Корупција во високото образование (Апсења на Економскиот факултет)

  • Креатор на темата Goldie
  • Време на започнување

Дали сметате дека има корупција во високото образование ?

  • Да

    Гласови: 171 92,4%
  • Не

    Гласови: 7 3,8%
  • Незнам

    Гласови: 7 3,8%

  • Вкупно гласачи
    185
G

Goldie

Гостин
Со цел да не се разлева дискусијата во други теми како темите за сјо, актуелните протести и слично ја отварам темава каде што може да се дискутира за корупцијата во високото образование.

Шест професори на Економскиот факултет во Скопје, еден демонстратор и сопственикот на бифето на Факултетот се осомничени за корупција - примање и давање поткуп, противправно посредување и злоупотреба на службената положба и овластувања. Полициска акција под кодно име „ЕРАЗМУС“ се уште трае. Се претресуваат 13 локации и тоа и на факултетот и во кабинетите и во домовите на осомничените. До сега е приведен само професорот Бобек Шуклев а според одредени информации осомничен е и високо позициониран член на МАНУ (Таки Фити можеби ?)
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.111
Поени од реакции
8.899
Корупција имало од кога постои високото образование, и не е само Економски изолиран случај. Се надевам дека ќе продолжат со истрагата и за другите факултети.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ќе си ги ископирам тука мислењата од темата за СЈО поврзани со случајот.

Море гајле ми е од која партија се или дали е наместно, голем дел од професорите и вработените на УКИМ се тешки комплексаши и исфрустрирани кретени.

Треба и на правен малце да прошетаат, да почнат од тие кокошките на студенски па нагоре, се мислат сите до еден дека се богови а студентот треба како некој роб без поговор само да се покорува како ќе му кажат.
А какви прикаски сум слушал за економски, таму имало и пострашни работи, така да ич не сум изненаден од акцијава.

Патем, кажав дека со корупцијата и проблемите во високото образование треба да се расчисти, но да се потсетиме малце каква галама се крена кога го уапсија Темелко, па демек патриот, едини градоначалник во туѓина, па бил болен па пред децата го апселе маскирани? А се сеќавате како Миле и Бркатата дојдоа во судот, како господа, ни лисици, ни специјалци ни ништо.

Што е поената со шетање цела специјална единица со автомати по факултетскиот капмус, порака дека МВР пак е вратено во „прави“ раце?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Дека корупција има во високото има, ама дека сега е моментот да се расчисти е многу симптоматично или да не речам, вие апсите наши, сега ние ќе апсиме ваши.
Само ако може да се кажат кои се и да се види да не случајно се поврзани со СЈО и моменталните политички настани, ако е така тогаш ептен од небо се гледа што срање од акција на МВР
 
G

Goldie

Гостин
Не верувам.
Нема друг од професориве со тие иницијали, инаку чисто онака ме интересира од студенти кои студирале на ЕК стварно и Таки Фити е дел од професорите што зимаат пари за да положиш испит ? Или ја користат само ситуацијава да го оцрнат во јавноста - иако нема да го осудат на крај откако почна јавно да ги критикува политиките на сегашната влада
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
181
Поени од реакции
593
Ја мислам дека ова БС е Бобек Шуклев. Другите иницијали не се совпаѓаат, а он денес беше главна ѕвезда. За овој И.Ј мислам дека е Игор Ивановски асистент му беше на Драги од годинава и проф. Друг професор со тие иницијали нема на економски, веројатно има некоја грешка..
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.506
Ја мислам дека ова БС е Бобек Шуклев. Другите иницијали не се совпаѓаат, а он денес беше главна ѕвезда. За овој И.Ј мислам дека е Игор Ивановски асистент му беше на Драги од годинава и проф. Друг професор со тие иницијали нема на економски, веројатно има некоја грешка..
Помислив и јас на Шема, им биле пратени на латиница и од BS пишале Б С, кој аматеризам
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.604
Поени од реакции
81.267
С.Р. = Славе Ристоски
Т.Ф. = Таки Фити
Д.Ј. = Драги Јанев
 
Ф

Флеш

Гостин
Права постапка,конечно да се тргне со фаќање на оние лица кои се како мафија здружени по факултетите.Правен,Електро итн. ДА НЕ ЗАСТАНАТ САМО НА КИМ !!!

И на тој во Битола и на тој во Штип.Целосно чистење.

Можеа археолози,цариници,администрација,полиција.Тука е следна етапа.

А и некако е поврзано е со Таки Фити,член на Сдсм.Мислам дека е претседател на Академијата.Неодамна многу нападно одеше против Вмро.Може акцијава е решение да утепаат 2 муви со еден удар.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Не знам зошто е потребна анкетава кога и пилците знаат за корупцијата во образование.

Иначе да се само пари добро ќе е, има одредени професори кој за преодна оценка бараат сексуални услуги.
И додека го чепкаат образованието нека поминат и до здраството, бидејќи таму е полошо. За секој извршен зафат, докторите си бараат солидна сума на пари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom