Кој и што најмногу ве нервира во животот ?

Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Пешаци што се движат по коловозна лента.
Стари лица што преминуваат без претходно да се опулат лево-десно, си седи на тротоар и од нигде никаде ти преминува.
Возачи што не одржуваат растојание и се лепат до заден браник, за ваквите само уште побавно возење.
Возачи што не исклучуваат долги светла кога се разминуваме.

Воглавно најчесто се нервирам во сообраќајот од шофери глупаци, пешаци што мислат дека го освоиле патот и е нивни.

Исто, од шофери што положиле сега и се силат на прави патишта. Прав и искусен возач се гледа по кривини, за на право и детенце мало ќе ја прицка гаста.
 
Член од
25 јули 2017
Мислења
15
Поени од реакции
9
Ако сум искрена гледам малку време да поминувам во живцирање затоа што мислам дека не е релевантно. Има други работи на кои можам да го посветам моето скапоцено време. И навистина мислам дека сите треба да се фокусираме да се справуваме со животот, да се адаптираме на условите во кои живееме и знам дека нема да е идеална средината во која се наоѓаме ама сепак мислам со позитивна енергија може да се прогресира во животот и да се најдат решенија за се што не нервира.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Кога правам муабет со некого и некој од страна ни го слуша разговорот и гледа дека го игнорираме и упорно се меша во муабетот или за истата тема продолжува да прави муабет со друг.



Sent from my Xiaomi Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.127
Поени од реакции
788
Во УК да појдеш, Лондон поготово некои предградија, таму имаш луѓе со екстра менталитет:D
Хаха,убаво си и напишал,посебно ако налета на тие дивите фудбалски фанови,има да биде воспитана прелепо,со клоци-терапија,:pos:[DOUBLEPOST=1549000259][/DOUBLEPOST]Што ме нервира повеќе? Па на пример спинерите и извртувачите на вистината ме нервираат,таквите не можам физички да ги поднесам не пак на друг начин,еве конкретен пример ќе ви кажам,типот живее со родителите како паразит а има повеќе од 40 години,нема жена и деца,не работи ништо а ти соли ум како требало да се понашаш?!?
Демек тој е примерот и реперот од кој треба да учиш(тежок лузер кој се претставува како винер а сеуште вели на 40-тина години-мамо остај ми пари на софата за цигари)
А вакви спинери ги имаа бааги низ Македонијава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom