Кој го победи фашизмот?

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Современите аналитичари на Британија и Америка за настаните од Втората светска војна тврдат дека токму нивните армии ги победиле нацистите, иако сите податоци сведочат дека новниот придонес за победата бил второстепен.


Историјата е непредвидлива наука. Нејзиното излагање на најважните настани често е врзано како за политичките симпатии на самите учесници, така и за оние кои ги опишуваат. За жал, ни Втората светска војна не ја избегна оваа судбина.
Победата во неа ја однесе антифашистичката коалиција која се состоеше од 50 држави. И секоја од нив има полно право да се смета за една од победниците. Но прашањето за значењето на придонесот на оваа или онаа земја во уништувањето на фашизмот, беше и остана актуелно и многу политизирано.

Меѓутоа, за современиците и оние кои војуваа не постоеше проблем. Никој од нив не се сомневаше во улогата на Црвената армија во победата над фашистичка Германија и нејзините сателити.

“Секој кој ја сака слободата, цел живот нема да стаса да се оддолжи на Црвената армија за она што го стори за нас“ – пишуваше познатиот американски книжевник Ернест Хемингвеј. На истиот став се придржувале и видни политичари и државници. Во врска со тоа се повикуваме на изјавата од 1944 година на премиерот на Велика Британија, Винстон Черчил. Според неговите зборови “американските и британските сојузници никогаш не смеат да заборават на неизмерните услуги, кои им ги пружи Русија во заедничката ствар. Истрајувајќи во тек на долги години на страданија, таа успеа германскиот монструм да го лиши од живот“.

Тоа што беше момент на вистина во воените години, почна да се ревидира по Големата победа. Откако изби стидената војна, западните политичари и историчари тргнаа по патот на преиспитување на воената историја, како би ја намалиле улогата на Советскиот Сојуз во победата над фашизмот. Во повеќе нивни студии се тврди дека овој успех го обезбедиле САД и делумно Велика Британија. Ако се верува на многу американски и британски истражувачи, до пресврт во војната дошло не на боиштата кај Москва, Сталинград или Курск, туку во битката кај Ел Аламеин или како резултат на истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија.

Митовите на пропагандата се многу витални. Но фактите се несоборливи и говорат сами за себе. На Источниот фронт беа концентрирани повеќе од 2/3 од дивизиите на фашистичка Германија и нејзините сојузници. Овде тие претрпеа преку 70 одсто загуби. Размерите и огорченоста на битките на советско – германските фронтови не се споредливи со оние на Запад.

Анализата на воените настани, го доведе англискиот историчар Норман Дејвис до закономерен заклучок. “Современите аналитичари на Британија и Америка во интерпретацијата на тогашните настани тврдат дека токму нивните армии ги победиле нацистите, иако сите податоци сведочат дека новниот придонес за победата бил второстепен“ – пишува Норман Дејвис.


Јевгениј КРИШКИН “Гласот на Русија“, Москва, 09.05.2008.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Битките во Нормандија и пробивот низ Франција биле само обичен огномет во споредба со тоа што се случувало на Источниот фронт.

Но Холивуд си го прави своето. За Д-денот се направени безброј "херојски" филмови, а за Источниот фронт има само еден филм со руски снајперист.

јбг пропаганда работе...
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Фашизмот навистина е победен од Американците, кога го завземале Рим. Тука се мисли на нацизмот, кој се разбира е победен од СССР, а овие само сакаат да се китат со туѓи перја.
 
Х

Ханзо

Гостин
Победени се Германија и Италија и тие малите со нив што беа. Фашизмот уште си живее...во комшии ни е :)
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Кој го креираше фашизмот, прашањето е сега ?
И кој профитираше од него ?
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Јас колку што знам во темава се зборува кој во Втората светска војна ги победил Германците.Германците биле нацисти, а Италијанците фашисти.Докторот убаво кажа.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Фашизмот навистина е победен од Американците, кога го завземале Рим. Тука се мисли на нацизмот, кој се разбира е победен од СССР, а овие само сакаат да се китат со туѓи перја.
Одлична констатација! Германија, за свој сојузник ја имала Италија, која може да се каже дека е поопасна како сојузник отколку како непријател. Рајмон Картие, во својата книга „Воени тајни“, која претставува сведовштва од Нинбершкиот процес, ни прикажува дека Италија има заслуга за победата на сојузниците. Имено, Хитлер планира да го заземе Гибралтар, и со тоа да ја преземе контролата врз западниот Медитеран, но италијанскиот напад врз Грција му ги изјаловува плановите, а подоцна се покажа дека Хитлер мора да го напаѓа Балканот за да спречи катастрофа на италијанската армија. Со тоа, Италија ги одложува Хитлеровите планови за напад врз СССР, кои тој планирал да ги започне во Мај, со што, поради силината на германската армија би ја заземал дури и Москва пред да ги фати суровата руска зима. Со одложувањето на нападот, Германија заглави во Русија, што беше причина за пресвртница во војната.
Можеби отидов надвор од темата, но сакав да ја прикажам „користа“ која ја имал Хитлер од неговиот фашистички сојузник Мусолини, спрема кој Хитлер имал големо почитување.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
84
Поени од реакции
1
Сите го победивте и Руси и и југословени и И Американци и свите демократски нации. Глупо е да се мерат заслугите знае се, че СССР е дал нај- много жртви во таја војна.И Б'лгарија печели от тази војнна вр'шта си јужна Добруджа, но не запазва Вардарска Македонија и Западна Тракија.Нели е ова парадокс ние сме губитници а печелиме територии.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Русија и Америка го победиле нацизмот (Германија,Италија)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.849
Поени од реакции
10.201
Да не навлегувам за во детаљите кој го победи фашизмот, кога неколкуте кардинални грешки на Хитлер ги знаеме, затоа сакам да ве прашам за нешто друго.

А кој ја запре Русија во ширењето на комунизмот, сепак нивното владеење низ поделената Европа беше десетпати подолго него австриецот со ариевска крв.

Дефинитивно најважниот момент за слободна Европа доаѓа некоја година подоцна, една акција која и денес е тешко да се замисли...Berlin Airlift. 11 месеци снабдување на Берлин од воздух, 5000 тони дневно потребни намирници за жителите на Берлин. И она познатото од Молотов, "Што му се случува на Берлин, и се случува на Германија, она што и се случува на Германија, и се случува на Европа."

Оваа прва "битка" од Студената Војна и тоа како ја одбележува иднината на стариот континент и ја покажува издржливоста и големината на Западните Сили.

Што се случи од источниот дел на Европа, видовме подоцна...
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
Фашизмот е ПОБЕДЕН само од РУСИТЕ, а американците како кукавици им пуштиле атомска бомба и што да прават луѓето се предале, а Русите се бореле без никакви атомски бомби затоа што тие се вистински борци за својата татковина
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Фашизмот е ПОБЕДЕН само од РУСИТЕ, а американците како кукавици им пуштиле атомска бомба и што да прават луѓето се предале, а Русите се бореле без никакви атомски бомби затоа што тие се вистински борци за својата татковина
Русите се бореле без атомски бомби, дека немале атомски бомби :)

Смрт фашизму, слобода комунизму.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
А кој ја запре Русија во ширењето на комунизмот, сепак нивното владеење низ поделената Европа беше десетпати подолго него австриецот со ариевска крв.
Fasizmot-nacizmot, odnosno Hitler.
So svesno prifaten rizik da bidam okvalifikuvan kako vtor ABC, Bog na konspiracijata, mislam deka dosta verojatno e toa. Celata prikaska okolu Hitler mozno e da e toa, sprecuvanje na sirenjeto na komunizmot vo cela Evropa, i sozdavanje na pricina za vlez na Amerikancite vo Zapadna Evropa.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Фашизмот е ПОБЕДЕН само од РУСИТЕ, а американците како кукавици им пуштиле атомска бомба и што да прават луѓето се предале, а Русите се бореле без никакви атомски бомби затоа што тие се вистински борци за својата татковина
Втора светска војна се уче во осмо, а поопширно во трета!
Фашизмот е победен од Американците. Фашизам имаше во Италија, во Германија имаше Нацизам. Има разлика.
И, Американците не пуштија атомска бомба ниту на фашистичка Италија, ниту на нацистичка Германија, туку на Јапонија, која беше монархија.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
И, Американците не пуштија атомска бомба ниту на фашистичка Италија, ниту на нацистичка Германија, туку на Јапонија, која беше монархија.
И јасно нагласиле што ќе се случи со земјите кои нема да се покорат на моќта на сојузниците, нели? Исти ѓавол е... исто како да пуштиле бомба на цел свет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom