Кој се збогатувал во ЕУ од лагата за “глобално затоплување’’

Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Така е, од друга страна супер е вадењето нафта. Бесконечни полиња со платформи за испумпување нафта, транспорт на истата до рафинерии, процеси што се страшно огромни потрошувачи на енергија, па од рафинеријата транспорт илјадници километри до рандом земја.
Притоа, којзнае колку пати доаѓа до излевање на истата.

Настрана фактите што и за обичен автомобил се троши горе долу истата енергија и емисија на гасови.
А да, и се финансираат диктатори кои потоа испорачуваат тероризам... најчесто.
Да, и профитот оди во мал број луѓе.
Да не заборавам, за таа нафта се водат војни каде гинат милиони, СУПЕР!

Значи имаме процес кој, ја уништува природната средина (цели брегови во Венецуела, исечени огромни шуми во Канада за обработка на нафтените песоци, бушење во океани, огромни платформи чија изградба и одржување троши енергија колку еден среден град) притоа трошејќи огромна енергија за транспорт, каде заради профитите на мал број луѓе и заради моќта, во војна туркаат цели земји каде страдаат милиони плус десетици милиони кои се директно погодени од војните.

На крајот останува нешто ситно за финансирање кретени за пропаганда како овој погоре.

Да, електричните возила се проблемот.
А кој кажа дека користење на фосилните горива е топ за природата и луѓето? Полесно ти е да пренасочиш муабетот, него да демантираш тврдењата.... (y)

Темата е кој се збогатува од лагата дека СО2 е причина за глобално затоплување и моите постови се исклучиво на таа тема. Ниту СО2 е виновно, ниту па тоа што го нудите како алтернатива ќе намали СО2. Затоа друга опција е потребно да се понуди, а не исти ку*, друго пакување, со чие прифаќање, сами ќе се затвориме па и самоубиеме.

Да, штетно е вадење на јаглен, нафта, уништување стари шуми, но опцијата која ја нудиш е исто штетна, а за да го задржиш истото темпо на развој и животен стандард, уште поголема штета ќе се предизвика, или па народ ќе мора да живее во затвор.
Бројка на електрични возила нема ни 50% да има од сегашната бројка на возила со внатрешно согорување, па кога ќе сакаш некаде со кола да идеш, ќе мора прво дозвола да побараш, па ќе дојде такси електрично возило.
Прочитај за 15 minute city, како планираат да функционира општеството и кажи дали се согласуваш со таквиот робовладетелски систем.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Јас еве многу би сакал фосилните горива некако магично да ги снема, да станат надминати како потреба... Но што ќе ги замени?

Нуклеарна енергија од фисија се надевам нема да спориме дека не е одговор. Обновливите извори се недоверливи затоа што не се достапни постојано а складирањето на енергијата е скапо и неисплатливо. Фузија е сеуште далеку, еве пред некоја недела се израдував дека овојпат е навистина најава за брејктру ама испадна дека и овојпат е само уште една најава дека напредокот е блиску. Ќе било за едно „10-ина година“ (по не знам кој пат). И нормално дека е споро, кога 95% од ресурсите одат на војни и обезбедување елитата/олигархијата да останат на врвот од хиерархијата.



Да, ама колку чини самото ауто и колку (векови) користење ќе треба за да „заштедиш“ со штедењето?
Субвенциите кој ги плаќа за поевтино да го купиш возилото, од кај се тие пари? Електричната енергија за возење, од чии пари се плаќа за да ти биде без платно и од што извор доаѓа? РЕК Битола е чист извор на енергија?

Итн, итн. Нема ни да почнувам за литумската технологија и слабостите. Дека банален судар може да значи дека ќе изгориш за помалку од 10 секунди. Дека батериите после х години треба да се заменат а чинат колку добар дел од автомобилот. Дека дометот за возење е таков да возење надвор од град е глупав потфат, а полнењата потоа се долги и мораш да чекаш за да продолжиш да патуваш (ако најдеш каде да ги наполниш батериите).

Да супер е ако лапнеш субвенција и/или ако начекаш поволно и сочувано ауто на старо, па да го користиш како за низ град и за до работа. Ама и тоа подобро е да е хибрид а не чисто електирично ауто. Да можеш и надвор од град да искочиш без да влечеш дизел генератор во багажник... Како сиротине „еколози“ лани во Шкотска на конвенција за екологија и климатски промени десетина Тесли сите ги полнеле на дизел генератори. Или олигарсине во Давос сите со стотици приватни авиони и лимузини ќе ни прават филмови да се откажуваме од возила на бензин/дизел. Циркуз. Целата работа во моментов е една голема фарса. Дотолку да смешен е муабетов.

Можеби во иднина кога ќе развијат подобра батериска технологија. И евентуално почисти (а доверливи) извори на енергија (фузија). Ова сега е терање агенди.
Евентуално користењето на фосилни горива ќе прекине, вака или онака.

Но да, нема да ги снема и ќе продолжат да се користат долго, неспорно. Јагленот можеби ќе го снема, но природниот гас и тоа како ќе остане во употреба. И тоа е во ред донекаде.

Нуклеарната фисија си има свои опасности, што мислам дека особено новите реактори барем ги надминуваат, но инвестицијата за нуклеарна централа е огромна и и треба повеќе време за да се исплати отколку да речиме таа на природен гас. Оттука и повеќето централи на природен гас.
Нуклеарната фузија е како хиперсоничната технологија - секогаш реалност во наредните десет години.

На крајот, се се сведува на тоа што е економски исплатливо. За колку време и колку ќе станеш профитабилен. Ако тоа е централа на нуклеарен погон, тогаш ќе гледаме повеќе такви. Ако тоа се соларни централи, ќе има повеќе такви. Со напредокот на технологијата, соларните централи веќе одамна и со голема разлика ги победуваат сите останати, но проблемот е што не се достапни секогаш и не можат да бидат скалирани кога има потреба. Затоа како надополнување се користат централи на природен гас. Кога има повеќе потреба од енергија, само се врти вентилот и се зголемува производството.
Решение би било складирањето на енергија, но тоа е прескапо со моменталната технологија, иако истата многу брзо се подобрува и би станала се пошироко употреблива во иднина.

Друго ефективно решение, технологија што постои би била нуклеарната енергија. Бара само долгорочно инвестирање и толку. Доколку постои политичка волја, многу лесно може да стани реалност и со еден удар да се решат два проблеми. Нема емисии на јаглерод диоксид, нема криза во снабдување. Ќе имаат и многу поголема контрола над тоа од каде доаѓаат енергенсите (сепак и ураниумот треба да дојде од некаде).

Да, ама колку чини самото ауто и колку (векови) користење ќе треба за да „заштедиш“ со штедењето?
Субвенциите кој ги плаќа за поевтино да го купиш возилото, од кај се тие пари? Електричната енергија за возење, од чии пари се плаќа за да ти биде без платно и од што извор доаѓа? РЕК Битола е чист извор на енергија?
Не е РЕК чист извор на енергија, но барем загадувањето се преместува од населено место во ненаселено доколку сите би возеле на струја. Зошто да дишеш сулфурни, азотни оксиди, кога може да имаш постојано чист воздух?
Настрана фактот што моторите на внатрешно согорување се крајно неефикасни. Со истата енергија од еден автомобил на бензин може да напојуваш и движиш најмалку две електрични возила.
Електричните возила се со иста или слична цена како и фосилните во истата класа.
За субвенции да не зборуваме, бидејќи убедлив шампион тука е нафтената индустрија, но тоа е друга тема.

Итн, итн. Нема ни да почнувам за литумската технологија и слабостите. Дека банален судар може да значи дека ќе изгориш за помалку од 10 секунди. Дека батериите после х години треба да се заменат а чинат колку добар дел од автомобилот. Дека дометот за возење е таков да возење надвор од град е глупав потфат, а полнењата потоа се долги и мораш да чекаш за да продолжиш да патуваш (ако најдеш каде да ги наполниш батериите).
Ако читаш пропаганда на нафтеното лоби, да.
Реалноста е сосем поинаква.
Електричните возила се далеку побезбедни од останативе. Далеку помалку веројатно да се запалат од останатите. Побарај статистика, ќе се увериш.
Полначи, барем на запад имаш насекаде. Почнувајќи од каде живееш, па по ресторани, трговски, улици и сл. Буквално секаде.
Доколку одиш на подолго патување, има полначи кои полнат за 20тина минути. Се е покриено.
Не за џабе секоја година расти продажбата на електрични возила за 20-60%, зависно земјата.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.011
Поени од реакции
4.670
Фактите:

Циклусите се случуваат на отприлика 25 000, 40 000 и 100 000 години.
Последниот екстрем бил пред околу 12 000 години.
Кога е лето на северната хемисфера, Земјата е најдалеку од Сонцето.
Кога било последното ледено доба, (екстремот на циклусот) тоа било пред 12 000 години, северната хемисфера била најдалеку од сонцето во лето, инклинацијата (аголот под кој сонцето паѓа на Земјата) бил најмал (најмалку сончева светлина по површина).
Промените во атмосферата биле за степен - два.
Процесот (промената на температурата) траел илјадници години.
Нивото на јаглерод диоксид во минатото било прилично константно. Последниоте 800 000 - милион години се движи во рамките од 180 до 280 честички во милион.

Во последните 5000 и наредните 5000 години и повеќе Земјата не е и нема да биди во ниту еден екстрем. Се наоѓаме некаде измеѓу екстремите на циклусите.
Денес нивото на јаглерод диоксид е 420 честички во милион.
Сепак температурата во атмосферата и океаните е драстично сменета. Разликата е поголема од таа колку од последното ледено доба до пред индустријализацијата.
Таа разлика се случува за 50 години.
Природно тој процес трае илјадници години.

Значи, не се наоѓаме во никаков екстрем од природните циклуси, имаме зголемена температура која силно кореспондира со зголемени нивоа на јаглерод диоксид во атмосферата.

Уште еднаш, нивото на јаглерод диоксид е константно во последните милион години.
Наеднаш, од почетокот на индустријализацијата тоа се менува драстично, двојно повеќе.
Температурата во последните милион години варира степен-два во процеси што траат десетици илјади години.
Од почетокот на индустријализацијата промената на температурата е двојно поголема од било кога во последните милион години.

Заклучете сами.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.417
Environmental activist Charles III made two flights a day in a Sikorsky S-76C+ helicopter to speak at the opening of a new African center in London. It took 540 liters of fuel for 224 miles of flight. The best part is that he spoke about fighting against climate change and CO2 reduction.

 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.572
Повеќе вакви исмевачи му требаат на човештвото, луѓе кои во лице им се потсмеваат на малоумните и корисните идиоти пред целата светска јавност. (y)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Хехе, од Патрик Кондел имаш цела библиотека на видео снимки посветени на Шведистан и сличните општества.

За волја на вистината, неговите видео снимки се повеќе посветени на последиците од неконтролираната и нерегулираната имиграција во државите под власт на левичарски либералфашистички влади, отколку на приказната за човечката вина и одговорност за глобалното затоплување.


 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187

130 трилиони долари (130 илјади милијарди) спремни за следното ниво на глобализацијата т.е. светскиот феудализам, додека рајата верува СО2 било штетно :facepalm: .
Некои па сметаат мултиполарен свет ќе биде подобро за народот, дека глобализацијата се распаѓа, дрн дрн јариња.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.369
Поени од реакции
38.346

130 трилиони долари (130 илјади милијарди) спремни за следното ниво на глобализацијата т.е. светскиот феудализам, додека рајата верува СО2 било штетно :facepalm: .
Некои па сметаат мултиполарен свет ќе биде подобро за народот, дека глобализацијата се распаѓа, дрн дрн јариња.
ништо од ова нема да биде глобално, едино своите компании ќе ги оптеретат за тоа префрлање кон карбон неутралност.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452

130 трилиони долари (130 илјади милијарди) спремни за следното ниво на глобализацијата т.е. светскиот феудализам, додека рајата верува СО2 било штетно :facepalm: .
Некои па сметаат мултиполарен свет ќе биде подобро за народот, дека глобализацијата се распаѓа, дрн дрн јариња.
Значи ќе мораме да купуваме филтри за сопствените бели дробови, бидејќи секое живо суштество на планетава - не само човечките суштества - вдишува кислорот, а издишува јаглерод диоксид. Тие кои не ќе можат да си ги дозволат таквите филтри најверојатно ќе плаќаат повисоки даноци или нема да можат да купуваат што сакаат со светската дигитална валута.

Мултиполарен свет е изводлив единствено ако постои тотално спротивна алтернатива токму на ваквиот глобалистички феудализам, во спротивно не може да се нарекува мултиполарен свет.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.819
Поени од реакции
7.187
Ти ибам тоа глобалното затоплување, Сан Франциско после 100години руши рекорди, во најниски температури.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom