Коцкање како болест

Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Поздрав другар, гледам дека си тотално неписмен. Не ги знам правилата на постите но од аспект на здрав живот таа рутина е добра да се прави 1 на 2 месеци поради чистење на твоето тело од токсини. Тотално е здраво да му правиш стрес на твојот организам така што ќе го одржуваш во добра кондиција цело време. Поздрав и се најдобро.
Абе која рутина, во јули еден ден без вода ќе цркнеш, не па два. Кои токсини ќе ги исчистиш ако не пиеш вода, олово или арсен? :pos:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.563
Поени од реакции
38.684
исто така ладен туш секое сабајле со мраз уште подобро, така не само детоксификација та и психата ќе ја исчистиш од лошите мисли и остали ѓаволи.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.685
Поени од реакции
9.523
Драги другарчиња се зареков во црква дека нема повеќе да се коцкам...Но други другарчиња коцкари нема, да се охрабрат да бидат искрени за да побараат помош барем да пишат тука...
Тие што бараа помош овде на форумов, веќе беа длабоко навлезени во долгови....бадијала е тогаш, форумов не дава пари на заем, така да коцкарот ако си го прокоцка својот живот и на своите најблиски, нема решение...или болница, или затвор...или некој лихвар ќе го претепа или ќе лежи за измама...
Биди истраен до крај на животот, друго нема, други искуства не ти требаат...а и луѓето се љубоморни ако успееш да го надминеш пороков...мислам на другите коцкари, зависници....
Нека ти е со среќа.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.606
Барај помош понуди помош...
Не знам што ти е целта ако сакаш пиши, помогни ако не да си жив(а) и здрав(а)
...прашањето ми беше што те натера токму таа фотка/цртеж да биде покрај твој ник, а никот дополнително да ти биде силен и брз борбен авион?

cosine-graph.gif

...ова е графикот што случајно си го поставил, а кажува многу за твојата состојба.
...средината ти е 0, све што е лево во минус, се како да кажам, лошите работи што си ги правел со промени од лошо полошо, за сам да си помогнеш мора да си ги напишеш на лист или овде ако сакаш да ти биде како потсетник, да види(ш)ме како и каде си погрешил и ти идело лошо и полошо периоди кога си се менувал за 180 степени на полошо или со малку попуштање на малку на лошо повторно со промена од 90 степени.

... 0 средина е состојба која ветува дека ќе може да се иде на десно што е позитивниот дел што треба да направиш да не би се вратил пак во негатива.

...треба да одговориш (напишеш) за негативниот дел:
- од која возраст горе доле си почнал со овој порок.
- колку време го имаш овој проблем на зависност од коцкање (х 2 временски да се вратиш назад во нормала).
- на што се коцкаш и дали има премин од еден вид коцкање на друг или во прашање се игри на среќа или спортска?
- дали имаш друштво кое исто се коцка и кој е кривецот што си почнал да се коцкаш,
- со кого највише се расправаш за овој проблем од твоето потесно или пошироко семејство,
- дали имаш свое семејство,
- дали работаш и колку средства оделуваш за коцкање,
- дали пушиш и пиеш алкохол,
- дали вежбаш или имаш некои спортски активности,
- дали пиеш лекови и кои?
- дали имаш повеќе килограми?
- дали се коцкаш на исто место, на ист начин со исти луѓе,
- дали таму каде што се коцкаш има и женски,
- дали си плачел поради коцка,
- дали си позајмил и колку пати си позајмил пари и кој ти ги даваше?
- дали си побожен човек,
- дали си суеверен и се плашиш од Виша сила,
- дали посетуваш верски објекти,
- дали навечер се молиш за подобро утре,
- дали си преспал во манастир,
- дали некој те истепал поради коцкање,

0 - состојба е таа што мислиш дека си ја достигнал сега со апстиненција од коцкање,

...за да идеме десно во графикот треба да сме сигурни дали навистина имаш лоша навика или веќе си во фаза на психолошко пореметување во фаза на зависност каде поинаку ќе пристапиме, но да видиме колку си силен како борбен авион Миг 1444 како твој ник и да покажеш дека си имал само една лоша навика и си успеал да ја победиш!
П.С.
направи копи пасте на мојот текст и само додади го одговорот во продолжение или било кој друг кој го има овој проблем, можеме и групно да се потрудиме!
 
Последно уредено:
Член од
10 април 2022
Мислења
56
Поени од реакции
65
...прашањето ми беше што те натера токму таа фотка/цртеж да биде покрај твој ник, а никот дополнително да ти биде силен и брз борбен авион?



...ова е графикот што случајно си го поставил, а кажува многу за твојата состојба.
...средината ти е 0, све што е лево во минус, се како да кажам, лошите работи што си ги правел со промени од лошо полошо, за сам да си помогнеш мора да си ги напишеш на лист или овде ако сакаш да ти биде како потсетник, да види(ш)ме како и каде си погрешил и ти идело лошо и полошо периоди кога си се менувал за 180 степени на полошо или со малку попуштање на малку на лошо повторно со промена од 90 степени.

... 0 средина е состојба која ветува дека ќе може да се иде на десно што е позитивниот дел што треба да направиш да не би се вратил пак во негатива.

...треба да одговориш (напишеш) за негативниот дел:
- од која возраст горе доле си почнал со овој порок.
- колку време го имаш овој проблем на зависност од коцкање (х 2 временски да се вратиш назад во нормала).
- на што се коцкаш и дали има премин од еден вид коцкање на друг или во прашање се игри на среќа или спортска?
- дали имаш друштво кое исто се коцка и кој е кривецот што си почнал да се коцкаш,
- со кого највише се расправаш за овој проблем од твоето потесно или пошироко семејство,
- дали имаш свое семејство,
- дали работаш и колку средства оделуваш за коцкање,
- дали пушиш и пиеш алкохол,
- дали вежбаш или имаш некои спортски активности,
- дали пиеш лекови и кои?
- дали имаш повеќе килограми?
- дали се коцкаш на исто место, на ист начин со исти луѓе,
- дали таму каде што се коцкаш има и женски,
- дали си плачел поради коцка,
- дали си позајмил и колку пати си позајмил пари и кој ти ги даваше?
- дали си побожен човек,
- дали си суеверен и се плашиш од Виша сила,
- дали посетуваш верски објекти,
- дали навечер се молиш за пофобро утре,
- дали си преспал во манастир,
- дали некој те истепал поради коцкање,

0 - состојба е таа што мислиш дека си ја достигнал сега со апстиненција од коцкање,

...за да идеме десно во графикот треба да сме сигурни дали навистина имаш лоша навика или веќе си во фаза на психолошко пореметување во фаза на зависност каде поинаку ќе пристапиме, но да видиме колку си силен како борбен авион Миг 1444 како твој ник и да покажеш дека си имал само една лоша навика и си успеал да ја победиш!
П.С.
направи копи пасте на мојот текст и само додади го одговорот во продолжение или било кој друг кој го има овој проблем, можеме и групно да се потрудиме!


Најпрвин да ти се извинам, мислев дека имаш лоши намери...
Миг 1440 не е борбен авион туку сите имаме на располагање 1440 минути од нас зависи како ќе ги искористиме...
Можеби потсвесно значи тоа што го напишавте вие....
Нема проблем да пишувам цел живот искрен сум бил така и сега.
-пред две и пол години почнав да играм апарати претходно само ливчиња спортска поради забава со (период од шест месец апстиненција) пред нова година направив Рецедиф.
-само на апарати се коцкам, порано ги осудував таквите кои го правеа тоа...
-да имам друштво кое се коцка, еден од нив ми предложи да си ја пробам среќата да ставам стотче
-со сопругата, другите од потесното семејство незнаат дека се коцкам
-не пијам и не пушам
-да вежбам и имам спортски активности
-немам вишок килограми
-во моментов не,
инаку сум пиел оланзапин 2.5 и дизепам од 5 мг. и не ми помогнале за да не се коцкам сум ги пиел и претходно за друга психичка болест.
-да и нема женски
- да многу пати имам плачено...
-имам зимано брзи кредити
-скоро сите пости ги постам но повеќе верувам во универзумот (господ тоа е исто според мене)
-на последните пет прашања одговорот е НЕ
Ти Благодарам од се срце што сакаш да ми помогнеш на мене и на сличните како мене.
 
Член од
10 април 2022
Мислења
56
Поени од реакции
65
како си успеал да се коцкаш и за време на пандемија?
-Со маска и поради пандемијата почнав повеќе да се коцкам

кој период во текот на денот се коцкаш?
-претежно наутро и навечер
дали играш и спортска се враќаш на старите навики или чисто само на апарати си упорен!
-Не, многу ретко играм спортска
дали имаш редовен секс со сопругата т.е.коцкањето не ти го ремети тој дел од секојдневието?
-Не ми го ремети тој дел
дали сопругата само се расправа, а не превзела подрастични мерки да те остави и да замине кај мајка и' односно да те казни или да ти биде љута повеќе од месец дена?
-Следен пат рече дека ќе ме остави
дали си продал нешто од дома или нешто си украл за да дојдеш до пари?
-имам земено од дома пари
дали после коцкањето ако добиваш ти се јаде или со жеден или добиваш некој друг нагон или желба?
-многу сум задоволен, среќен, во плус фаза. .


дали ти се тресат рацете ако губиш?
-не многу сум нервозен
навечер кога легнуваш и кога стануваш наутро и дали имаш мирен сон?
-Претежно да,кога ќе изгубам не спијам убаво.

велиш дека си искрен, значи дека не си излажал за да се коцкаш или?
-Да лажам само за коцка и не може да ме препознае сопругата кога и ја кажав вистината

дали носиш златен накит,
Не

дали си ја удрил сопругата поради расправа околу коцкањето?
Не,никогаш нема да го направи тоа за било која причина.
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.711
Помагајќи ми мене им помагате и на слични како мене затоа ги охрабрувам да пишат да си ја кажат својата мака, не ми се верува дека нема слични како мене, на секој чекор има кладилница и коцкарници каде што државата дебело заработува...
Затоа другарчиња пишете заедно ќе го победиме ова зло...
Види другар, јас ќе ти кажам како ги гледам работите од моја перспектива, човек што 1 денар не би ставил на коцка.

Зошто? Зошто на живци ми идат работи што неможам да ги контролирам, кога се коцкаш, тоа се е надвор од твоја контрола, системот дава, системот зима, немаш начин да влијаеш на исходот.

Поготово ако се коцкаш на апарати, тоа што природно треба да биде со 50/50 веројатност да добиеш/изгубиш, веројатноста е испрограмирана на 10/90, ама не во твоја полза. Ако на екранот на апаратот има 4 карти, од која една треба да е добитна, тоа не значи дека веројатноста да добиеш е 1/4 или 25%, многу е помала, сигурно е 1/8 или 1/16, тоа што го гледаш на екранот е само визуелна презентација, и да си ги одбрал останатите 3 карти, сите се во суштина истата карта што носи негативен исход. Програмите функционираат на начин каде добивката/губитокот е алоциран во моментот кога ќе стиснеш Играј/Play/Start или како и да се вика копчето, се после тоа е само анимација, не се тоа физички карти. Многу е битно ова да го имаш во предвид, штом веќе користиш апарати.

Ако не ти се работи како нормален човек, и толку многу сакаш да дојдеш до брзи пари, прави нешто непоштено. Ама нешто каде ќе имаш контрола врз ситуацијата. Пример, пробај и опљачкај банка, стави фантомка, калаш у раце, и све зависи од тоа како ТИ ќе ја изведеш ситуацијата. Ако бидне работата, топ, ако не, јебига, затвор, ама бар ќе ти биде лесно на душата знаејки дека си дал се од себе. Кога се коцкаш ТИ не постоиш, системот одлучува за тебе дали губиш или добиваш, а не ТИ.

Во случај стварно да решиш да опљачкаш банка, ако ти успее глеј таму искоцкај ги и тие пари.
 
Член од
8 април 2022
Мислења
184
Поени од реакции
269
Помагајќи ми мене им помагате и на слични како мене затоа ги охрабрувам да пишат да си ја кажат својата мака, не ми се верува дека нема слични како мене, на секој чекор има кладилница и коцкарници каде што државата дебело заработува...
Затоа другарчиња пишете заедно ќе го победиме ова зло...
Ги има. Не побарале помош. Денес спијат на клупи.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.955
Поени од реакции
54.937
исто така ладен туш секое сабајле со мраз уште подобро, така не само детоксификација та и психата ќе ја исчистиш од лошите мисли и остали ѓаволи.
Лани лето еден другар прочитал дека скандинавците се здрави пошто се бањаат со ладна вода (мислам во ред е ова и јас иам сретнато слични статии и точно е тоа дека ладната вода делува поздраво на телото) и почна и он да се бања со камен ладна вода, и сето тоа е океј во период коа надвор нели е 50 степени и се издржува некако. Овој продолжи така и есента се додека еден ден не се разбуди со пневмонија, бруцелоза, бронхитис, туберкулоза, сида, рак, воспаление на мозокот, инвалидитет и даунов синдром. :D
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.913
Поени од реакции
7.831
Eve moite dve cent:
Jas se kockam 25 god, najmnogu fudbal i vo pomala mera na trkacki konji, Imalo period koga vkupniot vlog na nedelno nivo mi iznesuval nad 1500$. Vo sive ove 25 godini nitu sum se povredil nitu nekogo sum go povredil, dinar ne sum zel na zaem.
Da se preflime na glavnoto, kako pominuva vremeto se pomalce se kockam, i kockanjeto mi e svedeno na ispod minimum, ne zatoa sto sum gubel, ne sum gubel, znam sto pravam, ali se pomalce vreme imam za toa, rabotam od 8-16.30, obicno doma sum kaj 17.00. Posle toa 3-4 pati nedelata gi nosam decata na trening i dodeka se vratam doma e veke 20.00. Posle cel den izlezen skapan sum, ke se napijam 2-3 rakii, vecera edno pivo i jas sum gotov, posle toa nemam sila za kocka, nemam koncentracija a imam pravilo ako ne sum svez ne cepkam takvi visoko rizicni zaebancii.
Znaci da zaklucam, ako sakas da se otkazes od kocka, najdi si nova preokupacija kade vremeto ke ti bide ispolneto da nemas vreme za toa, ni doktor ti treba ni nisto, bidi si sam doktor.
 
Последно уредено:
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.911
Поени од реакции
1.419
Миг 1440 не е борбен авион туку сите имаме на располагање 1440 минути од нас зависи како ќе ги искористиме...
Што значи ова?

Еве јас на пример имам 65 години, по 365 денови, по 24 саати дневно, по 60 минути на саат... дигитронот... 34164000 минути на располагање вкупно, од кои што пола се веќе потрошени.

Значи поделено со 2 ќе ми останат 17082000 минути, од кои што 1/3 треба да отиде на спиење, 1/3 на работа... значи поделено со 3, треба да имам 5694000 минути т.е. 10,83 години слободно време, од него, во просек два саати дневно на патување, два саати на јадење, значи поделено со два значи 5,41 години ми остануваат време да направам се неопходно во животот и меѓу другото, да се избањам и да појдам во WC.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.606
Патолошкото коцкање
е нарушување кое може да има многу разновидни и несакани последици. Од медицинска перспектива, патолошките коцкари се изложени на зголемен ризик да развијат состојби поврзани со стрес, како што се хипертензија, лишување од сон, кардиоваскуларни болести и пептичен улкус.

Вообичаените психијатриски последици од патолошкото коцкање вклучуваат егзацербација и започнување на големи депресивни епизоди, анксиозни нарушувања или нарушувања на употребата на супстанции.

Несаканите психолошки последици може да вклучуваат и интензивни нивоа на вина и срам, измамнички практики и зголемена импулсивност/нарушено одлучување.
Конечно, социјалните последици од патолошкото коцкање можат да бидат огромни, честопати почнувајќи од вклучување во правниот систем до изгубена продуктивност на работа до затегнати меѓучовечки односи.
Оваа статија ги разгледува последиците од патолошкото коцкање и ќе ги запознае лекарите за ментално здравје со ова психијатриско нарушување.

„...Во текот на последните 20 години, легализираното коцкање во Соединетите Држави се прошири до точка каде што е достапно во секоја држава освен Хаваи и Јута.
Како резултат на тоа, американското општество го трансформираше коцкањето во една од најголемите форми на забава во денешното популарно културата.
Американското здружение за игри известува дека казино-индустријата генерирала приближно 72 милијарди долари бруто приходи во текот на фискалната година 2003-2004 година, што е драматично зголемување од 25 милијарди долари генерирани во 1995 година.

Во споредба со другите рекреативни активности, продажбата на цигари генерирала 22 милијарди долари годишно додека продажбата на дигитални видео дискови (ДВД) изнесуваше вкупно 25 милијарди долари.
Стапките на учество во коцкањето во текот на минатата година се пријавени дека се блиску до 80 проценти од возрасната општата популација.
Со зголемувањето на достапноста на коцкањето, имаше истовремен пораст во прифаќањето на коцкањето.
Во 2004 година, коцкањето стана дел од мејнстрим Америка преку популарноста на телевизиските покер турнири, фантастични спортови и интернет коцкањето. Една од најпопуларните идеи за продажба на празнични подароци за време на празничната сезона во 2004 година беше стоката поврзана со коцкање, имено покер чипови и домашни казино игри....“

Коцкањето е дефинирано на различни начини, но најдобро може да се опише како „да се стави на ризик нешто од вредност на исходот што се должи на случајноста“.
Традиционалните форми на коцкање вклучуваат казино игри, спортско обложување, играње карти и лотарии.
Тековните концепти за коцкање опишуваат спектар на однесувања поврзани со коцкањето, од рекреативно до патолошки.
Поголемиот дел од возрасните кои се коцкаат го прават тоа на социјална основа и не наидуваат на долгорочни или трајни проблеми поврзани со коцкањето.
Коцкањето трае ограничено време и има однапред одредени прифатливи загуби. Овој тип на коцкачко однесување, познат како социјално коцкање, се смета дека претставува 80 до 85 проценти од луѓето кои некогаш се коцкаат.

Следното ниво на вклученост во коцкањето може да се опише како проблематично коцкање: оние кои се коцкаат и покрај проблемите во нивните животи предизвикани од коцкањето. Тие може да вклучуваат коцкари кои губат повеќе пари од планираното, кои поминуваат значително време на коцкање или кои може да го изберат коцкањето како примарна форма на рекреација, често на сметка на други алтернативни активности (на пр., летување само на дестинации за коцкање).

Концептуално, оваа категорија е слична на злоупотреба на алкохол и се смета дека ги претставува коцкарите кои се изложени на ризик да станат патолошки коцкари. Тековните епидемиолошки истражувања сугерираат дека до 3% од возрасната популација на САД се вклопува во оваа категорија, иако останува да се развијат формални критериуми.

Најдеструктивна форма на вмешаност во коцкањето е патолошкото коцкање, за кое се смета дека опфаќа приближно до 3% од општата популација, стапка на преваленца слична на биполарното растројство и шизофренија.
Патолошкото коцкање, исто така познато како компулсивно коцкање или нарушено коцкање, е признаено ментално растројство кое се карактеризира со шема на континуирано коцкање и покрај негативните физички, психолошки и социјални последици.
Тоа е наведено во DSM-IV како нарушување на контролата на импулсите и има 10 посебни критериуми, од кои некои се слични на зависност од супстанција, како на пр. толеранција, повлекување и повторена неспособност да се намали однесувањето.

Покрај критериумите за DSM-IV, постојат неколку психометриски валидни скрининг инструменти кои можат да му помогнат на клиничарот да ги идентификува пациентите со ризично однесување на коцкање. Тие ги вклучуваат прашалниците South Oaks Gambling Screen и Lie/Bet.8,9 И двата може лесно да се применат во кој било амбиент за третман на ментално здравје и се покажа дека се многу чувствителни во откривањето на проблеми поврзани со коцкањето.
И покрај ова, патолошките коцкари често не се препознаваат во општиот третман за ментално здравје, па дури и кога бараат третман, има само ограничен број специјалисти за третмани за коцкање на располагање.

Со оглед на неговата зголемена достапност и количината на внимание што коцкањето го посветува медиумите, законодавните тела и индустријата, истражувачите неодамна почнаа да го испитуваат коцкањето на формален начин

За да се исполнат критериумите за патолошко коцкање, мора да се исполнат 5 од 10 критериуми, покрај тоа што коцкањето не е директно предизвикано од супстанција и не се случува во средината на манична епизода.
Постојано и повторувачко неадаптивно однесување на коцкање (потврдено повеќе од пет опции):

1.Преокупација со коцкање (на пр., преокупација со преживување на минати искуства со коцкање, хендикеп или планирање на следниот потфат, или размислување за начини да се добијат пари со кои ќе се коцка).

2. Потреба да се коцка со зголемени суми на пари за да се постигне саканата возбуда.

3. Повторени неуспешни напори за контрола, намалување или запирање на коцкањето.

4. Немир или раздразливост кога се обидувате да го намалите или прекинете коцкањето

5. Употреба на коцкање како начин да се избега од проблеми или да се ослободи од дисфоричното расположение (на пр., чувство на беспомошност, вина, анксиозност, депресија)

6. По губењето пари на коцкање, често се враќа некој друг ден за да се израмни („брка“ загуби)

7. Лажење на членовите на семејството, терапевтот или другите за да се скрие степенот на вклученост во коцкањето

8. Извршување незаконски дејствија, како што се фалсификување, измама, кражба или проневера, за финансирање на коцкање

9. Загрозување или губење на значајна врска, работа или можност за образование или кариера поради коцкање

10. Потпирајќи се на другите за да обезбедат пари за да се олесни очајната финансиска состојба предизвикана од коцкањето.

Последиците од патолошкото коцкање се протегаат низ биопсихосоцијалната перспектива и може да вклучуваат финансиски загуби, влошување на емоционалното и физичкото здравје, правни проблеми и меѓучовечки тешкотии.
Некои од овие последици може да бидат трајни, додека други имаат тенденција да се решат бидејќи однесувањето на коцкањето е контролирано.

Биолошки последици од патолошкото коцкање

Неодамнешните студии почнаа да го испитуваат влијанието на патолошкото коцкање врз мозокот и телото и покажаа изменети невробиолошки процеси.

Она што останува нејасно е дали овие биолошки промени се директна последица на коцкањето или дали постоеле пред почетокот на коцкањето.

Како и да е, истражувањето на биолошките компоненти на патолошкото коцкање ќе доведе до подобро разбирање на процесот на зависни однесувања бидејќи не постојат невротоксични супстанции, како што се кокаин или метамфетамин, за да се мешаат толкувањата или да се објаснат абнормалните однесувања.

Работата за невровизуелизација сугерира мозочните региони вклучени во патолошкото коцкање, слични на оние кои се вклучени во нарушувањата на употребата на супстанции.
Неврохемиските студии имплицираа промени во допаминот. серотонин и норепинефрин системи на патолошки коцкари и концентрациите на допамин биле пониски во цереброспиналната течност на патолошките коцкари во споредба со контролните, но дека нивоата на неговите метаболити 3,4-дихидроксифениоцетна киселина и хомованилна киселина биле повисоки, што укажува на зголемено ослободување на допамин во мозокот.

Резултатите од студиите за серотонин кај патолошките коцкари се измешани, при што некои студии покажуваат зголемени нивоа, а други покажуваат намален метаболизам, откриле зголемена норадренергична активност кај патолошките коцкари преку зголемени нивоа на метаболитот на норадреналин, 3-метокси-4-хидроксифенилгликол, во CSF на патолошките коцкари.
Токму како овие неврохемиски разлики придонесуваат за патолошкото однесување на коцкање бара дополнително проучување, но се смета дека тие влијаат на индивидуалните одговори на наградата, импулсивноста, учењето и самоконтролата.

Здраствена состојба од патолошко коцкање

Покрај биохемиските промени, патолошкото коцкање може да влијае на општата здравствена состојба.

Патолошките коцкари често пријавуваат продолжени сесии на коцкање кои можат да траат некаде од неколку часа до два или три дена директно, често без спиење или храна.
Влијанието на овој вид физички и емоционален стрес може да биде драматично.
„... Една студија за причините за смртните случаи во казината во Атлантик Сити во Њу Џерси објави дека мнозинството се поврзани со срцето, што укажува и имплицира на стресот како преципитирачки фактор. Во оваа студија, беа разгледани смртните случаи поврзани со казино (бројот на патолошки коцкари не беше пријавен) од 1982 до 1986 година: 398 луѓе починаа во казината и од нив, 330 беа ненадејни срцеви смртни случаи....“

Кај многу патолошки коцкари, зголемените нивоа на стрес не се ограничени во казино, особено како што напредува текот на патолошкото коцкање.

Како резултат на ескалацијата на долгот, ќе има зголемена итност за коцкање заедно со трошење повеќе време и енергија вклучени во коцкањето и прикривање на коцкањето - сето тоа заедно, ова може да создаде услови на хроничен стрес што ќе доведе до физички последици, како на пр. како хипертензија, кардиоваскуларни болести, пептичен улкус и егзацербација на основните медицински проблеми.

Покрај хроничниот стрес, патолошките коцкари се покажаа дека имаат абнормален одговор на акутен стрес, во казината, патолошките коцкари имаат поголема веројатност да имаат повисоко ниво на стрес хормони (кортизол и зголемена HPA-активација) во споредба со непатолошките коцкари.
Ова покажува дека патолошките коцкари може да имаат биолошки разлики во стресот, одговорите на коцкањето и на околината за коцкање. Понатамошни студии треба да ги испитаат последиците од продолжените и зголемени одговори на стрес кај патолошките коцкари, особено нивната улога во релапс.

Недостатокот од сон е уште една честа последица на коцкањето.
Ова често се создава преку 24-часовен пристап до казина и еколошки контроли кои го кријат текот на времето. Ефектите на лишувањето од сон врз медицинската и психијатриската благосостојба се опширно документирани на друго место и најчесто вклучуваат моторни и когнитивни нарушувања, лабилност на расположението и имунолошки дисрегулација.

Патолошките коцкари може да бидат особено чувствителни на ефектите од лишувањето од сон бидејќи може да станат поимпулсивни или со поголема веројатност да се коцка без да обрнува големо внимание на основните стратегии. До денес, имаше недостиг на истражувања за ефектите од лишувањето од сон кај патолошките коцкари. Една прелиминарна студија за патолошки коцкари објави дека во просек се губат 32 часа сон месечно поради доцна коцкање (коцкање пред вообичаеното време за спиење) и дека просечниот број на часови сон изгубени поради коцкање бил 69 часа месечно.

Друга индиректна последица на патолошкото коцкање е зголемениот ризик за развој на нарушувања на употребата на супстанции, што пак би ја зголемило веројатноста за медицински проблеми.
Забележано е дека стапките на зависност од алкохол и зависност од никотин се многу повисоки кај патолошките коцкари во споредба со општата популација.

Околините во казината може да придонесат за овие зголемени стапки поради достапноста на бесплатен алкохол и пасивно пушење, овие фактори, заедно со особините на импулсивност, стресни ситуации и личности кои бараат високи награди, се фактори на ризик за развој на нарушување на употребата на супстанции.
Коморбидитетот е важно клиничко прашање бидејќи овие пациенти најверојатно ќе бидат потешко да се лекуваат и потешко да се задржат во третманот, секојдневните пушачи кои почнале да се лекуваат со коцкање имаат многу поголема веројатност да имаат посериозни проблеми со коцкањето, како и повеќе психосоцијални тешкотии, покажувајќи ја моќта на коморбидните состојби.

Исхрана при патолошко коцкање

Една последица на патолошкото коцкање која бара повеќе проучување е нејзиното влијание врз нутритивниот статус, обрасците на исхрана и стапката на дебелина.
Прекумерното јадење е поврзано со особини на импулсивност и јадење за справување со животните стресори.
Постојат слични клинички карактеристики забележани кај патолошките коцкари, особено губењето на инхибиторната контрола и континуираното однесување и покрај негативните последици кои сугерираат дека може да има некои заеднички етиолошки компоненти.
Сепак, во овој момент, не постојат познати студии кои ја испитуваат тежината или начинот на исхрана на патолошките коцкари. Сепак, може да се теоретизира дека патолошките коцкари имаат поголема веројатност да се вклучат во прекумерно јадење и да имаат повисоки стапки на дебелина од очекуваното врз основа на достапноста на храна (шведска маса и бесплатни оброци), особини на импулсивност и предиспозиција да бараат итни награди.

Второ, бидејќи коцкањето е седечка активност, продолженото коцкање веројатно дополнително ќе придонесе за ризикот од дебелина.


Немедицински последици од коцкањето

Покрај медицинските последици од патолошкото коцкање, во тек е работа за разбирање на ефектот на патолошкото коцкање врз невропсихолошките перформанси, патолошките коцкари имаат поголема веројатност да имаат дефицит во вниманието и функционирањето на фронталниот лобус.

Има малку дебата за невротоксичните ефекти на супстанците на злоупотреба врз мозокот; метамфетаминот, марихуаната и кокаинот постојано се покажаа дека имаат невротоксични ефекти врз перформансите на животните и луѓето.

Суштинско прашање што треба да се испита е дали однесувањето на коцкањето може да биде невротоксично за мозокот или не, откривањето дали овие невропсихолошки дефицити биле присутни пред или по почетокот на патолошкото коцкање ќе биде интригантна област на идно истражување.

Накратко, патолошките коцкари имаат поголема веројатност да пушат, да пијат алкохол, евентуално да се прејадуваат, да бидат лишени од сон и да страдаат од повисоки нивоа на акутен и хроничен стрес. Заедно, овие последици од патолошкото коцкање може драматично да влијаат на морбидитетот и смртноста на патолошките коцкари. Идните студии треба да ги разгледаат здравствените профили на патолошките коцкари и како тие се засегнати од напорите за превенција и ран третман.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom