Косово: Зголемени плати за 30-50%

Член од
26 септември 2012
Мислења
8.046
Поени од реакции
6.655
И Косово ќе ги отпише долговите на граѓаните и компаниите

Косовската Влада одлучи да се отпишат сите долгови што ги имаат граѓаните и компаниите што се настанати до 31 декември 2008 година.

Според првичните проценки, се работи за 500 милиони евра долгови. (даноци, струја, парно греење, вода, казни ..)
---

Ова е добро, кога и онака не успеале досега да ги наплатат тие долгови.
кое добро ?? парите се слеани во локални тајкуни кои ќе изиграваат џелати и ќе мислат дека се бесмртници затоа што ја заебале државата и народот и во иднина мислат истото да го прават.........треба сите во затвор да ги пикнат и да го остават народот чесно да работи...........ова било добро и оправдано :bravobe:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.091
Поени од реакции
15.952
Германска пратеничка: Косово ги тероризира соседите како Македонија, цела влада им е од бившата ОВК (ВИДЕО)

„Целата влада на Косово е составена од припадници на бившата УЧК. Во сенката на германскиот тенк, обновената терористичка организација ги покрива со терор и соседните земји како што е Македонија. Членовите на ОВК што неодамна загинаа во Македонија, на Косово беа закопани како херои“, рекла германска пратеничка и добила громогласен аплауз.

Севим Дагделен, пратеничка од турско потекло од партијата на крајната левица Ди линк, на 19 јуни говорејќи на седница на Бундестагот за барањето на германската влада и НАТО на германскиот контингент на КФОР на Косово за уште една година да му се одобрат уште 45 милиони евра, рекла дека Бундесверот на Косово е присутен 16 години, а ниедна од целите не е остварена.

„Целата влада на Косово е составена од членови на ОВК. Во сенката на германскиот тенк оваа обновена терористичка организација ги покрива со терор и соседните земји како што е Македонија. Членовите на ОВК што неодамна загинаа во Македонија, на Косово беа закопани како херои, на гробиштата на мачениците, во присуство на високи претставници“, рекла Дагделен и истакнала дека Косово станало регион во Европа од каде што заминуваат најголем дел борци за Исламска држава во Ирак и Сирија.

„Се регрутираат пред очите на НАТО и војската што таму ја испративме. Мислам дека Германија не може да продолжи да ги поддржува големоалбанскиот национализам, ОВК и терористичките центри што на на Косово, во регионот и на Блискиот Исток носат насилство и терор. Косово стана оружарница на Европа, таму системот е длабоко корумпиран, а стотици илјади Срби, Роми и други малцинства мораа да го напуштат регионот“, рекла Дагделен, повеќе пати предизвикувајќи громогласни аплаузи.

Партијата Ди линк има 64 пратеници во германскиот Бундестаг од вкупно 631. Целиот говор на Дагделен, „КФОР, враќање на меѓународното право“, кој го пренесоа и некои српски и албански медиуми на Косово, е објавен на нејзината официјална веб-страница.



избор: http://www.mkd.mk/makedonija/germanska-pratenichka-kosovo-gi-terorizira-sosedite-kako-makedonija-cela-vlada-im-e-od

 

Kajgana Shop

На врв Bottom