Кој бизнис има највеќе профит?

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
За 20,000 Евра ако не се лажам сеуште може да се купи помал стан во Неготино (или со здружување средства два пати по толку, баш онака пристоен и опремен)... за година дена (до две најмногу), ќе се бара стан повеќе а наемнините во овој град ќе бидат над 300 Евра!
 
Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.126
Поени од реакции
445

Шо толку Неготино се бара?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Шо толку Неготино се бара?
нема маркетинг. Мала помош: Неготино е на 10км од најголемиот воен полигон во Европа.... а ако е спорен датумот за почеток преговори со EU, не е спорно членството во НАТО....
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Што мислите за инвестирање во недвижнина во Грција на морето сега со регулативите (барем со нашите такво нешто е можно) на северот се разбира некаде до Халкидик... што знамкаде, разбирливо надоле и по островите е изгор.... Слушнав еден чаршиски муабет дека за инвестирани 35-40К, годишен приход од дог со тур-оператори (отстапување на станот од Мај до Окт) се добивале нето приходи од 3-3,500Евра (500Евра нето мес)...!? Што би било поврат на капиталот за некои 12 год ... гледано од нашава ептен мртва бизнис клима....(доколку е навистина така) и не би било многу лошо!?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

И јас се мислев за оваа работа, а и сеуште ја мислам.
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.052
Поени од реакции
1.175
Што мислите за инвестирање во недвижнина во Грција на морето сега со регулативите (барем со нашите такво нешто е можно) на северот се разбира некаде до Халкидик... што знамкаде, разбирливо надоле и по островите е изгор.... Слушнав еден чаршиски муабет дека за инвестирани 35-40К, годишен приход од дог со тур-оператори (отстапување на станот од Мај до Окт) се добивале нето приходи од 3-3,500Евра (500Евра нето мес)...!? Што би било поврат на капиталот за некои 12 год ... гледано од нашава ептен мртва бизнис клима....(доколку е навистина така) и не би било многу лошо!?
колку што знам јас во гејлада даноците на имот се доста високи 3% што по автоматизам значи дека за 33 години ја плаќаш недвижнината уште еднаш.
 
M

Macedon1um

Гостин
колку што знам јас во гејлада даноците на имот се доста високи 3% што по автоматизам значи дека за 33 години ја плаќаш недвижнината уште еднаш.
Ова 3% и нешто ситно мислам беше при купување, ако вреди 100.000 имотот при купување за трансфер плаќаш 3000+ евра.
Данок на имот мислам може да варира од 1 до 12-13 евра во зависност од местото значи за 50 квадрати максимум годишно ќе платиш 650 евра

Но тоа не е се, бидејки треба секако и да платиш данок на приход од издавање до 12.000 на годишно ниво мислам е 15%
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Ако имате среќа и пари, инвестицијата се враќа за 10 до 15 години. Ама има работа и ризици, не е плукни залепи.
Што поскапа недвижност побрзо се враќа.
Данок на имот годишно е 4 евра од м2. Данок на приходи од издавање е 15% мислам, можам да прашам деновиве. При купување има неколку стапки:
1. Ако недвижноста што ја купуваше од инвеститор и е изградена пред 2006, дозволата за градба треба да е до тогаш, данокот е 3.09%
2. Ист е процентот независно од годината на градба ако купувате од приватно лице.
3. Ако е после 2006 данокот на промет е 23%
4. Вкупните трошоци при купување на недвижност изградена пред 2006 или од приватен, заедно со нотари, адвокати, праведувачи и агентска провизија е 10 до 11% од договорената цена.
За поновите е околу 30%
Мој совет ако купувате, само преку озбилна агенција. Не си играјте со посредници на посредниците и познати.
Доколку ве интересира овој вид на инвестиција, можете да ми пишете порака, не наплаќам за совети :D
 
Член од
22 јули 2019
Мислења
16
Поени од реакции
14
Јас мислам најдобро е да се отвори некоја бурекџилница. Тоа е страшен бизнис. Ако мислите нешто напишете забелешки
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
66
Поени од реакции
26
Читам и не можам да поверувам што зборувате, ова не успева - она не успева, овој има ова - оној има она.
Абе и некој нај оптимистички настроен човек ќе го претворите во песимист со овие ваши размислувања, премногу продлабочувате со идеите за биснис или пак не можите да гледате некој да работи и да зема пари да крпи некако да турка низ животот да си купи некое пристојно количе, да се облечи таман, да си појди на одморче една недела во годината да си помини убаво. За ова не ви треба ни 20.000евра, ни некој огромен бизнис план туку треба газ што сака да се испоти и да работи. А ако сакате големи пари како што сите македонци гледаат во небо и чекаат да му падни нешто, за такво нешто ќе треба ептен да се испотите и да имате добра идеа што ќе ја проанализирате и ја почнувате ако пропадни ќе пропадни, ако не ќе успеете во ни еден случај вие ништо не правите седите дома и кукате како ова не успева како она не успева.
Сите бизниси успеваат на некаков начин, ако ептен се закрши работата јебига живот иде даље.
Совет за сите најдобронамерен: Пробувајте бизниси, начини на работа во животот не знаете каде ве чека клучот за среќа и добар живот. Како што напишав погоре, за добар живот не ти треба Порше, најново бмв или незнам вила на водно и триста чуда. Размислете малку пред да кажите нешто, оставете ги луѓето да пробуваат и да направат грешка ако треба, само така ќе научат како во животот следен пат.
Ова ви го зборува доста млада личност со многу прост бизнис и успевам да живеам добро на многу глупав начин, не размислувајте дали ќе биде или не едноставно запнете се и работете и пробувајте ако имате идеи. Не ви треба многу не бидете алчни, само така ќе успеете да направите било што. :)
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.723
Поени од реакции
1.994
Јас мислам најдобро е да се отвори некоја бурекџилница. Тоа е страшен бизнис. Ако мислите нешто напишете забелешки
Што и да сакаш да отвориш мора да имаш некое познавање за тоа... Еве на пример сакаш да отвориш бурекџилница оди почни да работиш прво во некоја околу година дена, гледај, слушај, интересирај се па ако ти фаќа око отвори твоја... Ништо не е како што ви се чини плукни залепи... Значи мора да имаш познавање, да вложиш многу труд, па после тоа инвестицијата може да се врати и тоа добро...
 
Член од
15 ноември 2018
Мислења
83
Поени од реакции
49
Тоа е можеби добар избор, ако имаш некој 5 стана од старт купено.. т.е извини, подарено.

Еден стан, да кажеме во Аеродром, од 60 квадрати кошта во просек 52,000 е. Колку ќе го ренташ месечно? 180евра да речеме да го даваш (што и тоа е многу ама ај).
За да си го вратиш само влогот, ќе ти требаат ~24 години, и тоа секој божји ден да ти биде издаден станот. Далеку од пали-вози..
Jas licno se zanimavam so ova i ne e taka.Za 24 godini ne samo sto kje gi vratis tie 50000 evra tuku i stanot kje kosta povekje.Ako imas vreme za rabota pogolemi pari ima ako go davas kako hostel ali mnogu zamaranje e.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Jas licno se zanimavam so ova i ne e taka.Za 24 godini ne samo sto kje gi vratis tie 50000 evra tuku i stanot kje kosta povekje.Ako imas vreme za rabota pogolemi pari ima ako go davas kako hostel ali mnogu zamaranje e.
И? Пак останува фактот дека ќе чекаш 24 години за влог да си вратиш. Налет и парите и се. Осим ако не ти препишал дедоти едно 200К па да ги играш.

Станот дискутабилно дали ќе кошта повеќе Ако е во зграда која е веќе 10/12 години стара, тогаш ќе биде 35+. Некако слабо се занимаваш со ова..
Не се лесни пари како што мислат сите.
 
Член од
19 декември 2017
Мислења
258
Поени од реакции
318
Разгледај и истражи убаво за Биткоин како инвестиција.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom