Дечкото пишал дека сака да вложи 20 000 евра, а некој му дава идеи за купување деловни простори и издавање.
Со 20 000 не можете гарсоњера во ПП на подобра локација да купите, не па стан во СК.
@Big boss15
Заеби такви бизниси како диско, кафич и сл. Ќе те изгорат инспекции или рекет, а и чарот не верувам дека е добар моментално. Не ги гледај ти тие најуспешните дискотеки, затоа што и со далеку повеќе пари ќе бидеш далеку зад нив. И финансиски, и со врски, и со триста други услуги и привилегии ќе бидат пред тебе.
Евентуално ако си од Скопје, може некоја ''добра'' идеа да ти опали и да ти тргне со некој различен стил на кафич. Ко оние ''излет'' или слични на нив. Ги имате еден тон во СК.
Ама колку и да имаш среќа и да те бидува во работата, мораш да стасаш и до другиот крај од приказната. А тоа е гагаџии, рекетари, инспектори и олош кој што ќе ти го турка бизнисот. Дури и останатите кафичи кои што имаат врски ќе ти пуштаат рекетарчина или инспектори со цел да те затворат.
Сум потрошил еден куп време во анализирање на пазарот и отворање на некој бизнис, џабе е. Може да успееш да отвориш нешто со што ќе живуркаш, ама потешко дека ќе стигнеш до големите пари ако не си ти оној кој што пушта инспекции на други.