Која раса ве опишува ?

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.294
Поени од реакции
5.853
Напишете си реално која раса ве опишува според физички и анатомски изглед и според темперамент. Разбирам дека треба доста самокритичност и самопознавање за ова али е доста интересно за разговор и размислување и тоа е добро. По можност и објаснувајте зошто и според што таа раса која ке ја одберете ве опишува вас и вашето постоење.

Имам прилика првото опишување да е мое па еве ме...
Wystawa_Rybnik_02.10.2011_tosa_inu_1pl.jpg
Расата која најдобро го опишува мојот темперамент и мојот физички изглед е дефинитивно Тоша Ину. Според темпераментот Тоша Ину е Агресивна, Заштитнички настроена, Избувлива, Осетлива, Не подлежи многу на дресура и воспитување, Приврзана е за господарот и е добар родител. Од овие особини се разбира во човечка форма кај мене сличност во темперамнетот е тоа што јас сум приврзан за блиските луѓе и пријателите, Не сакам премногу правила и обуки и сум заштитнички и грижливо настроен кон моите луѓе. Сличноста на физичкиот изглед на оваа раса и мојот физички изглед е многу иста не слична него иста... Високо средно слабо тело со силни задни нозе и просечно мускулесто тело, Силна глава. Најслично на ова сум јас во човечки размер и пропорции.

Ајде да видиме што вас ве опишува и на што наликувате ? Размислете добро и пуштете душа па да читаме. :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Џукела. Физичкиот изглед е менлив како кај овие кучиња, некогаш послаб, некогаш поздебелен, некогаш затегнат. По карактер баш таков, позитивно и другарски расположен, а во животот секогаш наидувам на кретенски луѓе и ситуации со кои морам да се соочам. Ја мразам неправдата, па исто како ова куче што лае и ржи, така и јас се бунам. На овие кучиња колку и да им е тешко, продолжуваат понатаму во животот, со надеж за подобро утре, па така и јас.

:)
 
E

Epsilon

Гостин
Биполарен сум, некогаш добар, некогаш лош... што значи некоја џукела сум.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
Јас знам дек немат Тоша, туку Тоса Ину пес, зато те молам испрај си го имево на песов зш му ја вреѓаш интелигенцијата.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Ако јас добро прочитав, авторот на темата побара да НАПИШЕТЕ која раса ве опишува и зошто, а не да ставите сликички. Така да, ќе ве замолам да ги корегирате постовите, т.е. напишете нови, во спротивно ќе ги избришам сликиве, бидејќи нема поента. Не знае секој каков карактер има песот што сте го ставиле, и зошто баш таа раса ве опишува.
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Каков сопственик, такво куче, ама буквално. :D Јас најмногу личам на моето куче (не можам да кажам Ердел Териер, зошто не сите Ердели се како неа). Двете сме инати, големи инати... Обожаваме животни (секаков вид), неозбилни и незрели сме, сакаме да залутуваме по непознати места и да изиграваме авантуристи. И да, заштитнички настроени сме една кон друга... IMG_20141207_132415.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom