Која македонска вебстрана ви има најубав дизајн?

Топка

Генерал
Член од
21 април 2006
Мислења
1.220
Поени од реакции
2
Jane напиша:
Е што е разликата меѓу портал и сајт???:kajg:
Да, и двете (Веб-портал и Веб-сајт) ја нудат истата услуга. Порталот е всушност вид на Веб-сајт. Или друга дефиниција: Веб-сајт се сите страни, слики и фајлови содржани под еден заеднички домен. На пример, да го земеме www.yahoo.com. Ова е веб-сајт, сите страни под овој домен го прават веб-сајтот. Како и да е, Јаху секогаш асоцира на веб-портал, од проста причина што на овој веб-сајт може да се пребарува интерет мрежата, да се купува преку интерет, да имаш електронска пошта, секојдневно е ажуриран и содржи информавии, вести...
 

Gandalf

Претплатникот не е достапен во моментов
Член од
23 јануари 2006
Мислења
76
Поени од реакции
0
Мене Кајгана у Сафари ич не ми ја отвара, ради неа морав да слегнам Фајрфокс од интерент и да го брукам Мак/от со него.

Mandrak напиша:
Idividi е портал, не е сајт! И не е оптимизиран како што треба и не ми отвора со Opera! Тибам глаучите глупави, така се правело сајт! И се што набројавте до сега се портали.
Ако сакате да видите како се прави сајт, школски пример за добар и успешно направен сајт, видете овде.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Еве едни средношколци кои што се наградени од Стејт департмент за најдобра интернет страница


ОД „ПЕНТИУМ 1” „ИЗЛЕЗЕ” НАЈДОБРА ВЕБ-СТРАНИЦА
„Борбата со сиромаштијата” на наградените делчевци продолжува
Четворицата средношколци што беа наградени од Стејт департмент за најдобра интернет-страница, немаат пари да одат во Вашингтон за да си ја подигнат плакетата

Не можеме да ја искорениме сиромаштијата, но можеме да придонесеме за нејзиното намалување. Водени од ова мото, четворица млади средношколци од училиштето „Методи Митевски-Брицо” од Делчево - Ана Георгиевска, Елена Георгиевска, Жикица Паговски и Зоран Димитровски, ја освоија меѓународната награда што ја доделува американскиот Стејт департмент за најдобро изработена интернет-страница. Со креацијата „Борба со сиромаштијата” www.fightpoverty.mmbrico.com тие „претркаа” 306 пријавени проекти од 46 различни држави. Иако овие надежни младинци посветија цела „мини-студија” на сиромаштијата, сега, кога треба да уживаат во еден своите најголеми успеси, се соочуваат токму со немање пари. Тие немаат сретства да заминат во Вашингтон за да си го земат едниот дел од наградата - плакета, што на победниците им ја доделува лично претседателот на САД или генералниот секретар на Стејт депарментот. Кога во понеделникот коспонзорот на натпреварот, Глобалната мрежа на училишта, ги информирал дека победиле, им кажале дека годинава имаат ограничен буџет и не можат да им го платат патот до Вашингтон.

- Сакаме да ја претставиме нашата држава на таа средба. Да покажеме што знаеме, каков е нашиот проект, но и кои се убавините на Македонија - вели 17 - годишниот Жикица и додава дека вистински успех за тимот е што на интернет-страницата на Стејт департментот стои уставното име на нашата земја.

Во минатата година наградите биле доделени во периодот од 6 до 9 јуни. Менторката на победничкиот делчевски тим, професорката Роза Стаменковска, истакнува дека терминот е променлив па можат да се договорат и за некој друг период. Додека ја изработувале веб-страницата, тие се обиделе повеќепати да информираат некои од министерствата во земјава за својата работа, но не успеале да воспостават контакт. Младинците се надеваат дека нема да бидат заборавени и некој од надлежните ќе им помогне да заминат во САД, каде што гордо ќе се претстават. Во следната недела треба да се сретнат со Џилиен Миловановиќ, амбасадорка на САД во земјава. Освен плакета, секој од нив ќе добие и по 2.000 долари за студирање. Годинава само Ана и Зоран од тимот се матуранти. Ана, која била одговорна за практичната изведба на интернет-страницата, речиси целата работа ја завршила на својот бавен компјутер - „пентиум 1”.

- На училиште имаме многу подобри компјутери, но не можев да минувам толку време таму па многу работев и дома. Имам „пентиум 1” па беше напорно - објаснува Ана, која планира да се запише на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нејзиниот другар и соработник во проектот, Зоран, се' уште не знае на кој универзитет ќе го продолжи образованието, но истакнува дека сака да се посвети на дипломатијата. Жикица и Елена, кои сега ја завршуваат третата години во училиштето, велат дека би сакале четвртата година да ја учат во Америка. Инаку, иницијатор за да учествуваат на натпреварот е токму Елена, која и лани била дел од тим што пријавил проект на овој конкурс, а освоиле четврто место. Годинава младите Македонци ја делат наградата со виртуелно средно училиште од Флорида, САД. Тие истакнуваат дека секоја година се избираат по двајца победници, а во најголем број од случаите еден од најдобрите е училиште од Америка.
На страницата ќе има и македонски приказни
На наградената веб-страницата www.fightpoverty.mmbrico.com младите креатори планираат да постават и лични приказни на Македонци што се соочуваат со сиромаштијата. Велат дека веќе, малку по малку, собираат информации и слики што планираат да ги стават на станицата. Моментално на www.fightpoverty.mmbrico.com сиромаштијата се разгледува како глобален проблем. Текстовите и рефератите се напишани од делчевците, а голем број од податоците се земени од извештаите на Обедините нации.
Андријана Андова
 

SUDBINA

Boss
Член од
20 мај 2006
Мислења
85
Поени од реакции
0
Искрено има некој детаљ што фали во македонскиве сајтови - има нешто што на македонскиве сајтови им фали ама сепак имаме голем напредок. Еве пример: -Кајгана(која ми е најомилена мак. страна) е една од најновите познати сајтови и мислам дека супер им оди на дечките само мислам дека треба да стават уште некој линк на главното мени и накои шаренкасти ефекти за да падне во очи на прв поглед. - Вака само жолто не ми се допаѓа.....Поздрав до целата редакција
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
kajgana mislam deka e najposetuvana a ako sodrzinata e dobro koj glede dizajan na primer staroto yahoo bese poednostavno i pregledno novoto e urnabess
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
сега засега според мене најубав дизајн има кајгана и никој друг. потоа исто така ми се свига и дизајнот на точка но тој не е подобар од кајгана . кајгаина ис д бест.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom