Повод за темата: Ќе дозволи ли МПЦ-ОА грчки фанариот да ѝ шефува во Скопје?
Во последните неколку години, внатре во МПЦ-ОА се случуваат турбуленции кои длабоко ги загружуваат православните христијани во Македонија.
Прво, налудничавата одлука да се бара бугарската црква да ја посвои МПЦ за “ќерка црква“, под силно влијание на една мистична грчко-бугарска струја раководена од Бигорскиот манастир.
Второ, шпекулациите меѓу упатените дека тројца од владиците во Светиот синод работат за интереси против МПЦ.
Трето, невообичаено силното влијание врз МПЦ на епископот антаниски Партениј, кој е индоктриниран во манастир на Света Гора, Грција.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј не смее да одговори позитивно на барањата и молбите што неодамна му ги испратија претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев за признавање на Македонската православна црква (МПЦ-ОА), бидејќи, во спротивно, би ги прекршил каноните... Но, од друга страна, пак, вселенскиот патријарх Вартоломеј веќе еднаш го стори тоа со Црквата во Украина кога во декември 2018 година ја прогласи за автокефална, а за нејзин поглавар го назначи Епифаниј.
Постојат три многу важни работи кои се наведени во томосот што го потпиша вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефална црква во Украина, кои, во основа, наместо автокефална, Црквата на Украина ја прават потполно потчинета црква на Константинопол... Втората работа е тоа што сите спорови во Украина треба да ги решава вселенскиот патријарх, а третата, и можеби најважна работа, е тоа што Црквата на Украина нема право да формира свои цркви во дијаспората, туку Украинците во светот треба да бидат под капата на Вселенската патријаршија.
...Ова, во превод значи дека вселенскиот патријарх има свој егзарх во Киев, кој ќе го информира за сè што се случува во Црквата на Украина, а освен тоа, тој би имал задача да ги контролира и да им дели совети на тамошните владици.
Митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, вели дека за евентуалното прифаќање на фанарски егзарх во земјава мора да одлучува Синодот...