Корупција

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Корупцијата е секаде околу нас. Не е присутна само во Македонија туку во целиот свет. Таа е една од главните негативности во една правна држава.
Корупцијата е навлезена секаде од државните органи, а најмногу во судството, здравството, образованието, и во секоја компанија и секаде околу нас.
Ние живееме во свет кој што го вртат парите. Имаш пари и имаш се.
Научени сме од мали да живееме со митото и корупцијата. А и сите сме биле дел од некоја корупција. Сите како мали сме им поклонувале подароци на наставничките и потоа одма поголема оцена. А огромен е бројот на студенти кои плаќаат за одреден испит. Голем проблем тука кај нас е и вработувањето, а самото тоа е екстремно поврзано со корупцијата. Плати нешто, изврши некоја дејност и ќе ти се даде добро работно место.
Дали ви смета вас корупцијата? Постои ли начин воопшто таа да се искорени?
Мене ми смета премногу, но не знам дали баш постои начин таа да се уништи. Таа е секаде. Кај богатите посебно, кај сиромашните исто така, во големите и развиени земји каде што успешно се прикрива, а распространетоста е огромна посебно во оние земји во развој. Таа секогаш ќе биде една црна дамка во секоја правна држава, тешко дека некогаш ќе го надминеме тој проблем. Единствено е можно кога парите не би го вртеле светот и кога не би постоле. А во следните илјадници години тоа нема да се случи.
Значи треба да се научиме да живееме со корупцијата, да ја гледаме околу нас, па и самите всушност сме дел од неа.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.504
Поени од реакции
1.721
корупцијата ти е нормална работа, но не е убава
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Еве денеска на вести кажуваат дека од 105 сме рипнале на седумдесет и некое место, ама каде се гледа тоа? Според кој критериум се оценува тоа? Ај пробај некаде без корупција, ај вработи се некаде без да примениш било каков начин на корупција...
 
H

HITCH

Гостин
Од Маковеј се очекува ефикасен лов на корумпираните

Од поранешниот романски министер за правда Моника Маковеј се очекува да ја повтори романската приказна - ефикасен лов на корумпираните и здобивање на симпатиите од Брисел.
Еднаш и успеа. Таа беше клучна личност што ја одведе Романија во Европската Унија. Во следните две години ќе го советува Груевски.
„Се дискутираше за она што е досега направено, за тоа што треба да се направи и се договоривме на кој начин ќе го водиме овој работен процес“, изјави Моника Маковеј, советник на Премиерот за борба против корупцијата.
„Очекуваме сериозни резултати на планот на борба против корупција, затоа што госпоѓата Маковеј во своето досегашно работење на позициите што досега ги имала покажа исклучителни резултати“, рече Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.
Маковеј, правник од Букурешт, пред да стане министер била адвокат, па обвинител. Не припаѓаше на ниедна политичка партија, и кога стана министер за правда на крајот на 2004-та и откако замина.
Брзо се здоби со симпатиите на Брисел кога решително пред суд ги изведе романските корумпирани обвинители, судии и политичари. Истовремено, бараше и се избори и за независно обвинителство од власта.
Брисел и даваше целосна поддршка, но не беше уверен дека еден министер е доволен како рецепт за решавање на корупцијата. Тоа се покажа точно по нејзиното заминување и напуштањето на концептот.
Неодамна Унијата до Букурешт и Софија прати предупредувачки тонови дека замрела антикорупциската борба.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=81216
 

Спирка

Чорбаџиска Кучка
Член од
1 октомври 2008
Мислења
394
Поени од реакции
14
Корупцијата постои секаде и секогаш. Таа ни е веќе одамна одомаќинета во човековата психа. Но едно нешто иритира - секогаш кога се спомнува зборот корупција се мисли на неразвиените земји, а што зарем во САД нема корупција? - Секако дека има, но таа е вешто замаскирана. Како и да е треба да постои борба против корупцијата, но се ми се чини дека таа никогаш нема да се искорени како појава во општеството.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Корупцијата е менталитет кај нас. Кога ке се искорени тој менталитет тогаш и корупцијата.
 

Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Begaj bre.Korupcija vo nasava drzava na sekoj cm mozes da ja vidis i osetis!NE cini toa,ne sfakaat lugevo!!!!:nenene::nenene:
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Begaj bre.Korupcija vo nasava drzava na sekoj cm mozes da ja vidis i osetis!NE cini toa,ne sfakaat lugevo!!!!:nenene::nenene:
Ајде еве, ти како млад човек, кој ќе се среќава со администрацијата понатаму, кажи што треба да се направи за да, колку-толку, се искорени?
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Јас тоа со Маковеј никогаш нема да сфатам.
Како може една Романка да ги открие апашите кога тие се откриени и активни во секојдневната ни социјала веќе 18 години.
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
41
Поени од реакции
1
Да корупцијата е околу нас и треба да се преземат мерки.Со корупција не се постигнува ништо добро,овие што го одобруваат тоа на пример денес ке има корупција утре пак другиот ден пак,но неможе цело време така да продолжи,зошто од друга страна на други им прави штета ,тоа денес може нема да се осети, но подоцна тоа ке влијае негативно врз целото општество.Така да луѓе размислете добро за корупцијата.Ова влада како никоја досега влада првзема засилени мерки и акции за сузбивање на оваа т.н.општествено зло и резултатите веќе и се гледаат(патарина,подрачни министерства,болничките установи,).Разбирам дека оваа појава тешко може да се искорени но,барем е намалена во завидно ниво за што и самата влада пофалби од европската комисија.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Korupcijata odi raka pod raka so ovoj sistem kako kancer na sistemot zelbata za profit go vodi voj sistem ama nekoi gresno razbrale ne treba so korupcija da se zbogatis tuku so rabota trud inovacija...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Корупцијата е секаде околу нас. Не е присутна само во Македонија туку во целиот свет. Таа е една од главните негативности во една правна држава.
Корупцијата е навлезена секаде од државните органи, а најмногу во судството, здравството, образованието, и во секоја компанија и секаде околу нас.
Ние живееме во свет кој што го вртат парите. Имаш пари и имаш се.
Научени сме од мали да живееме со митото и корупцијата. А и сите сме биле дел од некоја корупција. Сите како мали сме им поклонувале подароци на наставничките и потоа одма поголема оцена. А огромен е бројот на студенти кои плаќаат за одреден испит. Голем проблем тука кај нас е и вработувањето, а самото тоа е екстремно поврзано со корупцијата. Плати нешто, изврши некоја дејност и ќе ти се даде добро работно место.
Дали ви смета вас корупцијата? Постои ли начин воопшто таа да се искорени?
Мене ми смета премногу, но не знам дали баш постои начин таа да се уништи. Таа е секаде. Кај богатите посебно, кај сиромашните исто така, во големите и развиени земји каде што успешно се прикрива, а распространетоста е огромна посебно во оние земји во развој. Таа секогаш ќе биде една црна дамка во секоја правна држава, тешко дека некогаш ќе го надминеме тој проблем. Единствено е можно кога парите не би го вртеле светот и кога не би постоле. А во следните илјадници години тоа нема да се случи.
Значи треба да се научиме да живееме со корупцијата, да ја гледаме околу нас, па и самите всушност сме дел од неа.
Сиромавиот, двојно плаќа... Корупцијата е принцип на функционирање на лешовите кои не се квалитетни и не се трудољубиви. Јас не сум леш. Јас никогаш, ама ниту еден единствен пат, нема да платам ни еден денар плус на некој кој е на позиција и кој наводно " може да ме контролира ". Сум била во ситуација, кога на лекари кои спасувале животи на членови на моето семејство, сум им давала подароци. Но, чисто затоа што јас сум сакала, а не затоа што некој ми побарал. Тоа не е мито. Дали ќе даваш или земаш мито, е принцип, ако еднаш пробаш и успееш, продолжуваш до крај. Затоа не треба воопшто да се практикува.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Корупцијата е секаде околу нас. Не е присутна само во Македонија туку во целиот свет. Таа е една од главните негативности во една правна држава.
Корупцијата е навлезена секаде од државните органи, а најмногу во судството, здравството, образованието, и во секоја компанија и секаде околу нас.
Ние живееме во свет кој што го вртат парите. Имаш пари и имаш се.
Научени сме од мали да живееме со митото и корупцијата. А и сите сме биле дел од некоја корупција. Сите како мали сме им поклонувале подароци на наставничките и потоа одма поголема оцена. А огромен е бројот на студенти кои плаќаат за одреден испит. Голем проблем тука кај нас е и вработувањето, а самото тоа е екстремно поврзано со корупцијата. Плати нешто, изврши некоја дејност и ќе ти се даде добро работно место.
Дали ви смета вас корупцијата? Постои ли начин воопшто таа да се искорени?
Мене ми смета премногу, но не знам дали баш постои начин таа да се уништи. Таа е секаде. Кај богатите посебно, кај сиромашните исто така, во големите и развиени земји каде што успешно се прикрива, а распространетоста е огромна посебно во оние земји во развој. Таа секогаш ќе биде една црна дамка во секоја правна држава, тешко дека некогаш ќе го надминеме тој проблем. Единствено е можно кога парите не би го вртеле светот и кога не би постоле. А во следните илјадници години тоа нема да се случи.
Значи треба да се научиме да живееме со корупцијата, да ја гледаме околу нас, па и самите всушност сме дел од неа.
Тоа имаш пари имаш се не е баш така.Тука би го цитирал јас еден легенда од човек кој што е многу повозрасен од мене и материјално многу богат.Имено кога неговите пријатели му рекле имаш пари имаш се, тој им одговорил имам пари немам се, еве машкиов полов орган не ми работи кај имам се :).Инаку корупцијата постои тоа е факт кој што е очигледен, и ние не можиме да бараме рај на земјава пошто тоа сега засега не е можно.Инаку парите не го вртат светот туку физичките закони го прават тоа.Парите се обичен лист шарена хартија на кој ние луѓето му даваме одредена материјална вредност, често се дури преценети во нашиов живот.Уште како бебиња во колевка ни оставаат пари и со тоа не учат на најголемата лажна вредност во ова опшество.Разбирам јас дека ако немаш пари можи и да гладуваш, но премногу креативна енергија трошиме околу проблемот со парите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom