Абе океј е тоа..Па затоа ти велам секој си го управува животот како што сака...The`bItCh напиша:Знам дека ме сака, му верувам и не ми пречи воопшто си кажав и погоре. И јас контактирам со моите бивши .. за нив не чувствувам ама апсолутно ништо, што ако застанам да си направам некој муабет со нив? Тоа се прави од култура, од поштовање, без некои задни намери..
Thats what a talkin abuot!! За таква оспесија зборувам!! Нормално е дека нема ништо да постигнеш ако и се јавуваш на секои пет минути и да и досадуваш , нормално дека ќе и ску*чиш колку и да те сака твојата девојка..Треба да има меѓусебна доверба, а љубомората постои, и е нормално да ја има во одредени граници, бидејќи љубовта не опстојува без одреден степен на љубомора..Ама таа да не прерасне во болна опсесија...ПоздравАнастазија напиша:Љубовта е опсесија! Ама онаа убава опсесија која не исполнува
Тоа со телефонските повици, прашањата и преиспитувањата за се и сешто повеќе ми личи на љубомора отколку на опсесија, а љубомората нормално, најмногу е знак на несигурност.Sweet Barbie напиша:КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ ОПСЕСИЈА И ЉУБОВ?
Значи се ви оди супер, срекни сте, ама одеднаш почнуваат постојани телефонски повици, прашања за секое излегување, караници само заради тоа што сте се поздравиле со некој/некоја дечко/женска. Дали е тоа љубов или само болна опсесија како знак на несигурност?
Или можда на вас ви се случило да реагирате вака. Зашто?
Се сложувам со се` што кажа. Само, за болдираниот дел сакам да искоментирам. Точно дека постојаното такво однесување почнува да пречи по малку. Ама јас сфаќам зошто е тоа така. Кога некого сакаш премногу, најмногу на цел свет, секоја секунда сакаш да бидеш покрај таа личност, постојано да ја гледаш, да ја допираш или едноставно да ја чувствуваш покрај тебе дека е. Доволно е да знаеш дека ти е во близина. Јас не би рекла дека некој би ме замарал доколку ми зборува за личноста што ја сака, баш би ми било мило да слушам како некој некого многу сака бидејќи ретко можеш да ја почувствуваш љубовта. Да, опсесија е, ама слатка опсесија кога знаеш дека некој мисли постојано на тебе и сака да те гледа секој момент.Дивајн напиша:Тоа со телефонските повици, прашањата и преиспитувањата за се и сешто повеќе ми личи на љубомора отколку на опсесија, а љубомората нормално, најмногу е знак на несигурност.
Е сега, разликата помеѓу опсесијата и љубовта? Па што знам ... кога се работи за љубов, мислам дека треба да не исполнува блаженоуспокоено чувство, кога мислиме на партнерот да имаме блага насмевка, да не сме напнати секој момент кога не сме заедно, да не се оптоваруваме со тоа каде е, што прави, со кого е и зошто е, туку со нестрпливост да очекуваме да го видиме само за да сме со него, дека токму тоа го сакаме. Се што е спротивно на ова, значи врзување за гаќи за партнерот, постојано демнеење, моментите со него да ги чекаме само за да го гушиме и замараме, замарање и на сите околу нас со муабети за него и такви слични работи, веќе ми личат на опсесија.
Всучност, тенка е разликата помеѓу љубомората и опсесијата, но меѓу љубовта и опсесијата не баш. Љубовта единствено треба да подразбира позитивни чувства ... доверба, среќа, слобода, исполнетост и.т.н. ...
Хмм...а ако сакаш тој/таа да биде среќен/среќна, и да е твој/твоја?Да, постои разлика..
Љубов е кога сакаш да биде среќен без разлика дали е твој..
А опсесија кога сакаш да биде твој без разлика дали е среќен..
Е ај изјасни се што сакаш....тој или тааХмм...а ако сакаш тој/таа да биде среќен/среќна, и да е твој/твоја?
Верувам дека Агора,сакаше општо да каже,не за него.Е ај изјасни се што сакаш....тој или таа