Случка од пред два три дена: имам еден школски другар кој случајно го сретнав пред 2 - 3 месеци, видно сменет, ослабен, исушен, а беше баш тип топ дечко во средно, најубав во класот. И така почнавме да се дружиме, еднаш неделно кафе да пиеме, и полека дознавав за него работи кои се дешавале изминативе години од средно навака. И така призна дека е тежок коцкар, но и зависник од трамадоли веќе 14 години. Пробав да го убедувам, ама џабе, на крај си викам да си ја гледам мојата работа. Не ми беше срам со него кафе да пијам, викам сепак е човек и му треба друштво. На 2 3 пати му помогнав нешто ситно финансиски, не ги врати парите, а не ни очекував.
Пред некој ден ми пратил порака дали имам вишок телефон, неговиот се расипал, па да користи нешто дур си купи нов за еден месец. Му го дадов телефонот, и му напоменувам - користи го колку сакаш, не мораш да ми го враќаш, само помини кај мене еден ден, зашто на телефонот има слики од ќерка ми кога се роди и кога беше многу мала, да ги ставам на компјутер. Вика не бе, ќе ти го вратам наредниот месец.
Наредниот ден поминувам во моето старо маало, кај еден другар на кафе да се видиме, и ме застануваат телефонџиите и ме прашуваат дали случајно некој ми има украдено мобилен. Одма ми светна за што се работи. Господинот наркоман коцкар, сакал да го продаде телефонот за мочани 300 денари, ама овие виделе мои слики и никој не сакал да му го купи. Му се јавив, ми го врати, и има среќа ќотек што не му дадов, ама жал ми беше зашто е како стапче слаб. Размислував како е можно да е толку ретардиран, и се си мислам дека го продавал за дрога да земе, а не за да се коцка. Јасно ми е и зошто тие на опијати и опиоиди се најдолен слој на општеството, не треба воопшто за луѓе да се сметаат, гниди паразитски. Што е најстрашно, работи во Министерство за транспорт и врски и економски добро стои, покрај неговите, со плацови и станови.