Коцкање или дрога - кое е полошо?

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Прашањето на темава е ШТО Е ПОЛОШО и нема потреба од знак на равенство кога станува збор за болеста на зависност...но коцкарот и наркоманот ќе можеш да ги разликуваш по изгледот..коцкарот бара финансии за да се коцка, да игра а наркоманот бара финансии за својот живот да го коцка, својот физички изглед да го уништи..како и да е, мислам дека ако некој родител би требало да бира за своето дете од овие два порока, сигурно дека би ја одбрале коцката како подобро зло.
Што му фали на Џек Николсон, да не случајно се поубави мажите во Мк на негови години? Зборам за мажите кои не конзумираат. Немој да судиш според амбалажата.
Јас уште не можам да сфатам како може коцката да е полоша од дрогата. Освен хероинот. Тоа е проблемот, што синоним за дрога вам ви е хероин.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
Што му фали на Џек Николсон, да не случајно се поубави мажите во Мк на негови години? Зборам за мажите кои не конзумираат. Немој да судиш според амбалажата.
Јас уште не можам да сфатам како може коцката да е полоша од дрогата. Освен хероинот. Тоа е проблемот, што синоним за дрога вам ви е хероин.
Па земи прочитај на интернет кои се последици, ризици и симптоми од конзумирање на дрога, дали дување, вбризгување, шмркање...а потоа спореди ги со симптомите и последицити по здравје на коцкарите, па ќе видиш:)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Прашањето на темава е ШТО Е ПОЛОШО и нема потреба од знак на равенство кога станува збор за болеста на зависност...но коцкарот и наркоманот ќе можеш да ги разликуваш по изгледот..коцкарот бара финансии за да се коцка, да игра а наркоманот бара финансии за својот живот да го коцка, својот физички изглед да го уништи..како и да е, мислам дека ако некој родител би требало да бира за своето дете од овие два порока, сигурно дека би ја одбрале коцката како подобро зло.
... паааа, не би се сложила со ова констатација, оти зависи во кој стадиум е коцкањето и зависи личноста каде ќе застане или ќе иде до крај!

1565369970253.png

...првиот стадиум е коцкање од забава заради добро поминато друштво и забава и тука не е важно кој добива или губи и парите воопшто не се важни и вакво коцкање нема негативни последици ниту по околината ниту по здравје, ако се застане до тука!
... кога коцкањето создава промени во секојдневниот живот во негативна конотација во секоја сфера на секојдневието и во финасиите тогаш веќе имаме појава на пролематично коцкање!

1565369942185.png

... доколку проблематичното коцкање, веќе толку навлезе во секојдневниот живот на личноста која веќе ја губи контролата тогаш зборуваме за патолошко коцкање кое според меѓународната класификација на болести спаѓа во група на пореметување на однесување и контрола на импулси и нагон и отсуство за прекин на извршување на таква активност (F63.0).со што самата личност која се коцка има чуство на напнатост и возбудување пред самото коцкање за на време на самото коцкање истата личност веќе чуствува релаксираност и задоволство!

1565370000129.png

... после коцкањето доколку „се изгуби“ некогаш доаѓа кај личноста до појава на каење и чувство на кривица со тоа личноста која се коцка навлегла во првата фаза на патолошко коцкање-психичка зависност!

1565370306049.png 1565370403161.png

... кога личноста која се коцка нема професионална помош да се извлече од ова болест доаѓа до следна фаза, каде телото веќе зависи од таква потреба на релаксирање и возбуда за да ги истисне секојдневните проблеми кои создаваат несоница, немир, нервоза, главоболка, и тука веќе телото „тера“ личноста да се коцка и тука веќе е крајната фаза на физичка зависност од коцкање!

1565370081782.png

... така да, ако личноста не добие професионална медицинска помош заедно во соработка со неговото семејство, тоа патолошко коцкање навлезено во негова психа и физичка зависност е во состојба неразумно да се однесува, да посегне по незаконски методи и постапки да дојде до таа негова психо-физичка зависност коцкање, што воопшто не е далеку споредбено со личност кој зависи психо физички од дрога или силни психотропни супстанции, подеднаква е зависноста и последиците на тој зависник и неговите постапки кон околината, домашните и кон себе!
...и токму такво размислување, дека мајката повеќе би одбрала „коцкање“ наместо „дрогирање“ од двата порока за својот син, укажува на опасноста на ова зависност од коцкање што не е веднаш видлива психо-физичката зависност како кај дрогирањето!

1565369904191.png

што мислиш играњето спортска прогноза не спаѓа во ова болест на зависност од коцкање? зависи во која фаза е „играчот“ во забавна рекреативна фаза, психична зависна фаза или комбинирана психо-физичка зависна фаза на болеста!
... така да двете се лоши, нема издвојување за полошо!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
... така да двете се лоши, нема издвојување за полошо!

Знаеш дека јас не обожувам многу да пишувам и да објаснувам, мрза голема сум за тие работи а во овој лучај не се ни осмелувам на тебе, медицинско лице со огромно познавање да ти ги кажувам разликите помеѓу овие два порока, две големи зла...

Дрогата делува на мозок, плуќа, репродуктивни органи, срце, моторни фумкции и тако даље ...и скоро секој наркоман има хепатит.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Знаеш дека јас не обожувам многу да пишувам и да објаснувам, мрза голема сум за тие работи а во овој лучај не се ни осмелувам на тебе, медицинско лице со огромно познавање да ти ги кажувам разликите помеѓу овие два порока, две големи зла...

Дрогата делува на мозок, плуќа, репродуктивни органи, срце, моторни фумкции и тако даље ...и скоро секој наркоман има хепатит.
Јао човече, извини, во кој век живееш ти? Знаеш ли колку видови на дроги има? Знаеш ли прво колку глупаво звучи самата тема, поставена е како да се работите црно бели, а има толку нијанси измеѓу.
Секој наркоман имал хепатит? За што зборуваш ти, за и.в. вбризгување на хероин? Ти кажав јас убаво дека ти и повеќето на темава, резонирате од крајност во крајност, односно дрога за вас е само хероин. Знаеш ли ти самата по дефиниција на наркоманија колку наркомани има во градов? Пола град се наркомани, рака ставам иако не сум праел анкета. Знаеш ли што е кокаин, знаеш ли што е марихуана, пример? Дали знаеш еден Марадона колку години, или Џек Николсон и пола Холивуд колку време конзумираат кокаин? Ти личат на физички пропаднати особи, би ги споредила ли со некој зависник што оди на метадонска терапија? Си чула за викендашко дрогирање? По дефиниција и тие се наркомани. Па јас средношколец кога бев 90 посто од врсниците или пиеја алкохол или пушеа трева за викенд, за појаки работи не знам. Ќе кажеш дека полошо е некој еден џоинт неделно да испуши од некој што си ја коцка целата плата со која треба семејството да си го прехрани месецот? Зашто едниот по дефиниција е наркоман другиот е коцкар.

Мислам, стварно е глупа темава.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Темава служи за да се појават неинформирани и утепани луѓе и да можат да ги покажат, за да ги видиме, своите предрасуди, незнаење и утепаност. За да можат класично, селски да ги дезинформираат неискусните, а ние да им се смееме.
 
J

joli1

Гостин
Како некој што конзумирал психоактивни супстанци рекреативно и како некој што моментално работи во кладилница (се надевам дека нема уште многу долго), сметам дека коцката е и те како полоша од дрогата.

Прво и најосновно, мора сите да сфатите дека користење психоактивни супстанци во модерација (не многу често и не во големи дози), а притоа да се информирате добро (r/drugs, erowid, psychedsubstance на youtube) не носи опасност или опасноста/штетата е минимална.

Во случајот со коцката, при многу често играње мозокот се репрограмира и играчот станува зависен од игрите и од адреналинот (што е иначе случајот со апаратите). Сум имал шанса на моето работно место да разговарам со голем број играчи од кој добар дел од нив се зависници од коцка со години и нивните приказни се стварно жални. Од коцкање на илјадници евра, позејмување пари од лица од кои што не би сакале да позејмувате, крадење, фамилијарни проблеми како резултат на нивното деноноќно играње, итн. Со мои очи сум видел како од ,, само 100тка за забава'' се преточило во full-blown зависност. Зависноста од коцка е сериозна психичка болест.
Во врска со тикетите, познавам лица кои што знаеле да стават по 30к евра на тикет (сингл), па и да добијат дупло од тоа, но ниту еден од нив не познавам што е во плус. Еден дури што играше големи суми на тикети (30к-50к денари по тикет) при разговор со него ми потврди дека е во минус 100к евра.

Во врска со агресивност и недостиг на општа култура, дефинитивно почеста појава кај коцкарите.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
^Тој што работи у центар за зависници од дрога, обратно збори.
 
J

joli1

Гостин
Во центар за зависници од дрога најчесто завршуваат лица кои користеле опијати или стимуланси и тоа прекумерно, а не некој што викендашки ќе се задржи во WC подолго или ќе испафка јоинт или два со друштво. Затоа и пишав у модерација.
 
B

Beginner

Гостин
Би рекол дрогата знам млади луѓе и возрасни што имат завршено во лудница заради таа "квалитетна" дрога. Младите ја користат премногу овде колку од нив ке се откажат а колку ке продолжат тоа е друго. За разлика коцката кога ке ги изгубиш сите пари или ке ти дојде паметот или ке го допреш дното. Ама секако од дрогата имаш трајни последици на мозокот и од коцката има стресови ама не е исто.

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.627
Случка од пред два три дена: имам еден школски другар кој случајно го сретнав пред 2 - 3 месеци, видно сменет, ослабен, исушен, а беше баш тип топ дечко во средно, најубав во класот. И така почнавме да се дружиме, еднаш неделно кафе да пиеме, и полека дознавав за него работи кои се дешавале изминативе години од средно навака. И така призна дека е тежок коцкар, но и зависник од трамадоли веќе 14 години. Пробав да го убедувам, ама џабе, на крај си викам да си ја гледам мојата работа. Не ми беше срам со него кафе да пијам, викам сепак е човек и му треба друштво. На 2 3 пати му помогнав нешто ситно финансиски, не ги врати парите, а не ни очекував.
Пред некој ден ми пратил порака дали имам вишок телефон, неговиот се расипал, па да користи нешто дур си купи нов за еден месец. Му го дадов телефонот, и му напоменувам - користи го колку сакаш, не мораш да ми го враќаш, само помини кај мене еден ден, зашто на телефонот има слики од ќерка ми кога се роди и кога беше многу мала, да ги ставам на компјутер. Вика не бе, ќе ти го вратам наредниот месец.
Наредниот ден поминувам во моето старо маало, кај еден другар на кафе да се видиме, и ме застануваат телефонџиите и ме прашуваат дали случајно некој ми има украдено мобилен. Одма ми светна за што се работи. Господинот наркоман коцкар, сакал да го продаде телефонот за мочани 300 денари, ама овие виделе мои слики и никој не сакал да му го купи. Му се јавив, ми го врати, и има среќа ќотек што не му дадов, ама жал ми беше зашто е како стапче слаб. Размислував како е можно да е толку ретардиран, и се си мислам дека го продавал за дрога да земе, а не за да се коцка. Јасно ми е и зошто тие на опијати и опиоиди се најдолен слој на општеството, не треба воопшто за луѓе да се сметаат, гниди паразитски. Што е најстрашно, работи во Министерство за транспорт и врски и економски добро стои, покрај неговите, со плацови и станови.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Што му фали на Џек Николсон, да не случајно се поубави мажите во Мк на негови години? Зборам за мажите кои не конзумираат. Немој да судиш според амбалажата.
Јас уште не можам да сфатам како може коцката да е полоша од дрогата. Освен хероинот. Тоа е проблемот, што синоним за дрога вам ви е хероин.
Не би рекол дека е само хероинот опасен.На запад а и веќе и кај нас има синтетички дроги кои се многу поопасни од хероинот!Ко на пример кристал метот мамата му ја е.а на зависниците во Америка.
 
Член од
17 ноември 2019
Мислења
59
Поени од реакции
38
Zavisnost,kocka,droga,allkohol.... te unistuva i fizicki i duhovno.Se gubi vrskata so realnosta,ne se biraat sredstva za da se zadovoli strasta.Tie luge se vo druga dimenzija i ne znam covek dali da gi zali ili da gi kudi.Izborot da bidete do niv i za niv e pogresen,izgubeno vreme osven ako navistina ocenite deka sakaat da se promenat,mnogu mal procent se tie.Tesko na nsjbliskite postepeno ,,umiraat,, i tie.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...и двете се подеднакво опасни и погубни...и затоа се примамливи :)
...крајниот резултат е повеќе од катастрофален
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Koцкар - доколку е фамилијарен човек го загрозува животот не само својот туку и на целото семејство...
Коцкар се што има од дома продава, ја продава колата, мебелот, белата техника, мобилниот, компјутерот, после некое време и куќата ја продава...
Коцкар зема кредити од 3 банки. Пример 1.000 евра од Тутунска, 1.000 евра од АД Стопанска, 1.000 евра од Шпаркасе. Зема заеми и од лихварите. Зема заеми и од роднини, пријатели... Е сега некој ќе ти даде одредена сума заем во илјади евра, ама ќе ти се закани ако не ми ги вратиш парите до тој датум комплет цела фамилија ќе ти ја убијам...Е сега такви работи нема кај нас ама ги има во држави каде што се најопасните мафии(Мексико, Средна Америка, Латинска Америка, Италија, Турција)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom