Кој бизнис има највеќе профит?

Член од
16 април 2014
Мислења
7.059
Поени од реакции
11.027
Сметам не си во право за ова.
Познавам другари кои буквално со 5.000-10.000 € влог направиле добра заработка низ годините без притоа познавајќи луѓе во УЈП.
Мислам дека во ваквите случаеви е битна идејата. Ако имаш нешто што би се продавало ко алва на времето, имаш шанси за добра заработка.
За болдот. Убаво си пишал ''низ годините''. Времето се менува, интересите на народот исто така.
И зависи во кој град се најдува пријателов, тоа е и те како битно.
Значи под поимот живуркање сфаќам да си работиш лично за тебе и на крајот од месецот да ти излегува една подобра плата, ама да се стегаш од инспекции оти можат лебот да ти го земат и при евентуална подобра казна да не можеш 1-2 год да се исправиш. За до вакво ниво може да стигнеш во секој случај. Ама и на тоа ќе останеш. Ако се накренеш и заработуваш повеќе, други работи излегуваат. И тогаш или ќе испливаш на површина и ќе се појачаш уште повеќе или ќе се зациментираш на ова послабово ниво. Тука треба врски, дудлање и што ли уште не.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Прво проанализирај нешто блиско до твојата професија!
Не бива фризер да бидеш ако единствено што знаеш е вулканизер да работиш!
Второ 20к се малку за инвестиција, тоа може да те храни ако имаш професија, нешто клиенти и си отвориш свој бизнис! Рачунај пола ќе ги изедеш додека да се разработиш.
Трето, Мк е мал пазар и што и да работиш ќе биде на преживување, не очекувај БМВ да купиш па ни после 4-5 години!
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.408

Пак ти кажувам дека не мора да имаш врски иако е препорачливо.
Зборам низ годините, зашто никаде не е возможно ти за краток период и ограничен буџет да создадеш богатство со мал бизнис. А 20.000 € е мал влог.
Битна е идеја, битно е да си истрплив и да работиш напорно. Останатото ќе си дојде.
Бај д веј точно е за градот. Скопје е најидеален.

Еве уште еден ко татко ми. Само негативните работи ти ги кажуваат, те тераат да мислиш дека не треба.
Не слушај вакви зашто цел живот ќе работиш за трошки. Битно е да пробаш па и да не успееш, пари се прават. Ако еднаш си успеал, сигурно можеш повторно.
БМВ се купува и за две години, а за 4-5 и куќа со вистинска идеја.
 
Мали, додека татко ти ги плаќа сметките лесно е да си јак на јазик!
Јас имам фирма веќе 10 години, плаќам даноци, плати, давачки и знам за што зборам.
Можеш и ферари да купиш за шест месеци, не БМВ! Прашање е колку време ќе го возиш.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.059
Поени од реакции
11.027
@SK-92
Ајде кажи што бизниси имаат другарите што успеале толку? Претпоставувам дека се како оние погоре што ги напоменав, да работиш за една подобра плата и да си оставен на милост на УЈП дали ќе ти го земат здравјето или не.
Не сакам име на фирмата да ми кажеш туку со што се занимаваат?

Е сеа овде многу влијае и то а колкави ти се амбициите. Има некој што ќе си вади по 30 000денари и ќе биде пресреќен а има и такви што прават по 1500 евра и не се задоволни поради тоа што не можат да напредуваат.

Значи во ред е да се биде позитивен и да се пробуваат бизниси, не го негирам тоа. Повеќето македонци или пробале 1-2 бизниси максимум или ниеден. Пичкарски сме настроени како народ и се сложувам до некаде дека не треба да се мисли така лузерски. Ама па од друга страна, не треба да се зема за просек и тој помал број на фирми што успеале на тој поштен начин.
Крај краева и другарите можеби не ти кажуваат се, никогаш не можеш да бидеш сигурен.
Во другиве градови успеваат само некои бизниси кои што ептен им се потребни на граѓаниве. Нешто што мора да се купи и без кое обичниот народ не може да живее. Од останативе бизниси, максимум по 1-2 ако има кои успеале. Правам муабет за некои кои што стварно прават пари, не да им излегува по една плата и да се тресат од инспекции.
Зборувам за бутици, кафичи, слаткарници, ланџ барови и слични работи кои што не спаѓаат во нешто без кое обичниот народ не може да живее.
Е тука нема шанси да се пробиеш без она што го спомнав погоре.
 
Едниот е бурекчилница, другиот има фризерница.
Двајцата купија стан за само 2 години и ете возат солидни коли и според тоа они што ми кажуваат е дека некои 1.000-1.200 € им остануваат чисти на месечно ниво.
Немора ова да значи дека и дечково ако ги вложи 20те илјади дека истото ќе го има, ама нема да знае ако не проба.

Мали, додека татко ти ги плаќа сметките лесно е да си јак на јазик!
Јас имам фирма веќе 10 години, плаќам даноци, плати, давачки и знам за што зборам.
Можеш и ферари да купиш за шест месеци, не БМВ! Прашање е колку време ќе го возиш.
Стари, сам си плаќам сметки еве веќе 7 години.
Татко ми и чичко ми имаат бизниси веќе 30 години.
Братучед ми има месна индустрија. Вујко ми е со сопствен бизнис повеќе од 10 години. Кумот има маркетинг агенција која дроби. Познавам уште многу други луѓе со сопствен бизнис кој добро тераат и твоиве бед муабети чувај ги за фамилијарен ручек во недела.
Тоа што твојата фирма е непрофитабилна немора да значи дека ако некој проба да отвори нешто дека ќе заврши на истиот начин како и ти.
Битно е да се проба.
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.129
Поени од реакции
451
Заврши времето на пробање. Малите и средни претпријатија се осудени на пропаст. На големо се работи веќе кај нас.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Заврши времето на пробање. Малите и средни претпријатија се осудени на пропаст. На големо се работи веќе кај нас.
Некои работи ќе си ги работат малите и средните! Работата е што тие работи и услуги големите не ги интересираат, само добивката на малите фирми уште повеќе ќе паѓа!
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Тоа е можеби добар избор, ако имаш некој 5 стана од старт купено.. т.е извини, подарено.

Еден стан, да кажеме во Аеродром, од 60 квадрати кошта во просек 52,000 е. Колку ќе го ренташ месечно? 180евра да речеме да го даваш (што и тоа е многу ама ај).
За да си го вратиш само влогот, ќе ти требаат ~24 години, и тоа секој божји ден да ти биде издаден станот. Далеку од пали-вози..
150e u gjorce izdavav stan 50 kvadrata... u aerodrok sig e 200
 
M

Macedon1um

Гостин
Najdobar biznis ti e izdavanje na stanovi ili delovni prostori... toa ti e nepresuden izvor na prihodi kade sto ne se zamaras.. lokacija skopje zakupci cela provincija, ednostavno pali - vozi
Најдобар бизнис е за градежниците што ги продаваат становите, а недвижнина како инвестиција во Скопје и не е баш паметна идеа % на добивка на вложени средства е многу мал. Да нема замарање многу ама нема ни профит, ако веќе имаш пари за инвестирање во недвижнини има многу подобри опции надвор од Македонија каде што вредноста на недвижноста расте а во меѓувреме зимаш кирии

Дискотека ако немаш грб од власт/полиција ич не ни размислувај, ќе ти е*ат матер секој викенд ќе лапаш огромни казни..
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
7.059
Поени од реакции
11.027
@SK-92
Епа си спомнал бурекџилница.
Види што пишав во постот што ме цитираш. Пишав дека во другиве градови може да успее само некој бизнис кој што е поврзан со активностите кои што се МОРАЛНИ кај обичниот народ. Бурече, геврече секогаш ќе се јаде. И дете од 10години и старец од 75. Ама кафич или бутик дека ќе ти работи без поткрепа, во другиве градови малце потешко. Можеби ќе работиш, ама сигурно нема да правиш 1000+евра. Таму се монополи можам да речам. Еве нека пишат и од другиве градови па ќе се увериш. Во сите градови има по 1-2 поголем кафич кој што се препрскува од профит, а другите живуркаат и дури и газдите си држат смени и си работат. И повеќето од нив се во сопственост на некои кои се поврзани некако со власта.
Имам другар кој што држеше сендвичара покрај училиште. Работеше тој и уште еден вработен. По моја проценка правеше некои си 35-40к месечно, што и не е така лошо.
Ама, знаеш колку фискални пушташе? Од 5000 промет, не повеќе од 1500, иначе летна профитот. Е сеа дали вреди да се тресеш ти со инспекции за месечен приход од 35 000 денари? Еднаш да поминат во 2 години и да те начекаат, заминаа парите од изминатите 2 години. Ами распустот кога ќе фати?
На крајот еден од монополите му отвори конкурентна фирма на 50 метри до него и му пушташе инспекции секојдневно околу големиот одмор.
Чао ќе се видиме работава. И не заборавај, условите за тебе и за некој друг не се исти. Сигурно со толку фирми на татко, чичко итн имаш повеќе шанси за успех отколку некој што работел тутун на нива и сака да отвори нешто. Само не си свесен ти за тоа.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Имам кеш околу 20000 кои ги чувам долго време за да започнам бизнис.
Незнам кој бизнис да го одберам за да нема многу ризик и во кој ке успеам
Јас би ти препорачал да отвориш нешто за храна. Бурекџилница, сендвичара, па дури и слаткара би можел, бидејќи тие се малку.
Тие работи никогаш не умираат, но нели, треба да имаш се квалитетно, иначе паѓаш за една година.

Пример нека ти биде Силбо.
Печката им е само 20.000 евра.
Автоматски споено мислење:

Najdobar biznis ti e izdavanje na stanovi ili delovni prostori... toa ti e nepresuden izvor na prihodi kade sto ne se zamaras.. lokacija skopje zakupci cela provincija, ednostavno pali - vozi
Со 20.000 евра ни пола стан не може да купи. Треба повеќе кеш за таа работа.
Автоматски споено мислење:

Сметам не си во право за ова.
Познавам другари кои буквално со 5.000-10.000 € влог направиле добра заработка низ годините без притоа познавајќи луѓе во УЈП.
Мислам дека во ваквите случаеви е битна идејата. Ако имаш нешто што би се продавало ко алва на времето, имаш шанси за добра заработка.
Не, битна е креативноста. Кафичи има еден куп. Би успеал некој необичен кафич, каков што нема во Македонија.
Имам видено некои во Будимпешта и Барселона, кога ќе ги видиш од прва мислиш никакви се, ама внатре кога ќе влезеш, чекаш на ред за да седнеш. Баш тоа ми се случи во Будимпешта во еден многу добро изкреиран кафич.
Но не би ја споделил идејата и кафичот, бидејќи може утре и јас да отворам таков тип на кафич.
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ili eve ideja, napravi kafic vo italija kako sto pravat sekoj den aperitivo se vika od 6 do 8 imas za 10e pijacka ama jadenjeto e gratis.. ma da poznavajki go kaj nas narodot kakov e za jadenje i gaganje ostanes svorc
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
150e u gjorce izdavav stan 50 kvadrata... u aerodrok sig e 200
"izdavav" ... Друже, ќе се нафати некој, ќе го земе. Муабетот ми е дека многу, многу години треба да ти биле полн за да си го вратиш кешот.. 200евра е премногу за стан (празен) од 50/60 квадрати. Ти ќе го пуштиш 200 у оглас, ќе се нафати некој, дали студенти, дали некој пар, и тоа е тоа. 24 години секојдневно нема да ти биде полн. Зошто? Зошто има да бираш станови/апартмани/гарсоњери по огласиве. За 150евра имаш и наместени станови.. Борба голема е во овој бизнис, многу изназемаа станови, стојат празни и ги рентаат. Се крстат у студентиве од други градови..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom