Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Абе Грција оти го имаше нашиот кондиционен тренер, ене финале игра. Едноставно ни се поклопија коцките, игравме како фурија, имавме среќа која за жал ја изгубивме последните два меча. Со исклучок на мечевите со Црна Гора и Србија, на ова првенство и не покажаа сериозен пристап за да продолжат понатака. Сигурно имавме квалитет за 1/4 финале, ама тоа е. Сега треба по малце да се прави подмладување иако ќе биде мн. тешко. Исто, имаше една маана што могу ми сметаше кај Пипан и во МЗТ, ќе ги победеа најсилните екипи, ќе изгубеа од најголемиот аутсајдер, или ќе изгубеа добиен меч. Веројатно и не беше фокусиран доволно на предизвикот ЕП. Инаку, се надевам дека Докузовски би се вратил да работи во млади категории, а Стефанов би го поставил за селектор на сениорите.
ако гледаме така, не ни треба ни тренер, ни помошници, а ни играчи од светска класа. дај да се собериме форумџииве, па да направиме и ракометна и кошаркарска и фудбалска репрезентација и тн.
се знае каков треба да биде стручниот штаб на секоја репрезентациа, плус ПСИХОЛОГ.
секаде читаме дека над нашиве им бил направен ПСИХОЛОШКИ ПРИТИСОК за уште поголем успех, па тие демек изгореле од желба да успех и психички паднале. ако е така-ни треба психолог.
кондицискиот тренер ни е прекупотребен, се виде зошто во минативе години и сега-за споредба. можеби имавме среќа во литванија, не велам не, ама имавме многу тешки дуели за многу кратко време, па на сите игравме како да ни е прв натпревар-значи БЕВМЕ одлично физички спремни, нешто шо ни фалеше во словенија (меѓу многите други работи).
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.959
Поени од реакции
1.234
:pos::pos::pos:

Тони Симиќ не е најдобар европски кошаркар на сите времиња

Не може да се сокрие големото разочарување кај љубителите на кошарката во нашата земја по оваа, кој знае која по ред, неправда од Европа кон нашата мала но горда нација


Поранешниот македонски репрезентативен центар и миленик на противничките навивачки групи ширум салите во Македонија, Тони Симиќ, не е избран за најдобар европски кошаркар на сите времиња. За жал, тоа признание му е доделено на Дражен Петровиќ од Хрватска. Претпоставуваме во мртва трга помеѓу него и нашиот кошаркар.
Не може да се сокрие големото разочарување кај љубителите на кошарката во нашата земја по оваа, кој знае која по ред, неправда од Европа кон нашата мала но горда нација.
Тони Симиќ во својата блескава кариера има играно за сите големи македонски клубови (што не е случај со Петровиќ кој не играл во ниту еден голем македонски клуб) и иако не успеа да заигра во најдобрата светска кошаркарска лига НБА, ниту да освои трофеј со Македонија на некое големо европско натпреварување, сепак, остави и се уште остава неизбришива трага во европската кошарка.
Овој играч на позицијата центар ретко ќе го видите под кошевите. Обично шутира тројки од табла на истекот на нападот и секогаш има повеќе тројки од скокови, што е за секаква почит, бидејќи ретки се во денешно време таквите центри.
На Симиќ останува да продолжи напорно да работи и да ја исправи направената неправда.

http://www.kozanostra.net/2013/09/19/toni-simik-ne-e-najdobar-evropski-kosharkar-na-site-vremin-a/
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Врбица Стефанов за селектор ќе го бираат овие од мкф. Сега сигурно ќе помине еден долг период на пауза до евентуално припреми за квалификациите идно лето.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682


Војдан успешно ја започна сезоната со Алба Берлин.Го освои првиот трофеј.Победа над Бамберг 79-78 а постигнал 11 коша.

Првиот кош е негов на видеово.

http://www.beko-bbl.de/hot/news/beko-bbl-champions-cup/40838
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
МКФ нешто анализа, отчет за првенствово или тешко. Реков ќе помине време додека да чуеме нешто.
Инаку противниците за квалификации за на ЕП ќе се знаат во ноември
 

Пепи

barca en el corazon !
Член од
2 јуни 2008
Мислења
4.362
Поени од реакции
230
Ф

Флеш

Гостин
Војдан си гази у Алба (y)
Прашање на време е само кога ќе влезе во НБА .... има голем квалитет за во НБА ... во Украина,најдобар,во Германија,најдобар .... Мора во НБА, апсолутно во НБА .... сигурно втор Македонец во НБА ќе очекуваме наскоро .... ВОЗБУДЛИВО !!! :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.036
Поени од реакции
106.833
Прашање на време е само кога ќе влезе во НБА .... има голем квалитет за во НБА ... во Украина,најдобар,во Германија,најдобар .... Мора во НБА, апсолутно во НБА .... сигурно втор Македонец во НБА ќе очекуваме наскоро .... ВОЗБУДЛИВО !!! :)
Не укапирав дали тролаш или не, ама ако не тролаш ќе ти кажам дека си грешка. :) Далеку е Војдан од НБА, да не претеруваме сега. За во Европа е одличен, лично од следната сезона би сакал да го видам во тим што настапува во Евролигата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom