Кој го победи фашизмот?

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Е да, големата вистина секогаш ќе остане скриена од нас обичните смртници, и тоа што навистина се случувало и зошто воопшто некоја умна нација со јака индустрија и се останато да почне да војува и да се шири низ толку голем регион што и лудак не би помислил дека би го одбранил...
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
........ незнам кој тука се будали и вика дека Франција нешто направила во војната.Тоа е веќе комедија:pos::pos:
Немој никако да го потценуваш допринесот на Рене и неговите келнерки:pos::pos:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Не, не.Француските генерали , 90 годишни пуштаат солзи по документарци кога ќе се се сетат на некој СС војник.
 

Beowulf

Deep Fear
Член од
11 мај 2009
Мислења
362
Поени од реакции
35
Советите дале огромен придонес против фашизмот но никако не може да се каже дека сами извојувале победа. Првите години од војната трпеле огромни порази но во последните денови од војната биле најжестоки. Денот Д е последица на брањата на Сталин кон западните сојузници повторно да биде отворен западниот фронт за да се олбави германскиот притисок на истокот. Германската армија во тоа време била најмоќна и пред сите останати во секоја смисла (освен во бројна), но имаме среќа што Германија немала сојузник барем половично моќен од неа. Најголемиот сојузник фашистичка Италија капитулира уште 1942, Јапонија била само формален сојузник воопшто не можела да интервенира во Европа, а пак за другиве сојузници Унгарија, Бугарија, Романија и Финска не вреди да се спомнуваат тие гледале само да ги соберат трошките од масата.
 
S

smart ass

Гостин
bombardiranjeto vrz drezden kako i unistuvanjeto na germanskata industrija od strana na sojuznicite im ja olesni rabotata na sovjetite inaku oni gubea celi divizii bea kako muva bez glava i jasno e deka pobedata na sovetite ne e od voen aspekt tuku naprotiv vremeto im pomogna kako i dobrite zalihi od hrana a i strateskite greski na hitler,dodeka zapadnite sili se borea i pobedija cisto voeno-stalingradskata bitka e samo strateska pobeda na rusite ako gledame brojki ke vidime deka sovetite izgubile mnogu poveke-no sepak pobedata nad fasizmot e zasluga i na SAD i na SSSR i na britanija,nema eden pobednik:toe:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Боби[Мкд];2882303 напиша:
Додека живеевме во СФРЈ се учеше за непобедливоста на рускиот војник , мит кој воопшто не е точен, и нема да повторувам дека Русите ја добија војната со Германија со 4 пати повеќе жртви од нив.Во тоа време немаше армија која можеше да се спротистави на вермахтот но Русите имаа 2,5 пати повеќе население од Германија и непресушлив извор на војници кои гинеа за својата татковина.Реално улогата на Франција и В,Британија во војната е само 5% за уништивање на нацизмот, незнам кој тука се будали и вика дека Франција нешто направила во војната.Тоа е веќе комедија:pos::pos:
Во превод, Германците изгубиле околу 4.5 милиони војници и 2 милиона цивили (најмногу при одбраната на Берлин). За разлика од нив Советскиот сојуз (во границите од 1941 год.) губи дури 26.6 милиони жртви, од кои 10.7 милиони војници и 15.9 цивили (вклучувајќи ги и Евреите во холокаустот). Во проценти, 13.5 од вкупното население.
Што укажува на германската супериорност и ментално-физичка подготвеност наспроти дотогашните "селански услови на руската војска".

Како и да е, неоспорен е фактот дека истата таа Црвена Армија е најважниот фактор за победата на фашизмот со своите клучни победи кај Сталинград и Москва, а потоа и решавачкиот удар пред портите на Берлин.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.266
Само ситница заборави, да не беше америчко англиската помош во оружје (тенкови, авиони, митролези, бродови) како и помош во јадење бензин лекови, камиони, машини, неметали хемиски суровини, чизми.... лоја им ја праќаа на русите германците ќе си продолжија на исток и ќе станеа соседи на кина
 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Современите аналитичари на Британија и Америка за настаните од Втората светска војна тврдат дека токму нивните армии ги победиле нацистите, иако сите податоци сведочат дека новниот придонес за победата бил второстепен.


Историјата е непредвидлива наука. Нејзиното излагање на најважните настани често е врзано како за политичките симпатии на самите учесници, така и за оние кои ги опишуваат. За жал, ни Втората светска војна не ја избегна оваа судбина.
Победата во неа ја однесе антифашистичката коалиција која се состоеше од 50 држави. И секоја од нив има полно право да се смета за една од победниците. Но прашањето за значењето на придонесот на оваа или онаа земја во уништувањето на фашизмот, беше и остана актуелно и многу политизирано.

Меѓутоа, за современиците и оние кои војуваа не постоеше проблем. Никој од нив не се сомневаше во улогата на Црвената армија во победата над фашистичка Германија и нејзините сателити.

“Секој кој ја сака слободата, цел живот нема да стаса да се оддолжи на Црвената армија за она што го стори за нас“ – пишуваше познатиот американски книжевник Ернест Хемингвеј. На истиот став се придржувале и видни политичари и државници. Во врска со тоа се повикуваме на изјавата од 1944 година на премиерот на Велика Британија, Винстон Черчил. Според неговите зборови “американските и британските сојузници никогаш не смеат да заборават на неизмерните услуги, кои им ги пружи Русија во заедничката ствар. Истрајувајќи во тек на долги години на страданија, таа успеа германскиот монструм да го лиши од живот“.

Тоа што беше момент на вистина во воените години, почна да се ревидира по Големата победа. Откако изби стидената војна, западните политичари и историчари тргнаа по патот на преиспитување на воената историја, како би ја намалиле улогата на Советскиот Сојуз во победата над фашизмот. Во повеќе нивни студии се тврди дека овој успех го обезбедиле САД и делумно Велика Британија. Ако се верува на многу американски и британски истражувачи, до пресврт во војната дошло не на боиштата кај Москва, Сталинград или Курск, туку во битката кај Ел Аламеин или како резултат на истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија.

Митовите на пропагандата се многу витални. Но фактите се несоборливи и говорат сами за себе. На Источниот фронт беа концентрирани повеќе од 2/3 од дивизиите на фашистичка Германија и нејзините сојузници. Овде тие претрпеа преку 70 одсто загуби. Размерите и огорченоста на битките на советско – германските фронтови не се споредливи со оние на Запад.

Анализата на воените настани, го доведе англискиот историчар Норман Дејвис до закономерен заклучок. “Современите аналитичари на Британија и Америка во интерпретацијата на тогашните настани тврдат дека токму нивните армии ги победиле нацистите, иако сите податоци сведочат дека новниот придонес за победата бил второстепен“ – пишува Норман Дејвис.


Јевгениј КРИШКИН “Гласот на Русија“, Москва, 09.05.2008.



Никој не го победи,сеуште е жив и клоца.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Само ситница заборави, да не беше америчко англиската помош во оружје (тенкови, авиони, митролези, бродови) како и помош во јадење бензин лекови, камиони, машини, неметали хемиски суровини, чизми.... лоја им ја праќаа на русите германците ќе си продолжија на исток и ќе станеа соседи на кина
Ако добро знаеш, Германците до самиот ден на нападот 22 јуни 1941, ја користеле руската стока во метал, нафта, оружје и други воени материјали кои по почетокот на "Операцијата Барбароса" ги искористиле против самите добавувачи на толку потребниот материјал. Со свој камен по глава што би се рекло!

Инаку постојат повеќе фактори зошто Германија ја изгуби војната, не е само англоамериканската помош:

1. Огромниот и речиси неодржлив Источен фронт (од Санкт Петерзбург до Одеса, преку 2.900 км)
2. Грешките на Хитлер, кој настојувал да се зголеми опсадата на Ленинград и Сталинград, бидејќи Москва ја сметал за град со "обични руски селани" кои безусловно ќе капитулираат пред неговата супериорна армија.
3. Испраќање на дополнителни војски во Југославија
4. Јапонската неутралност кон СССР, што му овозможила на Сталин да ги повлече своите сибирски трупи од источните граници со Јапонија и да ги префрли пред портите на Москва.
5. И можеби најважно: Руската Земја!
22 милиона километри квадратни, со сите временски погоди и непогоди, катастрофалната инфраструктура (која секако уште повеќе ги поразила Германците и нивните механизирани возила навикнати да одат на асфалтна подлога за време на "прошетката до Франција").
Руската зима ги докрајчила сосема. Германците дошле на почетокот од летото, неподготвени за зимски услови и температура -40. Секој трети умирал од студ.

Кога се ова ќе собереш, ќе ја придодадеш и помошта од сојузниците, епилогот е јасен: крах на Германскиот Рајх.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Во воведот од темата која се вика Кој го победи фашизмот, се збори за победа над нацизмот... Фашизам и нацизам не е исто без разлика што Мусолини и Хитлер беа сојузници. Според мене, за победа над фашизмот или како и да е, пресудно значење имаше интервенцијата на САД. Битката за Нормандија која се смета како пресвртница во Втората светска војна, беше под директива на вооружените сили на САД претежно. Британците галама дигаат отпосле секогаш, слично како Грција си присвојуваат заслуги и историја. САД беа, се и ќе бидат светски полицаец. Таа улога во голема мера ја потврдија со акцијата во Нормандија и оттогаш до ден денес така е.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Другар, со должна почит на напишаното ама Денот Д е Битката за Москва. Од тој ден почнуваат неволјите на Германците. А толкавото значење на Нормандија е резултат на америчката пропаганда.

И пак се враќаме на супериорноста на германскиот панцир: При инвазијата на Нормандија од 1.332.000 сојузнички војници загинале над 120.000. Од германските 380.000 загинале едвај 113.000.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.055
Kolku jas znam, jedina zemja koja go pobedi fasizmot bese i seuste e samo Kina!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.266
Ударите који ја разнишаа германија и ја фрлија на колена не беа мртви војници на фронтови туку разурнати комуникации, фабрики, рудници централи....
Не стигаше бензин до авионите и тенковите, не стигнувваа гранатите до топовите, храна и облека до војниците, јаглен о фабриките. Со години англичаните и Американците ја бомбардираа германија, отежнуваа движење на војски и опрема и оружје.
Германците ја поразија руската армија многу брзо и лесно. За 5 месеци убија 3.000.000 војници, заробија 3.300.000 и кузнај колку ранети, за 5 месеци уништија 21.000 руски авиони и 20.000 руски тенкови. Им завзедоа градови рудници, фабрики, енергерски капацитети. Она што им остана на русите го демонтираа и почнаа да го префрлаат на исток, зад урал. Се до 1943 од фабриките зад урал не стигнуваше значителна опрема и оружје, во тие 2 години се што имаа русите се уште војници и америчко и англиско оружје. Кога коњев во декември 1941 помеѓу москва и германците остана со само 45 тенка, дојдоа 460 британски тенкови и 140 авиони. Секој ден идеше помош, вкупно 7.000 тенкови (35 оклопни дивизии), речиси 15.000 авиони, 370.000 камиони, милиони тони храна, млиони тони бензин, вагони и локомотиви, лекови.... да не беше таа помош, германците ќе презимеа, околу москва сталинград ќе довлечкаа рает залихи и на пролет ќе продолжија на исток.
Планот им беше успешен, тие ја разбија руската армија, и ги уништија тенковите и авионите а руската индустрија ја онеспособија за озбилно производство барем за 2 години. Но не сметаа на помошта на америка и англија која направи русите да се одржат се додека не почна да иди од нивните фабрики снадбувањето и потоа да трргне во офанзива.
А до тогаш германија веќе беше во урнатини од сојузничките бомбардери, беа избркани од африка, италија, и беа гонети низ франција, холандија...

Инаку германија увезуваше челик од Шведска не од Русија.
 
H

^HITMAN^

Гостин
Другар, со должна почит на напишаното ама Денот Д е Битката за Москва. Од тој ден почнуваат неволјите на Германците. А толкавото значење на Нормандија е резултат на америчката пропаганда.
Исто и тоа, но иако америте имаа големи загуби кај Нормандија, после тоа се зголеми нивниот ангажман во Европската војна, а кога тие нешто ќе наумат секогаш го остваруваат без оглед на последиците. Го сватив тоа. Од нив се предизвикани 90% од војните во 20=тиот век.

Kolku jas znam, jedina zemja koja go pobedi fasizmot bese i seuste e samo Kina!
Ај објасни како тоа жити се...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom