пример си се вселил во зградата, имаш имотен лист и по некоја година ти текнува да премериш. Ти прават поврат или тоа е тоа.
 
Раелно ако ти излезат помалку м2 од тоа што е запишано во договор па од Катастар извршат корекција во имотен лист, можеш да бараш да ти врати инвеститорот (продавачот) пари за м2 кои не ти ги продал, барањето застарува за 5 години од денот на солемнизација на договорот за продажба.
Ова право ти следува заради стекнување без основ од страна на продавачот, и тоа што го стекнал без основ од тоа што е запишано во договорот треба да го врати на купувачот плус со камата затоа што во случајов се работи за стекнување без основ на одреден износ на пари.
Ако те интересира нешто конкретно пиши ми во порака.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.711
Поени од реакции
873
Интересно е што темата за становиве ја започнав токму јас пред 11 години (па ме имаше во прилогот на ИРЛ)

Можам да ви кажам и од аспект на станар токму на Февруарски Поход споменатите згради.

Еве ако чита некој новинар може да се информира за сите работи (позитивни/негативни)

Крадење на квадрати

За крадењето на квадратура во становите се разбра некаде 2017 година. Неколку станари се посомневаа во квадратурата на просторот (како, не знам) и си повикаа фирми да им ги премерат становите.

Јас конкретно си повикав лице кое ми направи премер и кај мене недостасуваа 1.36m2.

2017 година кога се јавив во Адора, звучеа како да се изненадени, а веќе некои од комшиите со кои разговарав ми кажаа дека веќе им префрлуваа пари за „украдените“ квадрати.

Две години подоцна

2019 година, разговарав со претставници на Адора. Луѓето точно знаеја за која квадратура се работи (што значи, точно знаеја колку „украдоа“ од сите станови) и веднаш ни понудија две опции:
- Финанско обесштетување
- Паркинг простор во гаражите со наша доплата

Официјалното објаснување е дека становите биле мерени додека зградата била карабина и со изолацијата на ѕидовите се изгубила квадратурата. Да сум дете да ме лажат - не сум :)

Јас направив соодветен договор што мене ми одговараше и бев „обезштетен“ за 1 квадрат (оти според законот за „заокружување“).

Позитивни искуства со Адора

За разлика од останатите изведувачи на згради во Скопје, конкретно како станари во овој комплекс на згради имаме постојано поддршка од страна на Адора.
Имаше некои оштетувања за време на земјотресот во 2016 година (пукнала цевка меѓу спратови, паднати бојлери и сл.) - Адора го превзеде целиот трошок и на сите им беше излезено во пресрет.
Ако се сеќавате имаше и скандал со лифтовите (МакЛифт vs станарите vs Адора). Со медијација на Адора, проблемот беше надминат.

Пред се тука беше заложувањето на Драгана (ќерката на Чифлиганец) и нејзниот професионален однос.

Морам да признаам, барем моето искуство до сега е дека зградите се доста квалитетни и навистина не се штедело на материјали. Тоа што го имам видено во други станови во истата населба, квалитетот на материјали, дограма, плочки е далеку подобар од Адора.

Во соседството Адора важат за најдобри згради.

Посериозен криминал од крадењето квадрати

Има далеку поголем криминал (не само на оваа улица) отколку крадењето квадратура.
Особено „Купи куќа, купи стан“ анекс договорите, не сервисирање на трошоци на одржување на паркинзи од страна на Адора (иако се доминантен сопственик на плацевите, па ние станарите си плаќаме) итн итн.
Сето тоа се големи суми напари (далеку поголеми) отколку крадењето квадрати.

Зошто народот не пријавил?

1) Што експресно луѓето се обезштетени и без многу натегања
2) Излегувањето на Адора во пресрет во неколку наврати на станарите
3) Го знаеме системот на правда во Македонија и дека никогаш нема да излеземе на крај во судските лавиринти особено со моќници како Чифлиганец.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom