Најдобар начин на слабеење е ДА ТРОШИТЕ ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ ОД ШТО ВНЕСУВАТЕ.
Совет
1. Вежбајте повеќе
2. Јадете помалку
3. Пијте многу вода
1. Вежбајте повеќе - под вежбајте повеќе мислам на повеќе кардио. Не мора да одите во теретана ако не сакате, али треба да правите кардио.. За да ви биде ефективно кардиото треба да трае најмлаку 20 минути и да биде предизвикувачко(да не биде прошетка). За пешачењето да биде кардио треба да биде брзо(да ве болат нозе).
2. Јадете помалку - јадете помалку калории. Тоа не значи да јадете помалку храна, туку нездравата да ја замените со здрава храна. Исфрлете преработени шеќери, лоши масти...Јадете многу зеленчук(не компир), варено месо, житарици или мусли замена за леб итн....внимавајте само кај овошјето да не претерате. Не треба да се ставате на диета, туку да го промените начинот на исхрана трајно. Тоа не подразбира никогаш да не си дозволите нездрава храна. Можете еднаш неделно да каснете нешто благо, пица идр.. Гладување никако. Тоа ќе ви го успори метаболизмот и ќе трошите помалку калории. Не прескокнувајте оброци. Ако не одите во теретана јадете 3 пати, ако одите 4-5 пати.(тешко отстварливо е 6).
3. Пијте многу вода - 1.5 -2 л вода дневно минимум(пазете само да не претерате). Пиењето многу вода дневно, особено пиењето пред јадење е докажано дека помага во слабеењето.
Многу ќе ви биде од помош ако мерите процент на сало во организмот.
American Dietetic Association препорачува:
За атлети :
Мажи 5 - 12 %
Жени 10 - 20%
Може и повеќе ако не ви смета
За обични луѓе:
Мажи 15 - 18%
Жени 20 - 25%
Вагата не е веродостојна за мерење на изгубена тежина, затоа што има други фактори кои можат да ве излажат дека сте ослабеле или здебелиле. На пример ако сте изеле многу сол можете да качите 2 кила затоа што солта ја задржува водата во организмот.