Кошаркарска репрезентација на Македонија

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Два македонски тима во Аба, а само 3-ца македонски играчи настапија овој викенд... ете до таму ни е стигната кошарката.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.098
Поени од реакции
4.938
Ненад Димитријевиќ игра одлично за Хувентуд у прва шпанска лига ,прво против Реал сега и Андора
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Океј изгледа овој Николиќ што игра за Работнички. Им даде добри поени на Соколиве. :D
Е сега, сите 10 тима, да им даваа шанса на по 3ца млади играчи да играат во Прва лига и од нив по 1 играч од секоја екипа да испадне, би имале репрезентација. Ама... :cautious:
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Океј изгледа овој Николиќ што игра за Работнички. Им даде добри поени на Соколиве. :D
Е сега, сите 10 тима, да им даваа шанса на по 3ца млади играчи да играат во Прва лига и од нив по 1 играч од секоја екипа да испадне, би имале репрезентација. Ама... :cautious:
Николич е камен
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.571
Поени од реакции
3.266
Ne e loso resnie, daleku podobro od Ljupco Kapinkov ili Mac Ilievski, no zosto se vrakjame nazad?
Ustvari znam zosto, zatoa sto pretsedatelot tamu ne nosi
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.531
Поени од реакции
3.703
Што се случи со Николов од Турција? Нели се откажа од настап за репрезентација само како револт кон тогашното раководство на КФМ и штом се променела ситуацијата ќе немало проблем да се врати. Еве веќе 2 години како е Пеце претседател, не сум слушнал ништо ново во врска со неговиот евентуален настап за нас.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.432
Поени од реакции
5.555
Ефремовски има некоја шанса ако го вежба шутот да бидне играч, дефанзивата нема да може никогаш да ја исправи, ама некој шутер би можело. Значи да трчи низ 2-3 блока за него и да ја пали чим ја добие топката, има кратко памтење и може да погаѓа во серија не е пичка ко Марко Симоновски. Значи подобра верзија на Марко Симоновски ако му се тренира.

Маслинко главно играње негде може да му биде на свадба или во диско, пиши пропало.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446
https://en.wikipedia.org/wiki/Andrej_Magdevski Isto deckovo se smetashe za golem talent ako ne se lazham beshe vo kampot na Kobe Bryant ?!
Класично дрвце, 3 години ни еден чекор напред нема направено, си игра у Фени сега, класичен македонски "талент". Ке почнат да ги најавуваат ко идниот Врба или Гечевски или Владо, и на крај ке заглават во Македонска лига. Слична кариера ко Бубе Младеновски што ќе има, и што Горјан Марковски веќе има, пиши пропало. Тоа е кога Парадизо ХО и Хавана се побитни од тренинг и теретана :))
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.080
Поени од реакции
1.880
Ве читам на горе за Николов го спомнавте ама такви педерчиња како него не ни требаат во репрезентација па макар и последни во Б дивизија да бидиме ќе го молат него големиот играч тој прдло 20 години уште нема ќе поставува услови ќе играм ако го нема овај и онај такви играчи фала не.
Давитков ќе биди подобро решение за селектор отколку Раца шо беше незнам од кај го довлечкаја него :unsure: а и помочниците на Давитков се добри тренери по мое мислење.
Маслинко и Ефремовски сум оптимист дека можат да станат играчи од таја причина шо имат дечките талент то не е спорно ама и работат со најдобриот тренер во Македонија а то е Марин. Други играчи на кој доколју му се посвети внимание а ни се во нашата лига по мое мислење се:
Филип Бакоч,Даниел Нацевски,Лука Петровски,Јетмир Зекири,Андреј Настовски итн.
Димитријевиќ уште од мало дете си беше машина и машина и си остана го проценија него шпанците дека ќе го биди многу добри партии има во шпанската лига која е една од најквалитетните во Европа па ако сака да игра за Македонија уште ова лето треба да се смета на него какви младинци какви чуда дирек да биди стартен плеј на репрезентација само така се станува играч да го фрлиш во оган уште на млади години да стани лидер нека греши ако греши од грешките се учи. Магдевски и Бубе ветуваја многу како деца ама некако слабо му се развиваат кариерите ама треба да се смета и на нив за во репрезентација посебно на Бубе оти сме слаби на центарските позиции исто така треба да го пробаат и Оливер Двојаковски високо дете е во Шпанија и тој мислам негде игра да го видиме до кај е напреднат и треба еднаш да се престани со форсирање на синови на некои директори,функционери и богаташи ако те бива во ред ако не нема играње бе друже оти некои такви "таленти" се срам за кошарката и се кладам дека Едина Муса би ги побеедила во баскет еден на еден :P
За македонската кошарка шо е падната до ова ниво има премногу за пишење и зборување проблеми има колку и да сакаш. Како прво и федерацијата не ни функционира нешто многу добро постојано е во конфликти со клубовите посебно со КК Куманово а тое не е добро последно кога сум бил задоволен од федерацијата беше кога Даниел Димевски беше претседател (ако се викаше така не ми текнува точно). Како второ да сум јас пола од оние судии шо се во прва лига не се ни блиску за да бидат прволигашки судии ама каква лига такви судии. Трето очигледно е дека се форсираат некои клубови од страна на КФМ нема да именувам кој се тие знајме сите :D
Четврто во лигата нема никаков натпреварувачки жар го нема ни она дерби што беше меѓу скопските ривали се е уништено. Петто инфраструктурата ние катастрофа кога во еден Градски парк неколку дена нема вода нема поќе шо да прајме муабет (се извинувам на битоскиот дијалект така мие полесно) а во 60% од салите на второлигашите се сеуште со гумена подлога. Шесто нема ни кој да испадни од прва лига а па ни кој да влези од втора со исклучок на КК Радовиш оваа пролет кој доколку се работи според најавите ќе биди сериозен клуб. Седмо во лигата ни играат многу подпросечни балкански играчи главно Срби и му го земмат местото на некои деца со кои доколку се работи правилно можеби би станале играчи како тие погоре што ги спомнав премногу имаме странци во лигата мора да се намали на 3 максимум 4 странци во екипа а ова посебно важи за Соколи и МЗТ кој ја имаат претерано со странци но ајде до негде оправдано поради АБА Лига. Има уште многу за пишење нема крај но тука ќе застанам.
Само би сакал уште еднаш барем во животот да доживеам една кожаркарска еуфорија каква што имавме во 2011. Да се потсетиме малце https://www.youtube.com/watch?v=Mr7jJ8KRU1Q
Заменици на овај состав од 2011 во блиска иднина нема да имаме како Владо,Перо,Тоше,Станко и извинете на речникот тие се играчи со мадиња а такви моментално во репрезентација немаме и под хитно да се избркаат некој играчи како Дујковиќ и Тревис и никогаш поќе да не му текни такви да земат па со 230цм треба обрачи да се кршат а не кош од пола метро да неможи да се постигни.
Ни останува само да се надеваме дека барем малку ќе мрдниме од оваа никаква ситуација во која е македонската кошарка и ќе се радуваме повторно на успеси а не е лошо кога би се вратиле барем Самарџиски,Антиќ и Бо Меккелјеб,Трајковски имаат уште што да покажат. :)(y)
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.080
Поени од реакции
1.880
http://sportmedia.mk/kosharka/domashno-prvenstvo/derbi-bez-sjaj-bez-publika-foto-vest

Еве за ова пишував некни на постот малку погоре.
Денешното "дерби" ја отсликува моменталната состојба на мак баскетот. Првото полувреме е дно дна грешки еден куп како аматери да играат кошарка. Посебно па МЗТ неможам да ги гледам со овие подпросечни странци.

П.С. Вратетего Диме Тасовски во репрезентација :P како прероден е како дете од 20 години игра браво мајсторе секоја чест!!! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom