leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Крајно сум испровоцирана од веста која денеска ноншалантно ни ја пласираше агенцијата која извлече толку пари за привлекување на странски инвестиции,која што има вработени кои незнаат еден официјален емаил да пуштат,кои не одговараат на прашања од инвеститори оти немаат поим од економија и бизнис,дека сме трети на некоја листа за интерес за инвестирање после Сад и Франција (мислам дкеа беше втората). Мониторингот на Гугл може да ни каже на кој начин ова го одредил,дали може а изброи колку македонци кликнале на сајтот а колку странци,колку заинтересирани,а колку од досада.Веста како вест не ме изреволтира,но делот во кој се напраи филм од податок кој нема допирна точка со влез на реални инвестисии и во бројки и во букви „чекаме да заврши кризата и сите ќе инвестираат кај нас“ ме изваде од патики.Секогаш кога ќе има наплив од лоши економски податоци,некој од власта се излетува со ваков заклучок кој ни самиот незнае од каде го добил.И се е тоа во вид на фалење колку сме ние најјаки,а аргуметн ниту еден кој може да потврди влез на инвестиции и заживување на економијата.
Истото се случи и со просечната плата во Македонија од 19 400 а вчера се задолживме да покриеме 30% сиромаштија во земјава.Која контрадикторност,ние овде над 300 евра земаме а имаме 30% сиромаштија,а стандард на завидно ниво.
Не ми е криво што гледам вакви шпански серии,криво ми е кога ќе видам млади и паметни деца како им се восхитуваат на вестиве без ни 5 секунди да размислат што говорат другите податоци.Криво ми е што власта успева во својата намера да не направи луди,па се прашувам кој е полуд ние или власта?