Нема да дишеш отрови, а за да произведеш електричен автомобил колку СО2 ќе ослободиш, колкава површина од планетата треба да ја изораш за да дојдеш до ретките метали што се користат за производство на електричен автомобил, решение за рециклирање кое е, за да имаш струја за да го полниш тој автомобил колку СО2 ќе ослободиш, инфраструктура за полнење. Возењето чини поевтино ако не ги ставиш субвенциите во пресметката. Немало да плаќаш акцизи за нафтата, сигурно државниот систем нема да најде друг извор да полнат буџет
Во право си, со еден удар го сјебуваш народот и си уживаш во раскошот.
Така е, од друга страна супер е вадењето нафта. Бесконечни полиња со платформи за испумпување нафта, транспорт на истата до рафинерии, процеси што се страшно огромни потрошувачи на енергија, па од рафинеријата транспорт илјадници километри до рандом земја.
Притоа, којзнае колку пати доаѓа до излевање на истата.
Настрана фактите што и за обичен автомобил се троши горе долу истата енергија и емисија на гасови.
А да, и се финансираат диктатори кои потоа испорачуваат тероризам... најчесто.
Да, и профитот оди во мал број луѓе.
Да не заборавам, за таа нафта се водат војни каде гинат милиони, СУПЕР!
Значи имаме процес кој, ја уништува природната средина (цели брегови во Венецуела, исечени огромни шуми во Канада за обработка на нафтените песоци, бушење во океани, огромни платформи чија изградба и одржување троши енергија колку еден среден град) притоа трошејќи огромна енергија за транспорт, каде заради профитите на мал број луѓе и заради моќта, во војна туркаат цели земји каде страдаат милиони плус десетици милиони кои се директно погодени од војните.
На крајот останува нешто ситно за финансирање кретени за пропаганда како овој погоре.
Да, електричните возила се проблемот.