- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 19.595
- Поени од реакции
- 34.787
Terapija istoto sto si go napisal, megjutoa toa si go pijam stalno, ne bese ordinirano od maticen, ne primav antibiotici.
...не знам колку сте запознати, ама ете да напишам неколку реда околу ова „редовно земање на цинк“ во име на покачување на имунитетот, што со тоа оправдување дека треба подолг период да внесуваме цинк за да имаме одличен имунитет?Cink 30mg
Pretpostavuvam ova e standardnata terapija?
...од сите начини и можности за подобрување на имунитетот го знаеме само тој начин со внесуваме на готов суплемент „цинк“ во подолг период или како пишува SaltNPepa „го пијам стално“, односно ние не внесуваме со исхрана цинк, па не е доволно тоа? односно кој е тој „од око“ да ни каже дека токму ни недостасува цинк, па имунитетот ни е паднат, па мора да го надополнуваме со суплементи со Цинк секој ден по 30 мг!?
...дали сме запознати дека секогаш ова форсирано подолготрајно дополнување на „цинк“ е исто така честа причина за дефицит на „бакар“?
зошто?
едноставно цинкот и бакарот во нашиот стомак се натпреваруваат кој повеќе да се апсорбира, а замислите секогаш победник е цинкот, а бакарот не се апсорбира поради доминација на апсорпција на цинкот.
- па што?
- па ништо, НО ако НЕ се апсорбира бакарот и телото доаѓа до дефицит на истиот, а тој е многу важен за формирање на меланин кој е важен за пигментацијата, па и бојата на косата, па после се чудиме ако по извесен период се појават бели влакна на косата, а ние сеуште млади да ни биде присутно макар едно бело влакненце!
па ќе речете добро, ќе ја фарбаме косата, НО нискиот бакар делува и во промени во нашето тело кое може да доведе до нарушување на нашето здравје како појава на „Pancytopenia“ каде сите крвни телца ќе ни се намалат, па соодветно на тоа ќе имаме намалено ниво на (црвени) еритроцити па ќе идеме во состојба на некоја анемија, па ќе се намалат (бели) леукоцити па ќе идеме во состојба на некоја леукопенија, па ќе се намалат и (плочки) тромбоцитите па ќе идеме до некоја состојба на тромбоцитопенија,
...и сето тоа од страв дека имаме слаб имунитет, односно да го подобриме имунитетот, па внесуваме повеќе цинк отколку што треба, зошто се внесува и со исхрана, па дополнително со доза суплементи, па тоа ниво на цинк го „тепа“ бакарот кој не се асорбира, па со тоа телото доаѓа до дефицит на бакар кој пак доведува до претходните спомнати болести на крвта!
...затоа цинк точно во одреден период на можеби посебна состојба на телото, недела, две и толку не разбирам што е тоа „редовно“ ?
...ете спомнав претходно, од многуте причини на намалени леукоцити можеби една би била и токму зголемен внес на „цинк“ на сметка на неапсорбирање на бакар кој доведува до намалени леукоцити (леукопенија).Нешто за подигање леукоцити... се работи за особа со 2.10 10^9/L leukociti
Последно уредено: