Кој е најздрав начин на слабеење?

Член од
7 октомври 2011
Мислења
30
Поени од реакции
9
Тешко е да се размрдаат и одма апчето...10 кила зелка у едно апче...којзнае низ што хемиски процеси минало тоа здраво апче :confused: башка од само 2-3 зелки ќе прдиш ко носорог

А што ефекти има ова со диетава со зелка? За седум дена колку кг се симиња и после тоа што се јаде, каков е стилот на живот? Секое нагло менување на килажа само со краткотраен ригорозен (пустински) режим на храна без доволно движење, физичка работа...само може да доведе до подоцнежни негативни ефекти за здравјето. Ама затоа што убави пари земаат авторите на тие диети, шо убав бизнизз:vozbud:
...посебно на чудотворните апчиња
Miracle Pill' May Help Trim Fat
The Miracle Pill® is the ultimate daily multi-nutrient supplement.

првин човек треба да се праша што довело до тоа да се здебели
Омгг како си ме насмеал, 3-4 минути се смеев ко дебил на ништо ХАХАХА :D ОД 10 ЗЕЛКИ ЌЕ ПРДИШ КО НОСОРОГ ХАХАХХАХАХАХХАХАХХАХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХААХХАХАХАХАХАХАХХАХАХХАХАХХАХАХХХАХААХХАХХАХА ХАХАХХАХАХАХХАХАХХАХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХААХХАХАХАХАХАХАХХАХАХХАХАХХАХАХХХАХААХХАХХАХА ХАХАХХАХАХАХХАХАХХАХАХАХАХАХАХХАХАХАХАХХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХАХААХХАХАХАХАХАХАХХАХАХХАХАХХАХАХХХАХААХХАХХАХА
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Морав да забележам 10 кг зелка :) Не знам што содржат, но повеќето растенија од фамилија Brassicaceae (иако се корисни) во поголеми количини создаваат проблеми во стомак. За организмот потребни се и масти, не само овошје и зеленчук. Редуцирање на некои продукти и што повеќе ( не мора класика вежбање) движење (движење по скали, избегнување на автобус за 3-4 автобуски станици и слично, пешки од една до друга населба)...не ви треба мачење со вакви стресни краткотрајни диети.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Епа ја направив оваа тема за да видам што мислите вие за слабеење. Дали мислите дека најдобро е со спортување, со внимавање на исхрана, или ограничено јадење т.е. гладување?

Според мене спортот.. ако има некој што се согласува со мене, нека пише што како кога спортува.. :)
Убаво пишаа неколку членови пред мене: органска веганска исхрана - пожелно свежа сезонска, редовно спортување (пливање и сл.), бонус е медитацијата, снабдување со чист воздух и вода и, повремени (најмногу еднаш месечно) комплетни постови (вода/чаеви и ништо друго во текот на денот)........... итн итн (y)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Се согласувам со се што сте напишале од стилот: вежбање, салати, овошје, пешачење.... Но без „волја“ ништо не се постигнува. Диета не значи да го изгладнуваш организмот и да не внесуваш храна. Диета е здрав начин на исхрана. И не треба да се храниш така само две недели или месец, треба така да почнеш да живееш.

П.С. Јас сум ги пробала сите комерцијални „диети“. Од диетата со зелка, диетата за луѓе што треба да одат на операција (и мора да ослабнат во рок од 15 дена), до диетата на Вита клуб, па апчиња Slim line, па месната диета, па пиење оцет, па пиење бугарски чај за слабеење Инхуа, па пиење чај од корен на магданос .... и т.н. Се ми било џабе, се додека не го сменам начинот на живеење (читај исхрана, бидејќи двете се поврзани), ништо не правам. Затоа кажав мене единствено ми треба да поработам на волјата за да почнам здраво да се хранам.
 

Amelie

Intelligence is sexy!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
16
Поени од реакции
19
Целосна промена на начинот на живот и исхрана. Не привремено, не за една недела, ами за цел живот.

Прво и основно - леб, газиран сок и благо. Овие ако ги исфрлите, на коњ сте. :D
Вежбање, ама асално. Не прифаќам кога некој оди со автомобил на вежбање, вежба, на враќање си купува ОЛКАВ хамбургер и со автомобилот си оди пак назад. Значи, така НЕ!
И да се немаат услови за вежбање, доволно е редовно движење, барем по 30 минути пешачење на ден.

Со ова можеби нема да слабеете 5кг неделно, но со тек на време, ќе забележите промени. Ама пак, килограмите што ќе ги ослабете на овој начин, се многу потешки за враќање. Организмот се привикнува, не е ,,шокиран,, како за време на кратките диети. :X3:
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
194
Поени од реакции
29
Абе ако сакате да ослабете, прво исфрлете ја вечерата, или вечерајте умерено, или па јадете овошје/зеленчук за вечера. Едно јаболко ви е доволно за вечера, исфрлети ги газираниот сок, благото. Почнете со физички активности и вежби. Пр : Трчајте по колку можете, пола саат дневно ви е доста. Правете стомачни и склекови. За еден месец има да ослабете 7-8 кила сигурно.
 

miki002

Фејл гејмер
Член од
18 февруари 2010
Мислења
369
Поени од реакции
269
предупредување: wall of text
за тие што не сакаат да читаат многу: редовно јадење и редовно вежбање ( од двете умерено).

мое искуство: секое утро се будам во 06 и пијам околу пола литар вода и јадам банана или јаболко, потоа јадам на работа (во менза...) околу 10:30, па после дома (15:30) јадам супа, салата и стек (или слично немрсно месо), а навечер (19-19:30) јадам мусли (да не правам реклама) без додаток на шеќер, парчиња сушено овошје), пијам доста вода и чај (зелен, бел, камилица не е битно, само без шеќер). Во врска со физички вежби, во домашни услови со 2 рачни тега и пилатес топка, ќе најдеш нешто на youtube и пешачење (hiking не walking) или трчање, 2 пати неделно пинг-понг + сите домашни активности (неженет :D ). Вака симнав 15 кг за 1 година, незнам колку е тоа брзо/споро ама се чувствувам одлично и здраво.

едит: не дека бев многу дебел, ама се доближив до она што е според мене доволно „слаб“
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
9
Поени од реакции
0
сакам да ве замолам ако некој случајно има дипломски труд на тема здрава исхрана или нешто слично да ми го прати што е можно побрзо, фала однапред :)
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Најдобар начин на слабеење е ДА ТРОШИТЕ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ ОД ШТО ВНЕСУВАТЕ.
Совет
1. Вежбајте повеќе
2. Јадете помалку
3. Пијте многу вода

1. Вежбајте повеќе - под вежбајте повеќе мислам на повеќе кардио. Не мора да одите во теретана ако не сакате, али треба да правите кардио.. За да ви биде ефективно кардиото треба да трае најмлаку 20 минути и да биде предизвикувачко(да не биде прошетка). За пешачењето да биде кардио треба да биде брзо(да ве болат нозе).
2. Јадете помалку - јадете помалку калории. Тоа не значи да јадете помалку храна, туку нездравата да ја замените со здрава храна. Исфрлете преработени шеќери, лоши масти...Јадете многу зеленчук(не компир), варено месо, житарици или мусли замена за леб итн....внимавајте само кај овошјето да не претерате. Не треба да се ставате на диета, туку да го промените начинот на исхрана трајно. Тоа не подразбира никогаш да не си дозволите нездрава храна. Можете еднаш неделно да каснете нешто благо, пица идр.. Гладување никако. Тоа ќе ви го успори метаболизмот и ќе трошите помалку калории. Не прескокнувајте оброци. Ако не одите во теретана јадете 3 пати, ако одите 4-5 пати.(тешко отстварливо е 6).
3. Пијте многу вода - 1.5 -2 л вода дневно минимум(пазете само да не претерате). Пиењето многу вода дневно, особено пиењето пред јадење е докажано дека помага во слабеењето.

Многу ќе ви биде од помош ако мерите процент на сало во организмот.
American Dietetic Association препорачува:
За атлети :
Мажи 5 - 12 %
Жени 10 - 20%
Може и повеќе ако не ви смета:D

За обични луѓе:
Мажи 15 - 18%
Жени 20 - 25%

Вагата не е веродостојна за мерење на изгубена тежина, затоа што има други фактори кои можат да ве излажат дека сте ослабеле или здебелиле. На пример ако сте изеле многу сол можете да качите 2 кила затоа што солта ја задржува водата во организмот.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Вежбање барем три пати неделно по минимум 20 минути (идеално 30), никако леб или бел шеќер, и треба да се слабее по килограм тежина на недела. Тоа е најздраво слабеење, на некој начин му дозволуваш на телото само да си одлучи колку му е иделната тежина.
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Може и повеќе ако не ви смета:D
Ова се однесува на бодибилдери што ги гледам по теретани кои се многу дебели(салести).

Уште нешто. Под наведените препорачани проценти на сало во организмот не треба да се спуштате.
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
За слабеење се потребни кардио вежби , активен живот ( не дремење на ФБ или пред ПЦ 24/7 ) , дисциплина во исхраната ( јадење тоа што е корисно , а не junk food ) ,или наједноставно кажано , ко шо кажаа погоре , троши повеќе од шо внесуваш.
 
Член од
20 октомври 2011
Мислења
59
Поени од реакции
18
првично намалување на поранешниот режим на исхрана со постепено намалување на количина почесто овшје и зеленчук и секако некој колективен спорт или пак џогирање фитнес или можеби теретана но со постепено количинско намалување на исхраната
 

Kajgana Shop

На врв Bottom