- Член од
- 28 мај 2009
- Мислења
- 3.361
- Поени од реакции
- 3.963
Незнам дали ке му биде местото на ова што ке го напишам тука , ама морам да ја кажам мојата случка која многу ме трогна и ме потресе.. Утринава идејки накај работа слушнав детски плач и како се доближував кон улицата видов едно мало циганце кое едвај имаше 2 годинки се доближив до него а оно од половина надоле голо и босо целото беше мокро влезено во еден вир вода на улицата , стои и плаче и целото се тресе од студ .Погоре едно 100м има една разрушена фабрика знам дека таму има цигани седат диво , го зедов за рака и го однесоов кај нив а тие исполегнати спијат и кога им го дадов баш им беше гајле како излегло и што смрзнало од студ .Толку ме потресе ова што немозам да се смирам мислам цело време на детето дали пак ке излезе и каков живот го цека понатака знам дека нее единствено во државава со негрижа на родителите и стварно незнам дали постапив правилно можеби требаше да се јавам некаде, а и незнаев каде да се јавам дали во социјално дали во меѓаши и што тие би помогнале за тоа дете,стварно жално за некои деца без разлика дали се циганчиња дали наши сите се деца.....Сакам да нагласам дека негрижата од страна на родителите никој не ја казнува тука и никој не презима никакви мерки за заштита на децата од истите тие родители!!!!