C R E S
Chelsea Fan!
- Член од
- 30 јуни 2006
- Мислења
- 3.515
- Поени од реакции
- 1.266
Постојат реални шанси во Бразил да настапи фудбалската репрезентација на Косово,на која ќе и биде дозволено учество на квалификациите на почетокот на 2012-објави Курир.Текстот почнува со реченицата:Се подготвува нова шлаканица за Србија.
"Според информациите до кои дојде нашиот весник,на неодамнешниот состанок на УЕФА присуствувал голем број албански тајкуни.Набргу дознав дека учеството на Косово на квалификациите за СП е веќе готова работа.ФИФА неофицијално дала зелено светло,а се очекува да ги признае и УЕФА.Голем противник на признавањето на ФСК е претседателот Мишел Платини,па Албанците чекаат избори следната година и смена на челната позиција на УЕФА за да го спроведат својот план во дело“ -пишува Курир,повикувајќи се на извор во УЕФА.
Во Фудбалскиот сојуз на Србија тврдат дека тоа не е можно,зашто квалификациите за Мундијалот во Бразил почнуваат наесен 2012.Но,Фадиљ Вокри го тврди спротивното.
-
Тоа е неминовна работа.Реалност!наголемо работиме на тоа да учествуваме на квалификациите и не гледам зошто не би го сториле тоа.Косово е признаено од 71 држава досега,од кои повеќето се фудбалски сили,чија желба е нашата репрезентација да биде член на УЕФА и ФИФА.-вели поранешниот играч на Партизан и сегашен претседател на ФСК.
-
Би сакал во нашиот прв квалификациски циклус за СП да бидеме во група со Србија.Тоа би ги намалило тензиите.Целта на фудбалот е да ги спојува луѓето и државите.Голема желба на луѓето од ФСК е да играме пријателски натпревар со вашите Орли-вели Вокри.
Извор : http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=46&egId=5&eventId=66962